Фан Клуб: Челзи

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
Хулк, Кавани, сега и Фалкао... многу напаѓачи ќе ни се фатат :eek:
 
H

HoT IcE

Гостин
Знаев, само чекав кога ќе продефилира ваква шпекулација за Фалкао низ нетот, еве го моментот, како и да е, се надевам јасно ви е дека ова нема да се случи.;)
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Знаев, само чекав кога ќе продефилира ваква шпекулација за Фалкао низ нетот, еве го моментот, како и да е, се надевам јасно ви е дека ова нема да се случи.;)
Зошто да не?

Јас се навикнав во Челзи да доаѓаат играчи кои пред тоа не заебале.

Последни во низата се Торес и Меирелеш.
 
H

HoT IcE

Гостин
Еј, немој за Торес, ми се сере од него. Абе сакам напаѓач да се донесе, нејќам Мадона на терен, сакам напаѓач од тип Дрогба/Фалкао кој може сам да си направи шанса од никаде и да постигне гол, напаѓач на кој не му треба цела армија Хазарди за да постигне еден ебан гол, кога ќе донесеме таков, тогаш Челзи ќе трпа голови, инаку со овој сме наебале, ќе бидеме импотентни ко 70 годишен старец.
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
Еј, немој за Торес, ми се сере од него. Абе сакам напаѓач да се донесе, нејќам Мадона на терен, сакам напаѓач од тип Дрогба/Фалкао кој може сам да си направи шанса од никаде и да постигне гол, напаѓач на кој не му треба цела армија Хазарди за да постигне еден ебан гол, кога ќе донесеме таков, тогаш Челзи ќе трпа голови, инаку со овој сме наебале, ќе бидеме импотентни ко 70 годишен старец.
Тотално те подржувам,кај и да е мислам ќе си пакува и Торес куферите ако продолжи вака, пошто до сега не оправда ни цент од тие 50милиони што ги дадовме,чекај сега dragonsky ќе ти рече дека океј е Торес.
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Тотално те подржувам,кај и да е мислам ќе си пакува и Торес куферите пошто не оправда ни цент од тие 50милиони што ги дадовме,чекај сега dragonsky ќе ти рече дека океј е Торес.
Демек, не се радувавте на неговиот гол против Барса, м? :свиркам: Тогаш знам фрчеа постови дека вредел баш секој цент за него...
А и еве, сезонава му се дава шанса да ги оправда парите, сите се клањаме да се случи тоа. А и увек сме биле тежок промашај со напаѓачите... Шева да не ги оправда парите?
„Океј“ е добра придавка за Торес кога ќе видиш :LOL:
 
A

Alexander Nevsky

Гостин
Демек, не се радувавте на неговиот гол против Барса, м? :свиркам: Тогаш знам фрчеа постови дека вредел баш секој цент за него...
А и еве, сезонава му се дава шанса да ги оправда парите, сите се клањаме да се случи тоа. А и увек сме биле тежок промашај со напаѓачите... Шева да не ги оправда парите?
„Океј“ е добра придавка за Торес кога ќе видиш :LOL:
Јас веќе долго време го критикувам Торес и пред Барса и после неа. Еј не зезајте Торес ги млатеше Тери,Карваљо,Видич,Рио претходно,редовно ни даваше голови. А сега? Сега е бледа сенка на се тоа,незнам кој му го скрши филмот ама за тие пари што ги зема треба и самиот да си ја чукне таа главата. Ај може и јас ептен критикувам,ама од него очекувам голови,против Ливерпул,Сити,Јунајтед,Арсенал,Тотенхем а не против Свиндон или некој 4 лига тим.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.182
Поени од реакции
8.259
Затоа Мозес во напад и сам ке си прави шанса, или па Пиазон да му дадат шанса пошто добро игра, за разлика од Торес кој стварно неможе да се снајде.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Тотално те подржувам,кај и да е мислам ќе си пакува и Торес куферите ако продолжи вака, пошто до сега не оправда ни цент од тие 50милиони што ги дадовме,чекај сега dragonsky ќе ти рече дека океј е Торес.
Океј е Торес
:ROFLMAO:
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.728
Поени од реакции
52.668
Еве ме мене пак после малце пауза надвор од државава иако имав интернет па пратев се што се случуваше.

Да почнам прво со трансферите. Бев задоволен од тимот после доаѓањето на Мозес и Азпи и не очекував уште трансфери иако уште еден напаѓач немаше да смета. Од сегашните играчи сакав да си одат Бенајун и Малуда ама Малуда не ми смета што остана, може да се најде некогаш. Од кога почнаа шпекулациите за Стариџ, се молев да не се вистинити. Стариџ никако нејќев да не напушти зошто верувам дека има уште многу да понуди и дека уште многу ќе се подобри. Има голема желба да игра на својата природна позиција, и го разбирам. Лани цело време играше како крило и се снајде феноменално. Беше себичен зошто сакаше да докаже дека би бил многу подобар како класичен напаѓач. Многу сум среќен што остана и се надевам дека ќе добие повеќе шанси сезонава покрај Торес. Есиен ич нејќев да оди во Арсенал како што се пишуваше. Сакав да остане, но не е лоша позајмицава во Реал. Мислам дека сепак му пројде времето и после повредите нема никогаш да се врати во старата форма. Вака Ромеу ќе добива повеќе шанси. Какута очекував да го продадат, но пак отиде на позајмица. Кога дојде многу очекував од него, но кога доби шанса во Челзи не се покажа баш најдобро и не верувам некогаш да се пробие во првиот тим, сигурно ќе си оди наредно лето. Штета.

Се на се, од трансфер периодов сум презадоволен. Многу паметно од Челзи со трансферите, дури и изненадувачки. Да почнам по ред со играчиве.

- Марин: Беше договорен уште пред да заврши сезоната. Го немав гледано па незнаев што може да понуди, но ефтино го земаа па не ми беше многу битно дали ќе биде ѕвезда во тимот или пак ќе помага од време на време од клупа. Во предсезоната добро изигра, постигна и гол. За жал се повреди па уште не сме го виделе како игра против англиски тимови, но би требало да се врати од следната утакмица. Мислам дека може да изненади и да биде одличен играч за нас. Може да игра и лево и десно и централно, и ќе биде супер за ротација.

- Хазард: Голема желба ми беше и баш ми е мило што не избра нас пред Јунајтед и Сити. Немора многу да се коментира, сите знаеме како се покажа во првите утакмици. Не очекував толку брзо да се снајде, но очигледно е дека е еден од најголемите таленти во Европа и би можел да прерасне во еден од најдобрите играчи во Светот.

- Оскар: За Оскар воопшто немав слушнато, и ми дојде како изненадување неговиот трансфер. Незнаев што да очекувам, 25 милиони за 20 годишен анонимец од Бразил. Но после тоа што го видов на ОИ, има огромен потенцијал и (како што кажа фантомот) е одлична алтернатива за Модрич кој толку многу го посакувавме минатата година. Потребен е само правилен развој и привикнување на европскиот фудбал.

- Азпиликета: Се знаеше дека мора да се донесе уште еден десен бек кој ќе може да покрива за Иванович. Не сум гледал како игра, но сигурно е доволно добар за замена, а може и уште да се развива и да се усоврши. Ќе видиме како ќе се покаже.

- Мозес: Алтернативата за Хулк. Секако дека сите посакувавме Хулк да дојде во Челзи, но не по секоја цена. Порто не попуштаа, па добро е што се најде друга опција за да се пополни неговото место. Незнам како ќе се покаже овој трансфер, но Мозес е квалитетен играч кој би можел да не изненади. Одличен беше против нас во првото коло, и веќе знае како се игра фудбал во Англија па нема да има проблем да се вклопи во тимот. А и растел во Лондон па како што кажа и самиот, се осеќа како да се вратил дома.

Е сега за играта сезонава. Предсезоната лошо, но не е никаков показател тоа. Во Комјунити заеба Иванович, а сигурен сум дека ќе тепавме доколку не добиеше црвен. Во ПЛ совршен старт, 3/3 победи. Играта горе долу добра беше, имаше некои мали грешки. И покрај таквиот старт очекував без проблем да го освоиме супер купот и да почнеме со трофеите сезонава. Но ете, неможе се да биде онака како што сакаме па се случи тоа што се случи. Не бев во можност да го гледам целосно натпреварот па неможам подетално да коментирам. Лош старт на Челзи, примија гол и после тоа наместо да се соземат и да се подобрат они почнаа уште полошо. Фалкао феноменален, посебно вториот гол. Заслужена победа за Атлетико.

Се гледа дека има проблеми во одбраната, изгубени се на моменти, прават грешки и примаат голови. Мора да се средат некако и да почнат да играат како што треба. Несмее да биде проблем ротацијата на централните дефанзивци и отсуството на Тери.
А и во средината, напаѓачкото трио ај да речеме добро функционира. Ама Микел и Лампард некако премногу споро делуваат. Микел и Меирелеш многу по опасно делуваа против Њукасл. Можеби е време Лампард да почне паметно да се користи и почесто да се седнува на клупа. Или пак да му се смени позицијата, не оди најдобро вака.

Ја почнавме сезоната со можност за седум трофеи, а сега останавме со пет. Ги изгубивме можеби "небитните" трофеи, но сепак тоа се две пропуштени шанси сезонава и неможам да кажам дека ми е сеедно. Супер Купот и Светскиот Куп ги рачунав како сигурни трофеи сезонава.
Но тоа е тоа, одиме понатаму. Сезоната само што почна и не очекуваат многу, дури и премногу натпреварувања. Немам некои којзнае колку високи очекувања, се донесоа нови играчи кои треба да играат на клучни места во тимот и неможе да се очекува инстантен успех, но сепак има можност за тоа. ФА Куп би сакал пак да се освои доколу е можно, Капитал да биде можност за младите да добијат малце искуство, Светски Куп мора да се освои, и секако најсериозно да се атакува на ПЛ и ЛШ. Во ПЛ секако треба да се очекува битка за трофејот и Челзи има доволно квалитет да го освои, но конкуренцијата е голема па ќе бидам задоволен со финиш во топ 4. За ЛШ и помали ни се шансите отколку за ПЛ, но после тоа што го направивме минатата сезона, никогаш не се знае.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom