Wikileaks и Julian Assange (генерална дискусија)

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.525
Поени од реакции
27.343
само чичо Југослав му е мајката,слушајте го човекот и отварајте очи (y)
Мислам дека ептен е забеган по Хазардските теории типов. Иначе некои работи држат вода. Што се однесува до парите со кои располага Турција, многу драматизира од причина што парите сами по себе, нема да му значат многу многу при судир со западот (па и со Русија). Види го чичко Гадафи како помина, види го чичко Садам како помина. Ќе им инсталираат демократија. Ќе им лапнат све што ќе има за лапање и ќе ги остаат сами да се дават.

Колку и да има Турција пари, прво и основно не можат да си го мерат со Евреите, второ, неможат да си го мерат со западот. 30 години дилање на Европска сцена е ништо во споредба на пример со 200 години црпење ресурси од колониите, продавање оружје и така натака. Едноставно ќе ги згазат кога ќе дојде време.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.525
Поени од реакции
27.343
Многу е полесно да се контролира мала земја, каде народот е поделен и било која земја воопшто каде населението е длабоко поделено. Оттука големите сили ја употребуваат оваа тактика насекаде во светот. Турција е прилично голема земја, која држи стратегиски битно место. Факт е дека Западот повремено ја помагаше Турција со цел да не дозволи Русија и Руското влијание да отиде премногу на југ. Но Западот, ниту Русија не смеат да си дозволат уште еден моќен играч на Блискиот исток. Затоа, Турција како во минатите 300 години ќе продолжи да оди надолу и надолу.
Знаеш, интересна работа, баш во овој документ се збори дека Ердоган имал обид да се приближи до Русија. И дека неколку недели после документов има најавено посета на Медведев на Турција. На кое ниво иделе разговорите незнам (ќе пробам да најдам таков документ) и во кој правец би се одвивала соработката, но ми се чини набргу после тоа се потпиша договор некаков за енергетска соработка и имаше некои најави за изградба на нуклеарка во Турција.

Влијанието на Русија во Турција воопшто не е занемарливо, со распадот на Советскиот Сојуз, доста Турци од Советските републики си ја побараа среќата во Турција. Тие што иделе на одмор во Турција (поготово Аланија, Анталија) може приметиле дека мештаните таму повеќе зборат Руски отколку Англиски. Да не навлагаме во влијанијата во сферата на подземјето, пошто тоа е веќе друга тема.

Зборот ми е дека Турција ја нарекуваат геоцентар на светската политика, во моментов самата по себе не е толку моќна да ја искористи таа положба, но потенцијал секако има. Некои сили (да не ги именувам сега, дека ќе ми замераат), како што јасно пишува во документот што е изложен, сакаат да го експандираат своето влијание во Турција. Тие сили во моментов е партнери на САД, но САД знае дека по превземањето на Турција, тие силе би се осамосталиле и би станале закана за нив. Истото го знае и Русија, пошто во Советската ера на големо шуруваше со тие сили.

Како што викаш, ниту САД ниту Русија, ќе направат све да спречат нова отоманска империја, но проблем се јавува со превземањето на контрола. Слично како и со Југославија, но со таа разлика што во времето на распадот на Југославија СССР беше пред распад и све помина во корист на САД. Во моментов Русија нема да дозволи толку лесно да и се испушти повторно низ раце предоворјето. Ердоган игра токму на оваа карта, слично на Тито, вртејќи ја опашката те на едната, те на другата страна, како му одговара во моментот. Ја ослабе армијата, а со тоа и влијанието на САД, но од друга страна предвреме го направи најголемиот ризичен потег, се скара со Израел, за да привлече симпатии во муслиманскиот свет (Иран побрза да го поздрави овој потег). Тоа го направи режимот на Ердоган многу ранлив. И на крај како крем на сето тоа дојде раскинување на односите со Франција.

