- Член од
- 24 јуни 2012
- Мислења
- 29
- Поени од реакции
- 46
Далеку од тоа дека не е битен трофејот. За мене како навивач на Барса секој трофеј е битен и значаен. Впрочем, тој кој што рече дека ова е ситно и незначајно купче е Мурињо. Барса прими 2 гола по грешка на одбраната, всушност прими 4 гола во овој двомеч по банални грешки на одбраната, и доколку научат да не ги повторуваат тие грешки тогаш не верувам дека Реал има некакви шанси против Барса. Стартуваа некако укочено, картонот на Адриано им ја направи работата уште потешка, но тоа е тоа.. Сепак, само Барса може да се врати така и со играч помалку да има храброст да нападне. Колку што јас се секавам, пред 2 години кога во полуфинале на ЛШ, Пепе беше исклучен, тактиката на Мурињо беше да се бранат и да го криват судијата. Барса не е таков клуб. Со 10 играчи, далеку од тоа дека кружевме, туку имавме 100% шанси преку Педро, Алба, Монтоја и на крај шутот на Меси. Реал некако даде 4 гола и нека им е честито. Само од ова што јас го видов, Барса е за една класа подобра од Реал. Денес во фудбалот, секој може да победи секого, но овој Реал ми изгледа далеку послаб од тој што беше минатите години. Ова нека послужи како ум за понатаму за Барса, и доколку не ги губи бодовите против помалите екипи, искрено немате на што да се надевате оваа сезона. Нека ви е честито титулата