Совети околу мотоцикли

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Информација за форумските мотоциклисти кои не стасале да се информираат околу најголемиот и најважен мото-настан во Република Македонија, членови на клубови или поединци, сеедно:
http://motori.com.mk/sodrzini/novosti/domasni-vesti/2449-21-vo-moto-reli-makedonija-nezavisnost
-Кој ќе одлучи да учествува, ќе се дружиме и возиме 3 дена заедно низ нашата убава татковина :)
 
може не е за тука прашањето но доколку купам на старо мотор без документи дали може после да се извадат и како ?
 
Неможеш да извадиш ако нема сообраќајна и на нотар да се преведе на твое име па да извадиш сообраќајна на твое име
имам и јас еден мотор од другар мој го купив му ја изгуби сообраќајната, таа беше на име на некоја жена и сеа отидена у странство нема наоѓање
едино можеш ако имаш некој јак човек што работи во тој дел па да ти извади сообраќајна ама се тоа е на црно
на бело неможе
 
може не е за тука прашањето но доколку купам на старо мотор без документи дали може после да се извадат и како ?
Чекај сега не лупај на памет. Едно е да купиш мотор на старо со сообраќајна, друго е да купиш мотор без неа. Кај нас едно пола од моторите се на странски табли, а увозот е нешто сличен како за кола, само се плаќа еден куп акциза пошто ги сметаат моторите како луксуз. Затоа ги возат по чикмаци и не ги увезуваат. Мада таквите полицијата има право да ги конфискува. Така да најубо е ко ќе купуваш мотор да бараш да биди со сообраќајна дозвола и регистерска табличка (макар регистрацијата да е помината).

имам и јас еден мотор од другар мој го купив му ја изгуби сообраќајната, таа беше на име на некоја жена и сеа отидена у странство нема наоѓање
Јас ја загинав 3 пати сообраќајната од моторот... мада ми беше регистриран, си отидов културноо фино, си кажав број на таблица, ме упатија да платам во службен весник оглас дека сообраќајната е неважечка и ми напишаа нова. Така да треба да се растрчкаш тро појќе, неможи заради загината сообраќајна моторот преку ноќ да стани див.

едино можеш ако имаш некој јак човек што работи во тој дел па да ти извади сообраќајна ама се тоа е на црно
на бело неможе
Неможи такво нешто... за да ти издат сообраќајна, мораш да имаш
1. увоз на половен моторцикл од странство (со сите давачки платени тинтири минтири се по пропис)
2. фактура дека си го купил од Фиљан продавница која е увозник на тие мотори за македонија.

Поинаку, негледам како.
 
Јас ја загинав 3 пати сообраќајната од моторот... мада ми беше регистриран, си отидов културноо фино, си кажав број на таблица, ме упатија да платам во службен весник оглас дека сообраќајната е неважечка и ми напишаа нова. Така да треба да се растрчкаш тро појќе, неможи заради загината сообраќајна моторот преку ноќ да стани див.

Да ама моторот бил на твое име или на некој од твоите
овдека моторот е на име на жена (која го купила за малиот) и сега ја нема во МК отидена е во странство
таа треба да ја пријави сообраќајната како изгубена, па да издадат нова па тек тогаш да се префрли на нов сопственик
 
Шојма врска на чие име е моторот... ти со табличката од возилото имаш право да бараш да ти издадат нова сообраќајна дозвола.
 
Абе се распрашуваше другаров одеше ваму таму неможеа
ај ќе отидам до амсм и слично ама сигурно нема да ми дадат пошто не е на мое име сообраќајната
 
Доволно е само некаква потврда да земеш од тој што моментално е на негово име моторот дека не е украден заверена на нотар и не би требало да има проблем за ре-издавање на нова сообраќајна.
 
Дали има некоја продавница во скопје што продава гума за правење на дихтони (значи парче високо температурна гума за дихтони, па јас да си исечам што ми треба после)??
 
Шојма врска на чие име е моторот... ти со табличката од возилото имаш право да бараш да ти издадат нова сообраќајна дозвола.
оооо... и те како има врска... ако не е на твое име, неможеш да вадиш нова сообраќајна.. ке ти рече тој таму ти не си сопственик и нема за тебе... ако е така, ја ке идам за комшијата колата ке извадам нова сообраќајна... и ќе ја злоупотребам а он ќе го јаде... а неговата ќе ја пријавам за изгубена, автоматски кога ке го заустави полиција за контрола он ке има неважечка сообраќајна дозвола и ете ти проблем... значи зади тоа, неможе да се вади дупликат сообраќајна ако не е на твое име...
 
Е незнам баш како оди целата процедура... мада треба да издаваат, пошо одиш таму сосе возило, го носиш на лице место.
 
На другаров не му даваа сообраќајна нова иако го имаше моторот, таблицата и купопродажен
 
Е тоа е веќе секс... ако го има уште сето тоа, негледам која е причината да не му се издаде дупликат сообраќајна.
 
Зошто ја нема старата сообраќајна и незнам точно дали и договорот бил проблем пошто од жената на дечко продаден па на другаров
глупости наши кога веќе имаш се тоа да им покажеш не гледам причина
секако или ќе остане за делови или ќе го продадам и така имам 3 моментално
се распрашував ама на чисто нема да дадат, а неам толку јак некој таму што работи да издаде нова да штампне :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom