90 % сум сигурен дека Ристе ќе одбие повик за у-21 .
Кој ти е тој Ристе?
Имајте на ум дека под знак прашалник е формата на Тричковски. Откако отиде за Белгија, се повреди и тек до пред недела дена не играше за својот клуб, до тогаш се опоравуваше од повредата... Пред 2-3 недели конечно се врати на терен но не за клубот туку против Литванија кога игравме (иако како што споменав во тој период за Бриж не играше поради повредата), и тогаш само едно полувреме одигра и тоа прилично слабо (после кога Хасани влезе на негово место целосно ја подигна играта, претходно Тричко многу слаб беше). Мислам дека грешка беше што воопшто играше Тричко, немаше потреба да се форсира, требаше да го остават (како и кај Бриж) да паузира за целосно да се опорави... Минатата недела конечно дебитира за Бриж, но одигра само 45 минути и самиот побара замена оти неможеше веќе да игра оти имал болки... Значи, очигледно уште го мачи повредата и уште не е целосно опоравен, така да незнам колку ќе биде фит за 2 недели, би требало да може да игра но прашање дали ќе игра на неговото познато ниво, или како Литванија ќе биде во слабо издание и само едно полувреме ќе може да игра...
Но ако е нешто за утеха, Хасани делува како добра замена за него (барем на Литванија одлично го замени)...