[quote="Казаки, post: 5263481, member: 51188"
1993 влеговме во ОН како ФИРОМ, ама таму го нема само САД главниот збор!
Абе ти вицови кажуваш или пробуваш да ме насмееш? Како баш со тие земји што не се членки на Нато и Еу а се советот на безбедност на обединетите нации до право на вето Кина и Русија не признаа под уставното име, А членките на еу и нато во Советот на безбедност на обединетите нации со право на вето Франција и Бријатанија сме фиром, а инаку признавањето од страна на американците на нашето уставно име се случи еден ден пред референдумот за територијална поделба, за намерно да пропадне и во едно негово интервју Колин Паул призна дека намерно била признаена Македонија под уставно име заради , нивни интереси а го видовме нивниот интерес како стана Скопје со сила над 20% рамковно население, и како Струга од доминатвно македонска општина стана доминатно рамковна општина. Толку го критикуваме истокот а тој не признава под уставно име и не ни кажува дека е добро за нас бивши учки да станат министри пратеници инт, а нашите толку посакувани западни партнери сме Фиром, не почитуваат одлуги од хаг дека треба Македонија да биде примена во нато и дека Грција ја прекршила времената спогодона а не Македонија, иронијата да биде поголема тој суд е создаден од истите тие што сега не ги почитуваат одлуките , од тие што го основале тој суд. Ни кажуваат колку ни е убаво што поранешни учки сега се министри и пратеници, ни кажуваат колку убав потег бил на бесими што арм положиле цвеќе на учк, како тоа бил храбар и визионерски потег види мајката, како јас не бев новинар па да го прашав амбасадорот зошто во чин на визионерство и лидерство америчката војска не положи цвеќе на паднатите борци на алка еда.[/quote]
Па така е бе братче... еден ќе те признава, друг не кога немаме јасен став дали со едните или другите!
а го видовме нивниот интерес како стана Скопје со сила над 20% рамковно население, и како Струга од доминатвно македонска општина стана доминатно рамковна општина.
Епа цело време тоа ти го зборувам... во Албанците видоа најсигурна продолжна рака и преку нив го „освојуваат“ Балканот!
Толку го критикуваме истокот а тој не признава под уставно име и не ни кажува дека е добро за нас бивши учки да станат министри пратеници инт, а нашите толку посакувани западни партнери сме Фиром
Епа се што лета не се јаде... Еве Турција зема замав, посебно економски, и што ако по 30 години бидиме некаков партнер на Турција?!
Да тие не признаваат под уставно име, па викаат дека дури и ние да го смениме нашето име, за нив ќе останиме Македонија, но пак ќе речам, се што лета не се јаде... од кај знаеш тогаш какви услови ќе постави Турција?
не почитуваат одлуги од хаг дека треба Македонија да биде примена во нато и дека Грција ја прекршила времената спогодона а не Македонија, иронијата да биде поголема тој суд е создаден од истите тие што сега не ги почитуваат одлуките , од тие што го основале тој суд.
Кога ги читаш Мирка, Миленко, Јанко и остала багра вака ќе се лажиш... Пресудата на судот во Хаг беше дека судот утврдил дека Грција ја прекрши привремената спогодба,
но судот не му наложува на Грција тоа да не го направи уште еднаш!
Ни кажуваат колку ни е убаво што поранешни учки сега се министри и пратеници, ни кажуваат колку убав потег бил на бесими што арм положиле цвеќе на учк, како тоа бил храбар и визионерски потег види мајката, како јас не бев новинар па да го прашав амбасадорот зошто во чин на визионерство и лидерство америчката војска не положи цвеќе на паднатите борци на алка еда.
Ќе ни кажуваат бе брат... кога ние не бевме паметни на време да се свртиме кон нив... наместо да му кажуваат на некој друг, сега нас ќе ни кажуваат... жалим случај... местото ни го зедоја „браќата“!