Доколку нема добра позадина која неможам да ја видам, мислам дека овие потези ја буткаат Турција во многу длабоки гомна.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.525
Поени од реакции
27.343
Добро би било да оставиш и некој коментар да ја знаеме твојата поента за видеово, како ти го интерпретираш. Лесно е да се стави видео само... Ердоан се кара нешо, преводот е очаен. Типот што пред некој ден наредил бомбардирање на село при што загинаа десетина цивили, меѓу кои жени и деца, збори за човекови права.... Ова ти е шоу, ништо повеќе, секој си го интерпретира како сака.
 
Член од
23 март 2005
Мислења
284
Поени од реакции
133
Ердоган: „една минута, една минута..........
Господине Перез, вие сте постар од мене
вашиот глас е многу висок
јас знам дека причината за вашиот висок глас е следната:
Од психолошка причина виновните секогаш гласно зборуваат. Мојот глас нема да биде толку висок како вашиот. Треба да знаете... Кога се работи за убивање, тогаш вие точно знаете како се убиваат луѓе. Јас точно знам, како ги убивате или бомбардирате децата на плажите. Двајца премиери, кои се од вашата земја, ми пренесоа важни работи. „Кога влеговме. ќе влеземе во Палестина со тенкови, (ќе) се чуствуваме многу среќени.“ Тоа го кажаа ваши стари премиери. И тие ми дадао цифри. Јас ќе ги кажам и имињата, сигурно има некој меѓу вас, кој сака да знае... Јас ги осудувам и луѓето кои на тие луѓе би аплаудирале, затоа што да се аплаудира на тие што деца убиваат, за мене е исто така газење на човечките права. Погледнете, ние не можеме пред вистината да ги затвориме очите. Јас направив овде многу забелешки, но ќе спомнам само две, затоа што не можам да зборувам за сите.....
Како прво, како прво...ве молам не ме прекинувајте....
Во вашиот 6-ти заповед стои: „Не треба да убиваш“, а вие убивате. Како второ, погледнете, ова е исто така многу интересно, еден евреј Гилад Адсамонинг кажал: „Варварските израелски злодела се полоши од најлошите sверства“, покрај тоа професорот Оксофорд-универзитетот за интернационални односи, Ави Шалом, кој е активен во израелската војска, изјави за англискиот веснкик Гардиан, Израел ја доби наградата за земја на злочинците, (го прекинуваат....)... и на Вас исто така ви се заблагодарувам многу и од сега за мене ДАВОС е завршен и јас повеќе овде нема да доаѓам и тоа Вие да го знаете...мене не ми давате да зборувам, а тој (Перез) зборуваше 25 минути, а јас 12 минути , така не оди...


Седат двајца претседатели, на две Држави, две национални држави (впрочем скоро сите држави во светот се такви, освен Мкд), кои и двете ги кршат основните човечки права, едната со постара историја на кршење на човечките права, другата со понова историја на кршење на човечки права, при што ниту еден човек од двете земји до ден денес не одговарал пред некој трибунал или суд....за злосторствата кои таму биле напраени. Финтата е дека и двете држави, за да бидат денес тие кои се, поминале преку стотина илјадници или илјадници лешеви на други националности или луѓе со друга вера. Тоа е бруталната вистина за сите моќни и богати држави во целиот свет! А тука се обвинуваат, кој е поголем убиец...

Што се однесува за глобалните врски на блискиот исток и на Балканот, работите не се толку едноставни и праволиниски, во многу моменти тотално се нелогични. Се игра тежок покер со човечки животи, народи, при што ве уверувам дека крај со крај често не може да се врзе, кој кого, зошто подржува... Навистина не гледам смисол да полемизирам, да барам логики, сојузи, врзувам крај со крај итн.. кога што и да зборуваме тука, губи смисол, кога ќе ја сватиме нашата немоќ и нашата статика во сето тоа.

Единствено важно во сите случувања е да се направи реална проценка каде се движат работите... На пример: Кој има или добива ексклузивно право и од кого, да убива луѓе од друга вероисповест или националност во интерес на државната стабилност, а на кого тоа право му се ускратува... Во врска со тоа треба најпрво да гледаме во нашето соседство... Сепак најголемиот проблем за нас е дека Македонија како држава е само еден обичен статист, просто кажано во целава игра една слаба карта и таква ќе остане уште долго време. Ние водиме полтика, „Наведната глава -сабја не сече“, при што до ден денес немаме ама ниту една единствена држава во светот, која ни дава грб за остварување на нашите национални интереси. Една од реалните причини е дека ние сме буквално угушени и од внатре и од сите страни од страна на појаки „карти“, кои за сметка на нас се станати појаки во истријата. Апропо национални интереси, смешно е да се зборува за нив на државно ниво, кога ние сме сведени на тоа, да бараме начин како да преживееме. Тоа е релноста, колку и да не ни се допаѓа. Што побрзо тоа го сфатат и најголемите патриоти, толку подобро за македонскиот народ. Зошто? Затоа што не е власта, било која да е, од која што реално можеме да очекуваме РЕАЛНИ национални резултати или заштита на националните интереси, туку единствено националниот кодекс и самоорганизација на најниско ниво помеѓу народот. Што значи тоа во пракса, мислам дека не може да биде Тука тема на разговор.

ПС. Секое спроведување на сила на „европски“ стандарди, само го уништува и македонскиот национален интерес и македонската економија. Се што е поврзано со повеќе КУПУВАЈ од страна, а помалку продавај на страна е самоуништување, итн,итн.....
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.525
Поени од реакции
27.343
Дечко потполно те разбирам и потполно се согласувам со тебе, се до оној момент кога викаш дека е беспредметно да се толкуваат светските текови. Па токму тие текови можат да го едуцираат народот кон кого да се наслони, пошто нели ние ги немаме тие, што играат место нас(како Ердоан и Перез за Турците и Израелците). Ако ние видиме кој од големите играчи како игра, ќе знаеме каде да се упатиме. Имам чувство дека тие што треба да го знаат тоа, не е само дека не го знаат, туку најверојатно и не им е гајле за тоа.

Ако веќе правиш такви споредби, патот од статист до глумец па се до режисер сценарист и продуцент, ќе го постигнеш само ако добро ја НАУЧИШ претставата. Ние и покрај сите заебанции, успеавме да дојдеме повторно на сцена. Сме поминале многу време надвор од игра, сеуште се адаптираме, сме си ја заборавиле улогата. Сеуште малце луѓе се свесни, но повеќе се одколку што беа пред 10 години. Ние така како што викаш и функционираме, па и форумот е дел од тоа. Ние всушност така сме функционирале и под Турско 550 години. Време е да отидеме еден чекор понапред во „самоорганизирањето“, зошто ниското ниво како така функционира, но не ни дава доволно маневарски способности.

Прашање е колку е добро да се шири апатија, што на моменти може да изгледа согледувањето на реалноста. Ситуацијата е тешка, многу тешка, но во никој случај не е безизлезна. Паѓањето во апатија многу лесно би можело да значи предавање, откажување од националното чувство, што впрочем е и целта на пропагандата што се шири последните 100 и повеќе години (од типот на Македонче).

Што се однесува до појаките карти, да им беа толку јаки картите, колку што сакаат да претстават, ниту ќе имаше толку Бугари на форумов, ниту пак Грците ќе ни правеа проблем за името. Тоа не ги кажува нашите слаби позиции, тие се и без тоа очигледни, туку тоа го покажува нивниот блеф. Токму тој блеф е најголемата опасност за нас. Дека така тие ќе делуваат во паника удирајќи додека сеуште не сме скрос свесни. Дека ниту еден аналитичар не можеше да предвиди дека Македонија толку ќе опстане самостојна. Сите не умреа пред време. Како поминува времето, така нервозата кај нив расте.

Затоа и викам дека моментално Македонија како држава е исправена пред најголемата опасност во нејзината модерна независност. Ова им е можеби последна шанса да не уништат. Можеби како и секогаш последниве 100 години меѓусебните караници што ги имаат, повторно ќе не спасат, но морам да напоменам дека, нивните караници на крај сепак нас највеќе не чинат, пошто по правило ние се наоѓаме на првите борбени линии борејќи се брат против брат.

Без разлика каква е Македонија и нејзиното владеење, имај во предвид дека голем ризик е да дозволиме да ја изгубиме државата, со тоа идеме еден чекор назад, кој можеби ќе биде пресуден за нас како народ.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
Знаеш, интересна работа, баш во овој документ се збори дека Ердоган имал обид да се приближи до Русија. И дека неколку недели после документов има најавено посета на Медведев на Турција. На кое ниво иделе разговорите незнам (ќе пробам да најдам таков документ) и во кој правец би се одвивала соработката, но ми се чини набргу после тоа се потпиша договор некаков за енергетска соработка и имаше некои најави за изградба на нуклеарка во Турција.

Влијанието на Русија во Турција воопшто не е занемарливо, со распадот на Советскиот Сојуз, доста Турци од Советските републики си ја побараа среќата во Турција. Тие што иделе на одмор во Турција (поготово Аланија, Анталија) може приметиле дека мештаните таму повеќе зборат Руски отколку Англиски. Да не навлагаме во влијанијата во сферата на подземјето, пошто тоа е веќе друга тема.

Зборот ми е дека Турција ја нарекуваат геоцентар на светската политика, во моментов самата по себе не е толку моќна да ја искористи таа положба, но потенцијал секако има. Некои сили (да не ги именувам сега, дека ќе ми замераат), како што јасно пишува во документот што е изложен, сакаат да го експандираат своето влијание во Турција. Тие сили во моментов е партнери на САД, но САД знае дека по превземањето на Турција, тие силе би се осамосталиле и би станале закана за нив. Истото го знае и Русија, пошто во Советската ера на големо шуруваше со тие сили.

Како што викаш, ниту САД ниту Русија, ќе направат све да спречат нова отоманска империја, но проблем се јавува со превземањето на контрола. Слично како и со Југославија, но со таа разлика што во времето на распадот на Југославија СССР беше пред распад и све помина во корист на САД. Во моментов Русија нема да дозволи толку лесно да и се испушти повторно низ раце предоворјето. Ердоган игра токму на оваа карта, слично на Тито, вртејќи ја опашката те на едната, те на другата страна, како му одговара во моментот. Ја ослабе армијата, а со тоа и влијанието на САД, но од друга страна предвреме го направи најголемиот ризичен потег, се скара со Израел, за да привлече симпатии во муслиманскиот свет (Иран побрза да го поздрави овој потег). Тоа го направи режимот на Ердоган многу ранлив. И на крај како крем на сето тоа дојде раскинување на односите со Франција.

Доколку нема добра позадина која неможам да ја видам, мислам дека овие потези ја буткаат Турција во многу длабоки гомна.

Како и обично Грциве имаат среќа, играта на Ердоган ја турка Грција во преден план и најверојатно ќе ја искористи новата ситуација.

Ако продолжи оваа ситуација, сите долгови ќе им бидат избришани и ќе ја снабдат со ново оружје.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.525
Поени од реакции
27.343
Како и обично Грциве имаат среќа, играта на Ердоган ја турка Грција во преден план и најверојатно ќе ја искористи новата ситуација.

Ако продолжи оваа ситуација, сите долгови ќе им бидат избришани и ќе ја снабдат со ново оружје.
Па почнаа веќе нели:
http://forum.kajgana.com/threads/wtf-Грците-купуваат-400-Американски-М1А1-abrams-тенкови.54734/
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740


Статија околу планот на Британците да го апсат Асанж. Сè напишано на лист хартија. Цајканов ќе лета од работа, така ми се чини. :rolleyes:
 
B

Black Guard

Гостин
Ајде редно време е да го решат,оти бега од судење ако е невин ќе докаже.
--- надополнето: 26 август 2012 во 19:17 ---
Асанж зборува за обидот на САД да го обвинат кривично, како и да упатат критики до него за објавувањето на документите.
Загрозување Национална безбедност не само на САД,туку и цело НАТО.

Тоа е кривично дело.

Ако ја објавам тајни податоци за владава,што преговараат преку неофицијални канали,во што се умешани ќе бидам херој или ќе наштетам??
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Ако ја објавам тајни податоци за владава,што преговараат преку неофицијални канали,во што се умешани ќе бидам херој или ќе наштетам??
Ако тоа што го прават е на штета на граѓаните, имаш (во најмала рака морална) обврска да ги објавиш податоците.
 
B

Black Guard

Гостин
А ако е на штета на безбедноста како во случајов,ако со тоа инфо ги потхранам и соседиве и им олеснам работа(а документи за мкд имаше)-ако одиме по таа логика обичниот контакт помеѓу адвокат и професор во скандинавија кој доведе до стокхолмски договор за Мир помеѓу израел и арапите-ако тоа беше обелоденето??

Ако обелодениме дека владата на Грците им нуди Северна Македонија???

Првен треба да се прашаме дали Северна е оправдано,оти географски Е,а ако не се чепка идентитет,азбука и не е проблем.

Класифицирани податоци не се објавуваат ни под разно во јавност-ирелевантно е дали нешто е на штета или не,ДА морална обврска е ама МОЈА значи моја субјективна пресуда...ако грешам??
 
B

Borg_Drone

Гостин
Асанж ќе биде мртов.Порано или подоцна.Сепак, за поздрав е неговата храброст....ако не го убијат сега, тогаш ќе го убијат кога ќе излезе.Малку ли тајни агенти има најмоќната држава?
 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
129
Поени од реакции
23
Асанж ќе биде мртов.Порано или подоцна.Сепак, за поздрав е неговата храброст....ако не го убијат сега, тогаш ќе го убијат кога ќе излезе.Малку ли тајни агенти има најмоќната држава?
Храброст?Типот е обичен медиумски профитер и профитер на грбот на напатената параноична раја.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Веќе има неколку скандали каде што официјални лица се обидуваат да се правдаат. Ќе биде интересно да се види кој од големиве криел пари, зарајувал данок, крадел, се здружувал со други, итн.

Leaks reveal secrets of the rich who hide cash offshore

Exclusive: Offshore financial industry leak exposes identities of 1,000s of holders of anonymous wealth from around the world

Millions of internal records have leaked from Britain's offshore financial industry, exposing for the first time the identities of thousands of holders of anonymous wealth from around the world, from presidents to plutocrats, the daughter of a notorious dictator and a British millionaire accused of concealing assets from his ex-wife.

The leak of 2m emails and other documents, mainly from the offshore haven of the British Virgin Islands (BVI), has the potential to cause a seismic shock worldwide to the booming offshore trade, with a former chief economist at McKinsey estimating that wealthy individuals may have as much as $32tn (£21tn) stashed in overseas havens.

In France, Jean-Jacques Augier, President François Hollande's campaign co-treasurer and close friend, has been forced to publicly identify his Chinese business partner. It emerges as Hollande is mired in financial scandal because his former budget minister concealed a Swiss bank account for 20 years and repeatedly lied about it.

In Mongolia, the country's former finance minister and deputy speaker of its parliament says he may have to resign from politics as a result of this investigation.

But the two can now be named for the first time because of their use of companies in offshore havens, particularly in the British Virgin Islands, where owners' identities normally remain secret.

The names have been unearthed in a novel project by the Washington-based International Consortium of Investigative Journalists [ICIJ], in collaboration with the .

Guardian and other international media, who are jointly publishing their research results this week.

The naming project may be extremely damaging for confidence among the world's wealthiest people, no longer certain that the size of their fortunes remains hidden from governments and from their neighbours. ...

http://www.guardian.co.uk/uk/2013/apr/03/offshore-secrets-offshore-tax-haven?CMP=twt_gu
.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom