Едно евро ќе биде 75 денари?!

Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Ова не е лоша идеја, вака и функционираат доста развиени држави пример Шведска, Германија итн. Така ќе се влеваат дополнителни пари во буџетот на државата а и економскиот јаз помеѓу граѓаните ќе се намали.

Данокот за храната и акцизата за горивата да се намали, а за сметка на тоа да се качат даноците за сите пороци ( цигари, жесток алкохол, игри на среќа ). На овој начин би се зголемила куповната моќ на обичните граѓани а и преку дестимулација на користење пороци ќе се намалат девијантните појави и криминалот.
Одличен систем да се наградуваат паразитите , а да се казнуваат успешните. Топ (n)
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Одличен систем да се наградуваат паразитите , а да се казнуваат успешните. Топ (n)
На прв поглед изгледа така, ама не е така. Потребно е да се разгледа проблематиката подетално за да се увидат ефектите.
Да не заборавам, отвори си основи на економија и види како функиционира прогресивното одданочување.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
На прв поглед изгледа така, ама не е така. Потребно е да се разгледа проблематиката подетално за да се увидат ефектите.
Да не заборавам, отвори си основи на економија и види како функиционира прогресивното одданочување.
Не ме теши те молам, не ми кажувај како дел ос сумата ќе ми биде оданочена со 10% а дел одсумата со 15% а над таа сума ке ми биде над 20%%, не ми држи лекции по економија.Една од најдобрите даночни реформи во изманитиве 20 години е рамниот данок и данокот од 10% за повеќе работи. Овие две работи покажаа одлични резултати. Место мене да ми покачуваш даноци иди отпушти 50 000 администрација и така се вишок!!!
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Не дај боже да ни се случи толкава девалвација на денарот, на оваа инаку мизерна куповна моќ. Бенефит од тоа би имале само извозниците, додека на сите би ни паднал животниот стандард како во Србија ...
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
vidi ovaa e licitacija od rakav kolku ke bide evroto, prerano e za vakvo scenario no nemojte odma da otfrlate se e mozno, za period od nekolku godini najverojatno i ke se ostvari devalvacija (nisto ne e vecno) e koga potocno i vo kolkav iznos neznam verojatno negde pomegu 67-73, neznam zasto devalvacijata e kako tabu tema. Srbija ima veke nekolku godina deprecijacija (devalvacija) pa verojatno nasite cekaat kako ke pomine tamu, a znaete deka Skopje obozava da go kopira Belgrad vo sekakov opstestven kontekst i toa so vekovi se slucuva, taka da nemojte da se iznenadite mekoe utro i ova da se sluci
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Тешко нас ако го копираме северниот сосед во сферата на економијата, особено во фискалната политика..... ама како тргнале овие нашиве со задолжување не ме чуди и да им се приближиме. Зарем не им е доволен пример ова сега што се случува кај нив? Можно ли е надворешниот долг да им отишол близу 80% од БДП или само тресат од ракав овие од Вести Онлајн и Вечерње Новости? http://www.vesti-online.com/Vesti/Ekonomija/249401/Deli-nas-korak-do-bankrota.... имам налетано на податоци дека се околу 60%!? Но вчера гледав емисија на нивна ТВ, слушнав дека БНП им е 30 милијарди, што пак ги прави овие броеви точни!... Јавниот долг исто така висок - близу 60% БДП.... како и да е, во дип шит се и тие! Не им помогна многу флуктуирачкиот курс изгледа!?
Така да не гледам причина зошто би ги следеле!?
Е да! Кај нас 15-16 години фиксен курс... уште колку незнаеме, ама знаеме дека еден ден со оглед на состојбата во економијата и на микро и на макро план...ако бргу не помине кризава, веројатно ќе заврши со овој курс. Се има крај.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Не дај боже да ни се случи толкава девалвација на денарот, на оваа инаку мизерна куповна моќ. Бенефит од тоа би имале само извозниците, додека на сите би ни паднал животниот стандард како во Србија ...
A kako toa funkcionira vo Kina i naprimer porano vo Slovenija dodeka go imaa tolarot? Eve sega Slovenija go zema evroto i ekonomijata im propaga,ne mozat veke da ja klizaat valutata. Kinezite go pravdaat lizgačkiot kurs so toa deka ako ne go lizgaat juanot i kaj niv ke zaglavi ekonomijata.
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
A kako toa funkcionira vo Kina i naprimer porano vo Slovenija dodeka go imaa tolarot? Eve sega Slovenija go zema evroto i ekonomijata im propaga,ne mozat veke da ja klizaat valutata. Kinezite go pravdaat lizgačkiot kurs so toa deka ako ne go lizgaat juanot i kaj niv ke zaglavi ekonomijata.
Словенија колку толку, а за Кина да не збориме има домашно производство. Штом немаш потреба од увоз, а си голем извозник тогаш повеќе би одговарал лизгачки курс поради поттик и конкурентни цени во странство на извозниците. Ние претежно зависиме од увоз, па така би било колапс, повеќето продукти ќе ни поскапат.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
A kako toa funkcionira vo Kina i naprimer porano vo Slovenija dodeka go imaa tolarot? Eve sega Slovenija go zema evroto i ekonomijata im propaga,ne mozat veke da ja klizaat valutata. Kinezite go pravdaat lizgačkiot kurs so toa deka ako ne go lizgaat juanot i kaj niv ke zaglavi ekonomijata.
..занимлива споредба, но веројатно знаеш дека и врапче , а и Боинг 747 летаат, ама според сосема различни принципи...
--- надополнето: 28 август 2012 во 11:00 ---
Словенија колку толку, а за Кина да не збориме има домашно производство. Штом немаш потреба од увоз, а си голем извозник тогаш повеќе би одговарал лизгачки курс поради поттик и конкурентни цени во странство на извозниците. Ние претежно зависиме од увоз, па така би било колапс, повеќето продукти ќе ни поскапат.
...не претежно..., комплетно., единствената респектабилна жива пара која се појавува кај нас се дознаките на оние кои работат надвот. Типична гурбет економија. Во таквите девалвација е смртоносна болест..., кога веќе успеале мноогу долго време да имаат чврста врска со битна светска валута. Во Македонија тоа е единствената светла точка и успешна приказна од 1990 до ден денешен...зарем и неа ќе ја угасиме???;)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Тешко нас ако го копираме северниот сосед во сферата на економијата, особено во фискалната политика..... ама како тргнале овие нашиве со задолжување не ме чуди и да им се приближиме. Зарем не им е доволен пример ова сега што се случува кај нив? Можно ли е надворешниот долг да им отишол близу 80% од БДП или само тресат од ракав овие од Вести Онлајн и Вечерње Новости? http://www.vesti-online.com/Vesti/Ekonomija/249401/Deli-nas-korak-do-bankrota.... имам налетано на податоци дека се околу 60%!? Но вчера гледав емисија на нивна ТВ, слушнав дека БНП им е 30 милијарди, што пак ги прави овие броеви точни!... Јавниот долг исто така висок - близу 60% БДП.... како и да е, во дип шит се и тие! Не им помогна многу флуктуирачкиот курс изгледа!?
Така да не гледам причина зошто би ги следеле!?
Е да! Кај нас 15-16 години фиксен курс... уште колку незнаеме, ама знаеме дека еден ден со оглед на состојбата во економијата и на микро и на макро план...ако бргу не помине кризава, веројатно ќе заврши со овој курс. Се има крај.
Најверојатно и двете се вистините затоа и мрзам статистики од државни институации зошто манипулираат ненормално.

На пример нашиот центален долг е е 3,5-4 милијади евра или 35-40% од БДП.Али со општинскиот и долгот од државните компании долгот е поблиску до 6,2 милијади евра или 60% .

И проблемот е дека секој си зима различни податоци.

На пример на САД долгот на централната власт е 15 ТРИЛИОНИ долари али со 51 та држава и државните компании ( али ова се најчесто од услужен вид не како кај нас фабрики ) тој долг иде до 45 трилиони.

Сега ти земи која сакаш бројка.

Тоа што е важно е дека Србија 95% од буџетот им иде на плати,пензии,тековни трошоц.
Тоа е неиздржливо.Сега Србите ги трошат девизните резерви дека парламентот им даде моќ на владата да ги украде од нивната народна банка истите ,а трошат и 300 милиони од Рускиот кредит за железница кои они си го преземаа за тековни трошоци.
Чим ги потрошат парите ќе почнат да штампаат и тогаш сите ќе станат милијардери повторно.

Нас не чека истата судбина.Ако во следните 4 години не се намали државната админситрација од 50-100 илјади ( тоа значи да се отпуштат ) а нови да не се примаат и ние ќе доживееме колапс.Дали прво економски па финансиски или обратно ќе видиме.
 
Член од
23 мај 2012
Мислења
21
Поени од реакции
7
Грција уште од 2000 навака ветуваше дека ке даде над 150 милиони евра, за македонија без разлика кој да беше на власт во Македонија ни евро не доби, Плус со сите автопати што се прават во грција се заобиколува Македонија за да и наштети економски, и ако ти верваш дека , Грција сакала да инвестира во инфраструктура во Македонија си стварно наивно детиште, они најсреќни ќе бидат ние да пропаднеме економски, инаку да те прашам вака експертски, како банкротирана држава може да дава пари за изградба на инфраструктура на друга држава, или тоа се само твои пусти желби. Може ли банротирана држава каде што се кратат плати и пензии да финансира инфраструктурни проекти на нивниот најголем непријател на Балканот после Турција не биди детиште не верувај во приказни. Од што толку помош добивавме од Грција затоа кај економските експерти почнаа да ја викаат ,виртуелна помош од што беше очигледно многу реална.
Научи нешто на планот на симитис за економско уништување на Македонија па преслушај се што пишуваш.
Како што пишав, 1000 зошто - ниедно затоа. Само спин и одвлекување на вниманието настрана од проблемите.

Веројатно ти е спорен автопатот Игуменица - Александропули (a зошто би правела Грција автопат кон границата со Турција ако таа им е толку непријател?). Истиот е дел од Е90 кој се протега од Лисабон до Турско-Ирачка граница и не го измислиле грците за да ни наштетат на нас, тоа ти се прикаски за мали деца.
Делот од Солун до турско-грчка граница не само што не е штетен туку е и корисен за нас затоа што овозможува побрз и побезбеден транспорт на луѓе и стоки во правец кон Турција и обратно накај нас. Другата делница (Солун - Игуменица) повеќекратно го забрзува сообраќајот кон Италија, така да ако некој има штета од него тоа би можеле да бидат само Драч и, евентуално, Бар.
Што се однесува до делницата Демир Капија-Смоквица таа е дел од Паневропскиот коридор 10 (Салзбург-Солун виа Љубљана-Загреб-Београд-Скопје) и неговото нереализирање и одолговлекување и оди само на штета на Грција затоа што алтернативата на овој коридор е кракот кој оди од Ниш накај Истанбул и во целост ги заобиколува и Македонија и Грција.
Пет-60те милиони кои HiPERBги имаше одредено (a не само ветувано) за оваа делница тешко дека нешто ќе ги спасеа од кризата. (Патем истиот план HiPERB има предвидено и средства за модернизирање на патот од Саранда кон грчка граница, па зошто грците би инвестирале во Албанија кога и со нив си имаат проблеми).
Жално е шо и они се простаци ко нас и дозволија дневнополитички кyрташлаци да го одолговлечат реализирањето на овој автопат од кој ќар ќе имаме сите.

Дај да се вратиме на кираџиите, поинтересно е. :)
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Словенија колку толку, а за Кина да не збориме има домашно производство. Штом немаш потреба од увоз, а си голем извозник тогаш повеќе би одговарал лизгачки курс поради поттик и конкурентни цени во странство на извозниците. Ние претежно зависиме од увоз, па така би било колапс, повеќето продукти ќе ни поскапат.
Da no prasanje e kolku navistina sme produktivni za da go zasluzime ovoj kurs (edno se zelbi drugo realnost) da ne se doznakite od pecalbarite otide kursot, a do koga ke prakaat pari doma toa valjda e od mentalitetot koj mislam deka sepak se menuva zatoa vikam nekolku godini uste pa pricacemo
 

Kajgana Shop

На врв Bottom