Рок музика и рокерски бендови

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување
Ок МСВ тоа е твое мислење, ти му ги препорачуваш на фантом јас не.
Па не баш дека му ги препорачувам всушност му ги препорачувам, ноо онака, само да ги преслуша 3/4 пати...
Бидејки, има други, бољи бендови....:smir:

А тебе сакаф да ти посочам дека се креативни и имаат концепт...:pipi:
 
Епа ајде рокери !

Па шо да ви кажам људи божји.....

Последно време не сум чул добар рок.... ама многу многу ретко да се појави нешто моќно.....
Не велам дека рокот изумира.. но оваа пуста музичка индустрија јаде се пред себе...

Не знам дали сте ги чуле Сигур Рос. но еве вака ви ги препорачувам.. уникатни се....

А иначе добар наслов.. хмммм :) Пинк Флојд, Боб Дилан, Дорс...

За да се чуе добар рок последно време.. терба да се бараат нови нешта...

Не знам каде го имам прочитано овој факт, но Ерик Клептон имаше изјавено дека за да направиш нешто ново.. мора да си се вратиш малку на корените.. он конккретно алудираше на блузот како неисцрплив правец...

Што знам.. мислите дека еве. конкретно кај нас.. за да направиме добар рок треба да се вратиме малку кон нашите изворни народни мелодии.. ?
 
Изворните народни мелодии се толку искористени во секој правец кај нас, што е во најмала рака неоригинално да се користат.
 
Па не би рекол дека се искористени до толкава мера.. можеби злоупотребени од турбофолкот, но не и во целост искористени (позитивно нели..).

Треба попаметен приод да се има кон нив.. ќе дојде време кога токму тие наши изворни народни песни, идните генерации, ќе ги слушаат од верзиите на Благица Павловска, Јасмина Мукаетова или некоја слична таква цуца.... ама налет...
 
Има многу креативни рок бендови низ мк, изненаден сум од квалитетот и иновативноста, АМА, како што секогаш има кај нас ама, тие бендови си остануваат во круг на своето маало, и никој не им пружа рака.

Треба и сами да се потрудат, сеуште немаат сфатено, бендовиве, или пак не се трудат доволно околу амбициите, дека признанието ке го добијат во странство, а не нашава сцена каде што и така нема индустрија, а и нема егзистенција од свирки...освен од тезгаџиските свирки.

И да не бидам офтопик: Етното не е за секого, што поголемо негово искористување од мнозинството бендови, станува подосадно. Секој нека си бара онаму каде што највеќе умее и највеќе го влече. Во суштина и тоа и треба првично да ти е целта.
 
Па не би рекол дека се искористени до толкава мера.. можеби злоупотребени од турбофолкот, но не и во целост искористени (позитивно нели..).

Треба попаметен приод да се има кон нив.. ќе дојде време кога токму тие наши изворни народни песни, идните генерации, ќе ги слушаат од верзиите на Благица Павловска, Јасмина Мукаетова или некоја слична таква цуца.... ама налет...

Не станува збор за турбофолкот, тоа не го ни рачунам во музика. Искористено е етното почнувајќи од Синтезис, Леб и Сол, Влатко во неговите соло проекти, Кирил Џајковски, Вања Лазарова, Анастасија... Тоа се најголемите имиња кои ги користат етно елементите, од македонските (условно кажано) помали бендови, Марас ги користат тие елементи најотворено... Пред некој ден на тв видов дека Бени Шаќири со Верица Пандиловска мислам, ја пееа `Распукала Шар Планина`. На таква преискористеност мислам.

А, како што кажа Гижо, има многу креативни бендови низ мк, но има малку луѓе кои ја слушаат таа музика, а уште помалку некој кој се труди да ги промовира таквите бендови. Многу од нив се неправедно `осакатени` поради тоа што на телевизиите се пушта само она што е модерно и што се пласира од светските телевизиски станици, без разлика на тоа колку луѓе го сакаат тоа. Единствено МС понекогаш знае да пушти неколку песни една по друга од македонски бендови, но и тие имаат ограничен фонд на спотови. А, за да се направат спотови, треба пари, кои најчесто ги немаат бендовите, па треба спонзори... А, на спонзорите не им се интересни тие бендови зашто не се пуштани на телевизија... И се се врти во круг...

Инаку, на студентското радио, 92.9FM во петок од 18 до 19 часот има емисија која мислам дека се вика Радијација, и се занимава со горенаведените македонски рок бендови на кои им треба афирмација.
 
рокери уфф.... хммм па ја мислам Токио Хотел оти се рокере и нив ги слусам ама не ного ... ептен малко 5 песни ако слушам од нив..
 
Не знам каде го имам прочитано овој факт, но Ерик Клептон имаше изјавено дека за да направиш нешто ново.. мора да си се вратиш малку на корените.. он конккретно алудираше на блузот како неисцрплив правец...

Ау, баш така, корените...јас мислам нема да сум баш оф со клипов.:pipi:

[media]http://www.youtube.com/watch?v=r9TJwPtmW64[/media]
 
рокери уфф.... хммм па ја мислам Токио Хотел оти се рокере и нив ги слусам ама не ного ... ептен малко 5 песни ако слушам од нив..

Токио Хотел се најмизерните, лигави, одвратни, мрсни, небањати, педерски, мали, глупи, неспособни, уфилмани копилиња шо постојат.

Не се важат у музика, пониско и од турбофолкот се.

ТОЛКУ ГИ МРАЗАМ. :) (yes, I am evil, fuck it)

Други? :)
 
Не знам дали се пониско од турбото но тука се негде.
 
рокери уфф.... хммм па ја мислам Токио Хотел оти се рокере и нив ги слусам ама не ного ... ептен малко 5 песни ако слушам од нив..
Веднаш земи shift+delete на тие 5 песни што ги имаш од нив.
 
Ако знае некој нешто повеќе да ми каже за Coheed and Cambria од она што е напишано на Википедија?
за нив пише у википедиата дека се прогресив рок, али вистината е далеко од тоа. они се некојси емо, свашта рок, се само не прогресив рок.а и баеѓи се грди за слушање, не ми праат филм ич.
 
Па шо да ви кажам људи божји.....

Последно време не сум чул добар рок.... ама многу многу ретко да се појави нешто моќно.....
Не велам дека рокот изумира.. но оваа пуста музичка индустрија јаде се пред себе...

Не знам дали сте ги чуле Сигур Рос. но еве вака ви ги препорачувам.. уникатни се....

А иначе добар наслов.. хмммм :) Пинк Флојд, Боб Дилан, Дорс...

За да се чуе добар рок последно време.. терба да се бараат нови нешта...

Не знам каде го имам прочитано овој факт, но Ерик Клептон имаше изјавено дека за да направиш нешто ново.. мора да си се вратиш малку на корените.. он конккретно алудираше на блузот како неисцрплив правец...

Што знам.. мислите дека еве. конкретно кај нас.. за да направиме добар рок треба да се вратиме малку кон нашите изворни народни мелодии.. ?
донекаде си у право.али ја мислам дека музиката стагнира само онаа mainstreem. оние квалитетните бендови шо не се водат по мтв идеологијата си продужуват да си прават квалитетна музика.ја на пример највеќе слушам Progressive rock i Post rock и тука нема промашок.бендовите како на пример Camel pravile одлична музика у 70' a pravat i sea,pr. vtoriot nivni album Mirage e masterpiece, a i posledniot a Nod and a wink од 2002 e одличен.и не само camel , ima и други такви ,Dinosaur jr , Rush. King Crimson ја мењаа поставата миљарда пати , а пак звучат свежо и иновативно. а кога сме кај SIGUR ROS, тоа е неверојатно добра музика, луѓето се од исланд, ненормално добри , го носат Пост рокот на едно повисоко ниво.ја ги обожавам , последниoт нивни албум takk, e remek delo.Ágætis byrjun e super album isto . a drugite im se dobri.
 
за нив пише у википедиата дека се прогресив рок, али вистината е далеко од тоа. они се некојси емо, свашта рок, се само не прогресив рок.а и баеѓи се грди за слушање, не ми праат филм ич.

:nesvest:

Мислам дека го имам пишано ова, ама заради мојата мрза за пребарување, ќе го земам ризикот од повторување на себе си и ќе кажам (веројатно уште еднаш): Coheed and Cambria, се ЕМО колку што Fall Out Boy се хеви-металци! Live with it, не се што не ви се допаѓа е емо, исто како што не секој ден е Велигден. Coheed and Cambria СЕ најмногу прогресив по примесите што ги имаат во песните, но не, не се целосно типичен прогресив бенд...иако баш би сакала да се јави некој да објасни што е точно типичен прогресив бенд по дефиниција:pipi:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom