Е убаво си кажа, бидејќи ако гледаме од секој друг можен аспект, сакаш од оние комеријалните со рангирања, сакаш од број на продадени албуми, сакаш по пионерство, техника на свирење, сценски настап,сакаш и по мисења на музичари Лед Зепелин се подобри. Знам дека кога ќе запнеш за нешто гледаш пристрасно и необјективно ама убаво си рекол Аристотел своевремено: Драг ми е Платон (бидејќи му бил учител, ментор и му го пренел знаењето) ама подрага ми е вистината. Фактот што на самиот Грол, Моторхед и Зепелин му се идоли и објективно самиот тој полуиндирекно и го потврдува докажува дека е свесен како стојат работите.
И Ајрон Мејден и Металика чак што више и Ролинг Стоунс уште издаваат албуми ама не е тоа поентата. Поентата е дека нема нешто ново револуционерно како Нирвана што беше, и дека после тоа последните останки беше така да го крстам алтернативниот рок на СОАД, Рејџ, Кoрн, Лимп Бизкит, Рамштајн... период што траеше до негде 2002ра. Новиве групи како Арктик Монкис, Франц Фердинанд и ним сличните што се појавиле во последниве 6-8 години се далеку од револуционери, освежувачи а да не спомнувам воскреснувачи на рок ен ролот.