Вторник конечно почнува ЛШ 2012-13 со натпреварот против Ајакс. Не се дочекува
--- надополнето: 17 септември 2012 во 03:51 ---
Мала ретроспектива од средината на 90тите до денес:
1994: После 32 години Дортмунд станува Германски шампион за четврти пат, но прв пат во 1963та новооснована Бундеслига.
1995: Дортмунд повторно станува шампион на Германија
1997: Дортмунд за првпат во својата историја ја освојува Лигата на Шампиони, наследник на купот на шампионите.
1997: Дортмунд ја освојува свтеската клупска титула против Крузеро Бело Хоризонте.
2000: Дортмунд изигрува слаба сезона и станива 11ти во Бундеслигата. Во истата година на 31. Октомври 2000 Дортмунд како прв Германски клуб станува акционерско друштво и заработува 130м ЕУР од продажба на акциите.
2002: Дортмунд шести пат станува Германски шампион со младиот Матиас Замер како селектор. Тимот е полн со меѓународни звезди како Росицки, Аморосо, Колер. За жал, во финалето на купот на УЕФА губи против Феенорд.
2003: Дортмунд станува трет во Германија и со тоа влага во квалификација за ЛШ но за жал губи и не игра во ЛШ. Со тоа многу пари губи.
2004-2006: Дортмунд поради скапиот тим и невлагајнето во ЛШ е на работ на банкрот. Во овие години тимот не се квалификува за Европските купови. Поради долговите се продаваат играчи како Росицки и исто така стадионот е продаден.
2005: Дортмунд има долг од 250м ЕУР и иднината на клубот е во рацете на доверителите. Дортмунд не може да ги плати трошкојте, дури Хенес од Баерн им даде кредит од 2м ЕУР за плати. Но, доверителите го прифаќаат новиот план на новиот тим околу Вацке и го продолжуваат рокот на враќајне на долговите. Вацке покасно ќе каже: „Кризата да беше во 2006та а не во 2008ма година, денес во Дортмунд немаше фудбал да се игра.“
2008: Скратениот буџет се изразува на на квалитетот на тимот. Дортмунд едвај се спаси за опстанок во Бундеслигата и достигна 13то место. Но, Дортмунд стана втор во Германскиот куп и после многу години влезе во Европскиот куп и во истата година на Шалке им го поништи шампионатот. Фацит: Разочарувачка година со добар крај.
2009: Дортмунд добива нов селектор, младиот Јирген Клоп од Мајнц. Знаеќи за тешката финансиска состојба на клубот не ветува висок пласман но ветува, дека во домашниот стадион ќе има пак атрактивен фудбал. Го исполнува ветувајнето и станува 6ти на крај и за малце не влезе во ЛЕ. Исто така во оваа година на достоинствен начин го прославува 100тиот роденден на 19.12.2009 со победа од 1:0 со Фрајбург на домашен терен.
2010: Дортмунд станува 5ти во Германија и се квалификува за ЛЕ.
2011: Со многу напор, солидни таленти и големо срце, Дортмунд изненадувачки го освојува седмиот шампионат во својата историја. За жал во ЛЕ одпаѓа во групите во јака група со Севиља и ПСЖ.
2012: Дортмунд лошо стратува во сезоната. Брзо испаѓа во ЛШ во релативно слаба група и на почеток Баерн му бега 10 бода. Но од 6то коло Дортмунд прави серија и на крај со рекордни 81 бода станува шампион во Германија. Исто така го освојува купот и со тоа изигра својата најуспешна година во историјата.
Спортскиот успех и финансиски се исплаќа: Дортмунд влето 2012та фактички нема повеќе долгови освен за стадионот (50м ЕУР) кој ќе се исплатат уште 10 години, и има чиста добивка од 35м ЕУР. Исто така вредноста на тимот е многу голема. Тимот, кој во просек има 24 години, поред трансфермаркт.де вреди поќе од 200м ЕУР.
Од доаѓајнето на Клоп во Дортмунд, освен тројца играчи (Кел, Куба, Вајденфелер) цел тим е променет со годишен буџет од 5м за трансфери.
2013: Дортмунд после третото коло има 7 бода и ќе игра во ЛШ во групата на смрта со шампионите од Англија (Сити), Шпанија (Реал) и Холандија (Ајакс). Три од четириве екипи ја имаат освојено ЛШ.
Мој заклучок: Не беше лесно да се биде фан на Дортмунд од 2003-2009 но Дортмунд се врати на својето место во елитата на Европскиот фудбал. Оваа приказна дефинитивно плаче за филм.