- Член од
- 30 јули 2010
- Мислења
- 172
- Поени од реакции
- 47
Најчесто на Ланос се поставува секвенционален плински уред - со дизни. Цената е 540 евра со цилиндрична боца, 570 евра со кружна боца која се поставува на место на резервно тркало. Ако се работи за 8-вентилски мотор, може да дојде во предвид и поставување на Ламбда-Контрол уред -со плочка, кој е цена од 445 евра со цилиндрична боца, а 475 евра со кружна боца која се поставува на место на резервно тркало. Предуслов за поставување на Ламбда-Контрол уред е комплетно исправна електрика на колата (свеќици, кабли...), затоа што во спротивен случај можни се повратни детонации во усисна грана.Сакам да земам Даеву Ланос ,по спецификации пишува дека троши 12 литри бензин градска.Е сеа сакам и да земам плин на старо и да го атестирам.Дали за нив постои посебен плински уред или за сите одговара истиот?И колку би ми трошел со плин?
Кога се работи за половен плински уред, мора да се внимава на повеќе работи, да ги поседува сите компоненти, како и комплетна документација за уредот, да не е постара плинската боца од 10 години, како и да одговара за поставување во Ланос, итн...
Со Секвенционален плински уред потрошувачката ќе биде 10% поголема од таа на бензин, а со Ламбда-Контрол уред зголемувањето е до 20%.
--- надополнето: 7 август 2012 во 17:13 ---
Aj da prasam jas vo ime na sestra mi, saka da si kupi citroen c2,kakov plinski sistem se stava na c2 1.1i od 2003god? Ako ne se lazam toa e monoinjection istata masina e od saxo. Kolku bi cinel sistem so okrugla boca.
Цитроен Ц2 од 2003 година е опремен со посовремен Мулти-поинт инжексион тип на мотор - за кој е предвидено поставување на секвенционален плински уред. Цената на Ланди Плус Макс уредот , во комбинација со торусна плинска боца изнесува 570 евра. Се работи за мотор кој сосем добро се однесува на плински погон, а во досегашната пракса доста често вградуваме плински уреди на овој 1,1 мотор на ПСА групацијата