Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Инаку настрана од темава за трансфериве, заебана група ни се падна за Лига Европа. Сите 3 тима, Удинезе, Јанг Бојс и Анжи се на исто рамниште според мене. Ќе треба да се сее и жнее убаво ако сакаме даље...
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Инаку настрана од темава за трансфериве, заебана група ни се падна за Лига Европа. Сите 3 тима, Удинезе, Јанг Бојс и Анжи се на исто рамниште според мене. Ќе треба да се сее и жнее убаво ако сакаме даље...
Напротивв, мислам дека дома ќе си газиме со сите три, на гости 1 победа и чао пријатно, без многу замарање.
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.702
Поени од реакции
11.937
Абе тоа е тоа. Демпси изгледа ќе го земиме и ако се можи некако Стариџ (зависи дали Челзи ќе купи некој). Или само Демпси или Демпси + Стариџ. Друга варијанта некако и не ми е за верување. Хунтелар не доаѓа (и подобро), Љоренте е скап а и зошто би го дале Керол за да земиме уште повисок играч?!! Дамиао исто така не доаѓа кажал сопственикот нивни.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Братче! ти знаеш во кој фан клуб пишуваш ??

Ми ги споредуваш еден ХЕНДЕРСОН и КЕРОЛ со ЏЕРАРД! ?
лол ти си само во тим како СИТИ без историја уште еднаш да не слушнам такво размислување! ЛОЛ!!!!!!!!!
Море ЛИВЕРПООЛ, седи мадро. Кога самиот Ливерпул успеа да го спореди Роџерс со Далглиш, се друго е едноставно.
А и не знам зошто ти реплицирам воопшто.


Ја можам да ти дадам одговор на тоа прашање. Сигурен сум дека не би земале голема пара за Стиви Џи, за Кара и за Даунинг. Даваме играчи од кои ќе заработиме нешто и за кои имаме адекватна замена или пак со нивното продавање ќе си овозможиме финансиски да добиеме адекватна замена. Секако и ја нејќев да си иде Керол, али ете добро објаснување беше тоа на некој дека таму ќе игра прв тим и ќе му порасне цената за вгодина. Очигледно на Роџерс не му одговара таков играч, шо да праиме. Али тоа лошо што го напраи Роџерс беа изјавите што ги даваше за Керол, демек он можел да се вклопи, би бил будала да го даде на позајмица и на крај испадна ко мижи-баба само. Али ете, останува да видиме што ќе донесеме. Затоа полека, дочекај до полноќ и не претерувај со клетења жити све. Ја не коментирам ништо све дур не видам како све ќе се заврши. Ако не ми се свиѓа тоа шо сме го направиле и ја ќе клетам. Не ме сфаќај погрешно, не викам да не критикуваш работата, само не претерувај у тоа за на крај да не не бидеш у право. А може и ќе бидеш, не се знае тоа. Полека нека го исчекаме уште овој ден, после ќе судиме од све шо се десило летото.
.
Како може да се „заработи“ од Керол, кога нема шанса (апсолутно никаква) да се продаде за поголема или еднаква сума на купената?
Или велемајсторот очекува да му се наткрене цената колку толку уште повисока, па да извлече некој цент плус? А?
Ако да, тогаш... велемајсторот знае дека Керол е квалитетен и знае дека ке има одлични партии кај “чеканите“ и по такви игри, ќе му се крене цената.

Да сумирам
- не може да се заработи на Керол, туку може да се трпи загуба
- единствено, може од него да се извлече позитива ако остане(ше) и игра(ше) па почне(ше) да ги оправдува парите.
- Роџерс знае дека Керол е одличен, а го пушта ко вчерашен

Логика? Најди, повели. Мене тоа ми е работа, па пак не можам да ја пронајдам.

И шеестри пати сум кажал: камо Ливерпул да стане шампион, па ова моево „клетење“ (?!) да испадне најголема глупост. Посреќен од мене ке нема.

Ама тоа „клетење“ е нешто што фали кај Ливерпул навивачите од Англија, веќе 20 и кусур години. Наместо „клетење“ имаме „некст сизн ис аурс“.

Процени го лошото.
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228
Добро ќе купиме некој играч или ќе крпиме сезона?? И ако случајно купиме, шо е финтата со чекање, не последниот ден, туку последните секунди, шо демек паметни се прајме, демек цена ќе спуштиме или шо?? Или најсигурно никој нема да дојди. Стварно некои работи во клубот е невозможно да се објаснат!
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
АБЕ ДАВАЈТЕ ИГРАЧИ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Ако не купиме ништо, не ни мора да играме сезонава, немаме никаква шанса.....
Ама е напнат денов во фан клубов....сите исфрустрирани :D
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Најново, кажаа на скајспортс сега, Фулам ја одбиле и последната понуда на ЛФЦ за Демпси.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Најново, кажаа на скајспортс сега, Фулам ја одбиле и последната понуда на ЛФЦ за Демпси.
А и наводно Стариџ бил на теренот кај што игра Челси....ако е ова вака we are down to bare bones
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
154
Поени од реакции
26
Стариџ е на клупата на Челси! тој испага од игра , обидот за Демпси е одбиен ?
ЕПА кој ке го купиме!!!!!!!!!!!?
Зар ке останиме со 2јца напагачи да играе на 3 полиња ?
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Кажете му на Велемајсторот дека, што подоцна, тоа повисока е цената за играч кој матичниот клуб не е принуден да го продаде.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Кажете му на Велемајсторот дека, што подоцна, тоа повисока е цената за играч кој матичниот клуб не е принуден да го продаде.
Уште пишуваш во овој фан клуб? Јас мислев дека веќе почна да навиваш за ПСЖ :)
 

Ливерпул

Red Scouser
Член од
18 февруари 2010
Мислења
967
Поени од реакции
833
Кажете му на Велемајсторот дека, што подоцна, тоа повисока е цената за играч кој матичниот клуб не е принуден да го продаде.
Само што во случајот на Dempsey ако не го продадат денес ќе си оди за безпари во јануари... :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom