Ердоган: „една минута, една минута..........
Господине Перез, вие сте постар од мене
вашиот глас е многу висок
јас знам дека причината за вашиот висок глас е следната:
Од психолошка причина виновните секогаш гласно зборуваат. Мојот глас нема да биде толку висок како вашиот. Треба да знаете... Кога се работи за убивање, тогаш вие точно знаете како се убиваат луѓе. Јас точно знам, како ги убивате или бомбардирате децата на плажите. Двајца премиери, кои се од вашата земја, ми пренесоа важни работи. „Кога влеговме. ќе влеземе во Палестина со тенкови, (ќе) се чуствуваме многу среќени.“ Тоа го кажаа ваши стари премиери. И тие ми дадао цифри. Јас ќе ги кажам и имињата, сигурно има некој меѓу вас, кој сака да знае... Јас ги осудувам и луѓето кои на тие луѓе би аплаудирале, затоа што да се аплаудира на тие што деца убиваат, за мене е исто така газење на човечките права. Погледнете, ние не можеме пред вистината да ги затвориме очите. Јас направив овде многу забелешки, но ќе спомнам само две, затоа што не можам да зборувам за сите.....
Како прво, како прво...ве молам не ме прекинувајте....
Во вашиот 6-ти заповед стои: „Не треба да убиваш“, а вие убивате. Како второ, погледнете, ова е исто така многу интересно, еден евреј Гилад Адсамонинг кажал: „Варварските израелски злодела се полоши од најлошите sверства“, покрај тоа професорот Оксофорд-универзитетот за интернационални односи, Ави Шалом, кој е активен во израелската војска, изјави за англискиот веснкик Гардиан, Израел ја доби наградата за земја на злочинците, (го прекинуваат....)... и на Вас исто така ви се заблагодарувам многу и од сега за мене ДАВОС е завршен и јас повеќе овде нема да доаѓам и тоа Вие да го знаете...мене не ми давате да зборувам, а тој (Перез) зборуваше 25 минути, а јас 12 минути , така не оди...
Седат двајца претседатели, на две Држави, две национални држави (впрочем скоро сите држави во светот се такви, освен Мкд), кои и двете ги кршат основните човечки права, едната со постара историја на кршење на човечките права, другата со понова историја на кршење на човечки права, при што ниту еден човек од двете земји до ден денес не одговарал пред некој трибунал или суд....за злосторствата кои таму биле напраени. Финтата е дека и двете држави, за да бидат денес тие кои се, поминале преку стотина илјадници или илјадници лешеви на други националности или луѓе со друга вера. Тоа е бруталната вистина за сите моќни и богати држави во целиот свет! А тука се обвинуваат, кој е поголем убиец...
Што се однесува за глобалните врски на блискиот исток и на Балканот, работите не се толку едноставни и праволиниски, во многу моменти тотално се нелогични. Се игра тежок покер со човечки животи, народи, при што ве уверувам дека крај со крај често не може да се врзе, кој кого, зошто подржува... Навистина не гледам смисол да полемизирам, да барам логики, сојузи, врзувам крај со крај итн.. кога што и да зборуваме тука, губи смисол, кога ќе ја сватиме нашата немоќ и нашата статика во сето тоа.
Единствено важно во сите случувања е да се направи реална проценка каде се движат работите... На пример: Кој има или добива ексклузивно право и од кого, да убива луѓе од друга вероисповест или националност во интерес на државната стабилност, а на кого тоа право му се ускратува... Во врска со тоа треба најпрво да гледаме во нашето соседство... Сепак најголемиот проблем за нас е дека Македонија како држава е само еден обичен статист, просто кажано во целава игра една слаба карта и таква ќе остане уште долго време. Ние водиме полтика, „Наведната глава -сабја не сече“, при што до ден денес немаме ама ниту една единствена држава во светот, која ни дава грб за остварување на нашите национални интереси. Една од реалните причини е дека ние сме буквално угушени и од внатре и од сите страни од страна на појаки „карти“, кои за сметка на нас се станати појаки во истријата. Апропо национални интереси, смешно е да се зборува за нив на државно ниво, кога ние сме сведени на тоа, да бараме начин како да преживееме. Тоа е релноста, колку и да не ни се допаѓа. Што побрзо тоа го сфатат и најголемите патриоти, толку подобро за македонскиот народ. Зошто? Затоа што не е власта, било која да е, од која што реално можеме да очекуваме РЕАЛНИ национални резултати или заштита на националните интереси, туку единствено националниот кодекс и самоорганизација на најниско ниво помеѓу народот. Што значи тоа во пракса, мислам дека не може да биде Тука тема на разговор.
ПС. Секое спроведување на сила на „европски“ стандарди, само го уништува и македонскиот национален интерес и македонската економија. Се што е поврзано со повеќе КУПУВАЈ од страна, а помалку продавај на страна е самоуништување, итн,итн.....