Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Неможе да порасне коската во должина по 19-21 годишна возраст затоа што се затвораат епифизните плочи кои доведуваат до раст. Она што може е да порасне коската во дебелина т.е. да ојача главно како резултат на зголемен напор на кој е изложена (пример при вежбање) и лачење на специфични хормони кои потикнуваат раст на коската. Постои теорија дека градниот кош делумно може да се рашири и по 21 годишна возраст ако е изложен на специвични вежби кои ги растегнуваат рскавичните припои на ребрата кај стернумот, но нема доволно докази за ова, јас сум скептичен, а и да има некоја поврзаност во прашања се милиметри. Она што јас би ти препорачал е да ги вежбаш рамењата и обавезно m.latissimus dorsi на грбот (секако вежбај се сразмерно да не се искривиш како Квазимодо. Конкретно сакам да посочам дека тие мускулни групи визуелно даваат поширок изглед на рамењата и толку посакуваната V форма. Доволно да додадеш 1-2 цм мускул во рамото кој и така е мал мускул за да веќе има забележлива разлика во ширињата на рамењата.

Шефе,а како се раширува коската,ако си "млад" ? :D

освен вратило и да вежбаш рамо ?
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Бидејќи гледам дека има многууу почетници кои бараат совети а немаат никаква база на знаење за бодибилдингот, топло би им препорачал најпрвин да се едуцираат малку за да ги спознаат основите врз кои се гради добро тело. Она што јас го имам прочитано и од кое сум апсолутно задоволен е книгата Bigger Leaner Stronger од Michael Matthews.

Значи книгата обработува се на многу едноставен и разбирлив начин. Појаснување на бодибилдинг митови, совети кои суплементи навистина функционираат и вредат за парите и зошто, начини на правилно изведување на сите позначајни вежби (бенч, чучњеви, мрво дигање ...), како да се заштитите од повреди и како да дигате повеќе тежина едноставно изведувајќи ја вежбата правилно, како да пресметувате калории, потребни количини на протеини / ЈХ / масти при градење маса и при топење масти, најчести грешки кои не стопираат кон градење мускули, од која храна треба да ни доаѓаат протеините/мастите/јаглехидратите, посебни планови комбинации на мускулни групи при тренинг и видови на исхрана, како правилно да правиме кардио без да ги загубиме мускулите...

Значи тотална основа која треба да ја знае секој кој оди во теретана за да не губи само време вежбајќи туку дефинитивно да има резултати. Книгата е на англиски ако некој сака да ја порача нека пише ПП. Еве и линк од неа на интеренет е исто така одлично е оценета со оценка 5/5.

http://www.amazon.de/Bigger-Leaner-Stronger-Building-Ultimate/dp/1475143389/ref=sr_1_1?ie=UTF8&qid=1346087262&sr=8-1

Инаку еве слика од авторот да знаете дека учите од паталец а не гаталец :D

--- надополнето: 27 август 2012 во 19:32 ---
Шефе,а како се раширува коската,ако си "млад" ? :D

освен вратило и да вежбаш рамо ?
Сите вежби кои потикнуваат лачење на хормон за раст. Хормонот за раст е главниот хормон кој влијае врз коските да се издолжат, затоа лицата кои абнормално лачат ХГХ или остануваат џуџиња (ако не лачат доволно) или пак стануваат џинови над 2 метри (ако лачат премногу). Исто не форсирај огромни тежини кои директно влијаат врз епифизните плочи на раст на коската (особено кичмата) затоа што можат да ги повредат и да го стопираат растот. Конкретно за чучњеви, вежбај ги но јас би ти препорачал по German Volume Training методот или пак 4Х, 10Х методите. И секако обавезно редовна квалитетна исхрана, најдобар доказ за ова е дека во последните 100 години луѓето се во просек за 10цм повисоки воглавно поради поредовна и поквалитетна исхрана. Вежби како истегања, вратило, и вежби кои вклучиваат скокање исто така помагаат.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Дечки правев Спартанс и склекови со отфрлање во воздух и плескање со рацете али бидејќи сум потежок (79кг 1,73-4 висина) повредив нешто во рамото или вратните на левата страна, не можам да осетам точно кој мускул е али страшно боли. Совет нешто истегнување или? бидејќи не верувам да е премногу сериозно за на лекар.

П.С Како до поголеми рамена, вежби, или само генетиката игра улога (имам двајца другари кои почнаа да вежбаат во исто време пред 2,5 години теретана. истите вежби и вежбаат во истите денови едниот е звер на рамена, а другиот пак рацете му се големи а рамената ко на дете од 10 години) дали е само генетиката или и до правилното изведување на вежбите.

http://www.youtube.com/watch?v=JkehxYILYMY&feature=related

http://www.youtube.com/watch?v=9XwbER3beGQ
 
И генетика,и правилно вежбање...јас на почеток се глупирав,зимав тешки тегови,со кои неможев ни 60% да ги изведувам правилно вежбите...за рамо не треба големи килажи,Браќата на јутуб вежбаат со мали тегчиња рамо,а имаат рамо у пичку матер...и мењај ги вежбите,мене и тоа ми беше минусот

а за повредата,масирај го местото пополека,купи коњска маст зелената,мачкај се и одмарај...
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
И генетика,и правилно вежбање...јас на почеток се глупирав,зимав тешки тегови,со кои неможев ни 60% да ги изведувам правилно вежбите...за рамо не треба големи килажи,Браќата на јутуб вежбаат со мали тегчиња рамо,а имаат рамо у пичку матер...и мењај ги вежбите,мене и тоа ми беше минусот

а за повредата,масирај го местото пополека,купи коњска маст зелената,мачкај се и одмарај...
Овие вежби ги правам во теретана:
http://www.bodybuilding.com/exercises/detail/view/name/alternating-deltoid-raise
http://www.bodybuilding.com/exercises/detail/view/name/arnold-dumbbell-press
http://www.bodybuilding.com/exercises/detail/view/name/barbell-shoulder-press
http://www.bodybuilding.com/exercises/detail/view/name/bent-over-low-pulley-side-lateral
http://www.bodybuilding.com/exercises/detail/view/name/front-cable-raise
менувам на вежбите но и правам по 5-6 различни вежби за рамо кога вежбам во теретана. Рамото го вежбам во ист ден со нозе, но бидејќи ми е таква генетиката да нозете ми се најсилен дел на телото почнав да не ги вежбам бидејќи не сакам да ми бидат премногу големи, а јас за 20 месеци вежбање стигнав до 210 кг на преса и мн ми порасна горниот дел на нозете. Кога се здебелив најмногу сало ми се наталожи баш таму и сеуште маки мачам не можам таму да се исчистам на нозете и половината. Станав премногу дебел таму и ми рашири доста и карлицата. Правев муабет со искусни билдери ми викаат дека ваквата генетика за силни нозе била добра предиспозиција за голем грб. Единствено што ми е на ум сега е да го исчистам салото од нозете, стомакот и половината. 1,73-4 висина 79 кг моментална тежина. Сакам да симнам прво до 66-67кг (мислам дека на таа висина би се исчистил максимум), а после то да качам на чиста мускулна маса до 75 и крај.

--- надополнето: 28 август 2012 во 17:43 ---
http://www.napumpajse.com/novosti.aspx?n=137 МИСЛЕЊА ОД ПОИСКУСНИТЕ ЗА ОВА :)
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247

Избегнувај сајли и машини. Kористи што повеќе слободни тегови.
Еве јас кои вежби ги правам за раме:

- загревање

-4 серии (компаунд вежна, активира предно и средно рамо и овозможува поднесување на големи тежини)

3 серии (го изолира предното рамо)

3 серии (компаунд вежба активира средно раме овозможува дигање голема тежина)

4Х тренинг (изолациона вежба за средно раме)

4 серии (задно рамо, во никој случај не треба да се занемарува вежбата затоа што може да дојде до дизбаланс во цврстината на рамениот зглоб и истиот да се исчаши)

Пробај па види како ќе функционира кај тебе.
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Избегнувај сајли и машини. Kористи што повеќе слободни тегови.
Еве јас кои вежби ги правам за раме:

- загревање

-4 серии (компаунд вежна, активира предно и средно рамо и овозможува поднесување на големи тежини)

3 серии (го изолира предното рамо)

3 серии (компаунд вежба активира средно раме овозможува дигање голема тежина)

4Х тренинг (изолациона вежба за средно раме)

4 серии (задно рамо, во никој случај не треба да се занемарува вежбата затоа што може да дојде до дизбаланс во цврстината на рамениот зглоб и истиот да се исчаши)

Пробај па види како ќе функционира кај тебе.
Вака вежбав во Гладијатор и ги правев овие вежби кои ги правиш ти али немав некој ефект особено на првата и 4тата многу бавно зголемував и на тежина. Ги гледав Тоше Зафиров, Зоки Колевски тие користеа и сајли во нивните тренинзи и поради тоа почнав да ги практикувам и јас.
Сепак мислам дека и генетиката игра голема улога тука.
 
Член од
26 август 2012
Мислења
37
Поени од реакции
8
Неможе да има ПЛУС глутамин и БЦАА. Тоа се вредности пресметани веќе во 80те грама протеин што ги има. Значи од 80 гр чист протеин 14,6гр се БЦАА а 18,7гр е глутамин. Уште еден трик што го користат произведувачите да те залажат.
Друго значење имаше плусот, нешто како дополнување на реченицата, со него сакав да му напоменам дека содржи 14,6 гр. BCAA и 18,7 гр. глутамин.

Содржи, ама декстроза се продава и во прав. Мислам дека беше 150денари килограм. Сепак гледај што помалку работи да внесуваш преработени, а повеќе диреткно од храна. Исклучок би направил за PWM, барем тоа е мое мислење.
А кај може да се купи декстроза во прав?

Шефе,а како се раширува коската,ако си "млад" ? :D

освен вратило и да вежбаш рамо ?
Исто и оваа вежба е добра за ширење:
http://www.youtube.com/watch?v=Zbo5OCz2Xrw

4 серии (задно рамо, во никој случај не треба да се занемарува вежбата затоа што може да дојде до дизбаланс во цврстината на рамениот зглоб и истиот да се исчаши)
Да можев да го прочитам ова порано... :) Јас си имам проблем со цврстината на рамениот зглоб. Чувствувам дека нешто е исчашено, кога вежбам рамо или грб, ми штрака нешто во рамото, како да е исчашен некој зглоб. Го заебав рамото кога ја правев оваа вежба:

Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
да зимам креатин во денови кога не вежбам ?
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Дали имате сретнато некој нутритивна вредност на пилешки дроб, денеска дома си приготвив, па ме интересира што се има во нив, бидејќи се доста ефтини. Јас ги приготвив на следниот начин: прво ги сварив, а потоа ги потпржив малку во маслиново масло. Со мешана салатичка и малку компир јадењето ми беше топ по вкус.
 
Немој да претеруваш со црн дроб од било кое животно. Истиот содржи огромни количини на липосолубини витамини кои лесно можеш да ги предозираш ако јадеш секојдневно а организмот нема начин на кој да се справи со тоа. Има една анегдота кога руска експедиција во 1897 година требала да го освои северниот пол снемале храна па почнале да ловат мечки и им ги јаделе црните дробови на мислејќи дека се најхранливи. На крај умреле од труење со витамин А (ретинол).
--- надополнето: 28 август 2012 во 23:27 ---
Да можев да го прочитам ова порано... :) Јас си имам проблем со цврстината на рамениот зглоб. Чувствувам дека нешто е исчашено, кога вежбам рамо или грб, ми штрака нешто во рамото, како да е исчашен некој зглоб. Го заебав рамото кога ја правев оваа вежба:
Направи пауза па се врати во теретана види дали повторно ќе те боли зглобот. Ако сеуште те боли, избегнувај вежби кои директно го оптеретуваат и замени ги тие вежби со некои полесни. Пример наместо бенч, вежбај ја истата вежба со еднорачни или на сајли.
--- надополнето: 28 август 2012 во 23:34 ---
Вака вежбав во Гладијатор и ги правев овие вежби кои ги правиш ти али немав некој ефект особено на првата и 4тата многу бавно зголемував и на тежина. Ги гледав Тоше Зафиров, Зоки Колевски тие користеа и сајли во нивните тренинзи и поради тоа почнав да ги практикувам и јас.
Сепак мислам дека и генетиката игра голема улога тука.
Нешто не правиш правилно, нема шанси од овие вежби да немаш ефект. Јасно дека професионалците вежбаат и на сајли и имаат сменето милион комбинации за да ја најдат онаа која највеќе им одговара ама основното јадро за вежбање на рамо се овие вежби. Обично луѓе кои имаат претрпено повреди на рамото или имаат долгогодишен стаж во теретана исто вежбаат на сајли и машини затоа што такви вежби помалку ги оптеретуваат зглобовите, а ако имаш развиено хронична болка во рамето тоа ти е во голема предност. Проблемот со сајлите и машините е што движењето кога го стегаш мускулот е потешко а кога го опушташ мускулот е полесно. За мускулен раст токму спротивното е подобро, бавно опуштање на мускулот со што поголема тежина = поголема траума на мускулот и поголем раст. Тука лежи предноста на слободен тег во однос на машина.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
To everyone

Пошто имав повреда на зглобов,кажете ми кај да земам и што да земам за заштита ? стегач,ракавици,нешто ?
 
П

Паган-др

Гостин
Избегнувај сајли и машини. Kористи што повеќе слободни тегови.
Хмм, зошто? Баш на некои вежби гледам да ги правам на машина/сајли отколку со бучици, полесно ми е да експериментирам со тежини, да не мислам дали ќе ми падне тегот, па после тоа да го спушам добро, да не се избалансирам итн.

edit: сега го прочитав тоа за стегање-опуштање на мускулот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom