Поскапува маслото за јадење

  • Креатор на темата Креатор на темата Network
  • Време на започнување Време на започнување
definitivno ovie ja preteraa nema veze bre za nas makedonija i makedoncite sto e 100 den sitnica
jas pak mislev 10e
narode nas makedonski ne grizete se ova e malku
 
Не дека ги сакам позицијата и опозицијата ама опзицијата имат многу згрешено и уште не се освестуваат правејќи коалиции со ѓаволот.
Btv
И да секне бизносот и да се смени полтиката ме заболе таквото се имам обезбедено за наредни 3-4 геберации
Топ! (y) После тебе потоп.
 
Што ке тролам , ке има покачување на регистрациите дали ке биде точно октомври или ке се одложи уште малку.
Е сега покачувањата ке бидат 15 % 22% и 31% ( знаеш кај ке биде 31% покачување ) дури можно е и категоријата Специални возила да биде укината и да си плаќаат како и сите останати. И припазувај се за пнеуматици периодов.

Ако само помислат да ја покачат регистрацијата и осигурањето од моменталните 2500евра на овие проценти ќе си го носите увозот со магариња и ќе пасете трава. Моментално транспортот е покачен за 100 евра од дестинација, со новите пресметки на нафтата ќе иде до 200 евра со гаранција. Стави ги процентите на регистрација и гумите кој денес е 400евра една, а имаш да купиш годишно 20 гуми. Па вкалкулирајте на увозните суровини додатни трошоци и чекајте да ви се намалат основните производи кои ги увезуваме сите до еден. Ах да и чекајте да ви падне маслото за јадење на 72 денари. Заедно со струјата. Кога ќе дочекате јавете ми се.
 
Се молат модераторите да го сменат името на подфорумот од Економија и бизнис во Поскапувања.
 
Не дека ги сакам позицијата и опозицијата ама опзицијата имат многу згрешено и уште не се освестуваат правејќи коалиции со ѓаволот.
Btv
И да секне бизносот и да се смени полтиката ме заболе таквото се имам обезбедено за наредни 3-4 геберации
Што велат твоите вработени за колку генерации се обезбедени?
 
Ако само помислат да ја покачат регистрацијата и осигурањето од моменталните 2500евра на овие проценти ќе си го носите увозот со магариња и ќе пасете трава. Моментално транспортот е покачен за 100 евра од дестинација, со новите пресметки на нафтата ќе иде до 200 евра со гаранција. Стави ги процентите на регистрација и гумите кој денес е 400евра една, а имаш да купиш годишно 20 гуми. Па вкалкулирајте на увозните суровини додатни трошоци и чекајте да ви се намалат основните производи кои ги увезуваме сите до еден. Ах да и чекајте да ви падне маслото за јадење на 72 денари. Заедно со струјата. Кога ќе дочекате јавете ми се.
Ке ги фаќаме турците празни што се враќаат а и бугарите за утовар одозгора надоле а од овде за нагоре по автобуси ќе испраќаме и така толку ни е извозот :pos:
Абе ти викам јас причекај до нова година да видиш што ке биде ти викаш те тролам :pos:
Плус гумите се нафтен дериват и како што милуваат трговциве да се прават паметни и да речат абе нафтен дериват ја следи цената на нафтата и ние покачуваме. КЕ БИДЕ ВЕСЕЛОООООООО
 
Што велат твоите вработени за колку генерации се обезбедени?
А па то си е нивни проблем.Не ме интересира мене.

Инаку стварно претераа со поскапувањава,морам да си скратам некои луксузи,да не страдаат вработените.
 
Текстилците и рударите на врвот на пирамидата

Статистичарите согледале дека добро котира Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен каде е забележан пораст од 4,3%, но рекордот за јули годинава од 44,8 % е кај производството во текстилната индустрија....
-----

Што се секирате, еве Шлапас ќе ви каже дека текстилците и рударите како што се на врвот на пирамидата нема ни да осетат 200 денари за литар зејтин,камо ли 100.

Btv
И да секне бизносот и да се смени полтиката ме заболе таквото се имам обезбедено за наредни 3-4 геберации

Абе и газда Велија беше обезбеден за многу генерации.
 
Шетајте низ маркети како низ бутици и гледајте што е најисплатливо за купување :)
 
Кој готви бе уште на масло:facepalm:
Зависи од кај сте и што сте ке си се преорентирате или на лој или на сало. Ем природно ем поубо ем помалце се клава. И глас да не слушнам дека холестерол ова она, тоа ве лажат докторите. Пред 100 години масло да не имале па уште и рафинирано. Строго сало или лој.
 
Се сеќавам во транзициските времиња топевме леб во зејтин и вегета. Изгледа повторно доаѓаат тие времиња. За некои никогаш не ни поминаа, нели во транзиција сме едно 20 години веќе.
 
Се сеќавам во транзициските времиња топевме леб во зејтин и вегета. Изгледа повторно доаѓаат тие времиња. За некои никогаш не ни поминаа, нели во транзиција сме едно 20 години веќе.
сега ќе го топиме во вода зошто зејтинот е луксуз и треба да се стави како акцизна роба бар да профитира државата :)
Ова е најверојатно уште еден проект на владата за подобрување на здравјето на граѓаните исто како што беше проектот со укинување на дневната евтина струја кој значително го намали стресот кај граѓаните со оваа кампања ќе се намалат маснотиите во крвта на граѓаните со што се заштедува во здравството и ќе нема потреба да се отвори нова државна кардиохирургија , сепак владата придонесе за намалувањето на двата најголеми непријатели на здравјето на граѓаните : Стресот и Маснотиите! :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom