Фан Клуб: Вардар

Член од
22 февруари 2009
Мислења
1.065
Поени од реакции
2.974
Збориме за оние „електронски“ сезонски карти, бидејќи јас имам обична сезона а не ми е оштетена, те прашувам за да не не си ме разбрал убаво.

едит: Океј, го најдов линкот, и мојата е меѓу „оштетените“ :)
FK Vardar
Napomena !
Starite vlaznici se menuvaat vo salonot na Tobacco na plostad Pela. potrebno e samo da ja nosite starata vleznica.
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Да сме имале младинска школа како што треба сигурно и ќе останел кај нас.... Али да не го тераме тој муабет.

Утре немаме право на кикс, мора да се победи ! Жалам за браќава од Тетово али ќе го претрпат и третиот пораз сезонава. :)
Ма да лани едвај еднаш ги тепавме иако имавме милион шанси у сите 3 натпревари..... Ранџеловиќ се пожалил на повреда така да можно е да не игра.
Карти за на Запад и утре ќе има на фонтана, најверојатно од следната утакмица ќе биде задолжителен влез само со членски ( што за мене и не е баш најдобра одлука али океј, раководството на групата си знае. Ако е нивна одлуката. )
 
DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Рутинирана победа, им наплативме што не мачеа лани на сите 3 утакмици :icon_mrgr:
Не играа премногу добро нашиве, али доволно за да победат, ги искористивме шансите што ги имавме. Освен головите плус 1-2 шанси имавме. Тетекс скоро и да немаа шанса, 1 на почетокот со глава некој шутираше крај гол, и една на крај од 5 метра коа му изблокираа шут нашите. Доста грубо играа Тетовчани, врз Хименез посебно, го утепаа човекот.... Голот кога го даде и се повреди, ама мислам не е нешто сериозно. Стојакович доста добар гол даде, со одличен шут од 20-25 метра. По мене мора да игра пред Маневски, многу повеќе брка, и покрива за разлика од сељанчето.

Очекував поголема бројка од Комити али тоа е, пак ќе кажам голема грешка ќе се направи само со членски ако се влегува на Запад. Многу ќе се одрази на бројката тоа. Али добро навивање имаше. Ако со ова со членските сака да се постигне квалитетот да се крене на сметка на квантитетот, тогаш потегот е полн погодок.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Го утепаа од мавање Хименез, сега сфатил каде дошол да игра фудбал.

Инаку Маневски е подобар од Стојаковиќ x2, многу знае да игра со топка и не ја пимпла како србинчево.

А Филип Петров со онакво однесување на терен според мене може слободно да си ги спакува куферите и да си бара пак клуб во странство. Добива шанса 20-30 минути, и наместо да ја искористи он дреме на терен, а кога ќе фати топка изиграва Меси.
 
Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.278
Поени од реакции
8.443
Инаку Маневски е подобар од Стојаковиќ x2, многу знае да игра со топка и не ја пимпла како србинчево.
povlekuj zborovite ili ne sme gleale ista utakmica :D
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
povlekuj zborovite ili ne sme gleale ista utakmica :D
Стојаковиќ ич не ми се допаѓа како играч, ич... Српска вонаби верзија на Снајдер, дошол во Македонија и мисли го фатил господ за муда...

Не може вие да го сакате Маневски кога уште пред да дојде не го сакавте. Дечкото стварно знае да игра, не губи топки, знае да додаде, буквално се има. А ова србинчево, освен голот ништо не направи, не дека очекував нешто од него во решен натпревар, али општо зборам.

Според мене со оваа формација играме многу добро, но и многу напаѓачки, и мислам дека Темелков треба да игра пред Оса/Стјепановиќ, а и отсуството на Ранѓеловиќ се осети многу на почетокот од натпреварот кога не можевме да сврземе две додавања.
 
Значи Маневски беше вишок денеска. Да искочевме со 10 на терен без Маневски истото ова ќе се случеше. Јас незнам за која игра со топка на Маневски ми објаснуваш кога топка не чепна. Акциите идеа стрикно по страните и на моменти знаеше Јове да се повлече во малце поназад. Јас дали 2 пати го заприметив Маневски со топка во нозе кај него а ти ми збориш за некоја мајсотрија.

Да србинот не изиграва ништо, за време на утакмицата зборев со еден човек што е дел од клубот и ми објасни колку благодарен играч е и колку е професионалец. У иста ноќ слушам 2 различни приказни за играчот па пошто знам дека зборев со играч близок до играчите а не ти како што се обидуваш одма да му удриш етикета србин е нечини. Па на кого да му верувам? И мислењето не ти се заснова на перформансите туку на тоа што е србин...
 
Како човек може и Мајка Тереза да биде, на терен е сосема поинаку. Денеска беше подобар, сите претходни натпревари ја пимплаше топката. Небитно, Вардар најдобрите партии ги има прикажано без Стојаковиќ според мене(лани првата полусезона, и оваа).
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Како човек може и Мајка Тереза да биде, на терен е сосема поинаку. Денеска беше подобар, сите претходни натпревари ја пимплаше топката. Небитно, Вардар најдобрите партии ги има прикажано без Стојаковиќ според мене(лани првата полусезона, и оваа).
Абе ни јас не го сакав ич на почетокот,но лани втората полусезона се што изигравме,а личеше на нешто он го направи.На почетокот му тргна добро,се повреди после и стварно беше камен.Како и да е во вториот дел од сезоната беше еден од подобрите.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.459
Лесна и рутинирана победа денеска...
Во братското дерби Вардар-Тетекс 4-0...
Тетекс поочајна одбрана неможе да има и искрено не ги гледам во прва лига идна година, мада во нападот се обидуваа да сторат нешто.
Нема што многу да се издвои освен головите. Нашиве ќе дадат некој гол и после ги мрзи да одат ебате...
Прв гол, нафрлување од слободен, одбраната на Тетекс плива во празно, налетува Костовски и лесно ја забива со глава за 1-0.
Втор гол, невидов баш најубаво, некој му ја даде на Георгиев, овој лесно си претрча го заобиколи и Јорде и погоди за 2-0. Ептен му се израдува на голот, а и ние се израдувавме што го скрши мразот.
Второ полувреме, конечно и Хименез го заслужи својот погодок. Излезе од косо пред Јорде и му ја бапна доле. Лошото е што го собраа од позади и не ми изгледаше дека е добро :eek::confused:
Неможеше да оди го изнесоа на носилки... Цело време подмолни фаули му прават играчиве од другиве екипи. Во Кичево неможеше да стане од фаули...
Тешко нас ако останеме без него. Според мене нема сомнеж, Хименез ни е најдобар играч сезонава...
Ако останеме само на Петров НЕМА ТЕОРИЈА да освоиме титула.
Четвртиот гол, ремек дело. Стојаковиќ му збибери сув лист од 30-тина метри на Јорде во горен лев агол :cuc:
Маневски беше камен денеска... Јове не покажува којзнае колку али знае да се најде на право место во право време...
Ранѓеловиќ го немаше денеска, а во одбрана почнавме со Бојовиќ. Во средина играше Оса... Другото беше исто од минатите мечеви.

Ние бевме во бројка 450-500 луѓе, а на полувреме се изретчивме пошто некои отидоа на јужна. Иако бројката не ме задоволи сепак навивањето беше чиста десетка. Тоа е тоа, извежбани момци, нема заебанција :D
Имавме и баклијада и некои пароли ама не видов што пишуваше. Повторно се скандираше од двете трибини нешто што многу ме радува. На цел стадион имаше околу 1 200 луѓе. Сретнав еден другар со кого почнав да исдам по утакмици во времето кога имаше големи поделби на трибината и бројката беше резилаци, и таков му викам ВИДИ КОЛКУ МАЛКУ СМЕ ДЕНЕС, и тој зачудсно ме гледа и ми вика ВАКВА БРОЈКА НИКОГАШ НЕ СУМ ВИДЕЛ :pos:
Војводи беа околу 70-тина по моја проценка.
Причина за слабата посета донегде се и членските, пошто беше најавено дека без членски нема влез па голем дел што не уплатија за членски не беа дојдени или седеа на јужна...
Незнам како ќе издржиме вака само со членски без карти за запад :tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom