Wikileaks и Julian Assange (генерална дискусија)

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
дека ги објавлие скроз сите не ми се верува искрено затоа што едноставно нема да биде интересно ако искочи се одеднаш на интернет а и не им оди во прилог на викиликс.. сигурно имаат оставено некои од „големите залаци“ со кои би можеле едноставно да ги имаат во раце одредени функционери претседатели преговарачи и така натака... П.С мн ми е мило што ги издаваат гомнариве и што на светот му се прикажува барем дел од она што америка го прави... замислете што се имаат викиликс како документи а тек па само да знаеме колку работи немаат! - и да.. мислам дека светот малце повеќе треба да се се информаира за викиликс пошто има голем број на луѓе ширум светов што не ни слушнале што е тоа викиликс што прават која има е дејност задача и слично.. од мене имаат целосна подршка за она кое го прават.

П.С што се деси со асанж?
 
М

Мартин`

Гостин
403 Forbidden

Access is forbidden to the requested page:
Please forward this error screen to www.cablegatesearch.net's WebMaster.

П.С што се деси со асанж?
Мислам дека е во Британија во притвор (или само домашен притвор) важно стравува да не го екстрадираат во Шведска па они да го дадат на САД зошто дури тогаш ако го направат тоа Асанж дебело ќе нае.. како што и самиот кажува или доживотен затвор или пак смртна казна ..
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
М

Мартин`

Гостин
Член од
24 март 2010
Мислења
15.288
Поени од реакции
26.168
Доста им е на Америте веќе. Тие документи си ја постигнаа целта, се случија неколку револуции.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Фино е чувството дека она што цел народ го чувствуваше, го насетуваше и го препознаваше како предизборна непристојност на моќник над жртва, сега се материјализира во една публикувана доверлива телеграма. Браво за Викиликс! Сликата одеднаш доби димензии, боја, стана видлив секој потег, поинаква смисла доби секој изговорен збор

З начи, бившиот амбасадор на САД во Македонија имал свој миленик во македонската политика со кого негувал заемна љубов кон американските стратегиски планови и цели сврзани со оваа наша земја. Баш и не е некое изненадување! Како и во случајот со несреќниот Ерван Фуере, и бившиот американски амбасадор отворено пројавуваше симпатии кон една сорта политичари. Сепак, откривајќи ни ја содржината на неговата „љубовна“ депеша до Стејт департментот, Филип Рикер, сега заменик на помошник-секретарот за надворешни работи, фактички призна дека официјален Вашингтон во последниве неколку години најдиректно учествува на македонските избори. Има свој омилен сатрап на кого му обезбедува силна пропагандна логистика.

Фино е чувството дека она што цел народ го чувствуваше, го насетуваше и го препознаваше како предизборна непристојност на моќник над жртва, сега се материјализира во една публикувана доверлива телеграма. Браво за Викиликс!

Сликата одеднаш доби димензии, боја, стана видлив секој потег, поинаква смисла доби секој изговорен збор. Па, се разбира дека господин Рикер никогаш не го интересирале ни правото ни правдата ни слободата на медиумите. Тоа значи дека го боли уво и за вистина, реалност, народна волја. Тие теми за Вашингтон се најобичен спин, валкана пропаганда со јасна цел - полесно да се урне една легитимно и слободно избрана политичка програма. Со други зборови, „слободарски“ Вашингтон, администрацијата на миротворецот Барак Обама, нема потреба од пријатели и партнери, ами од слуги и робови што беспоговорно извршуваат зададени команди. Како беше? „Црвенковски имал задача да ги прифаќа дури и најлошите предлози на медијаторот Нимиц“?! И после се чудат што на „државникот“ ем „кормилар“ никако да му тргне крај онолкава харизма на која паднал дури и еден Рикер! Ќе му тргне богами по вакви сознанија на оној ден! Тамам на секои шест месеци да предизвикува Вашингтон по една парламентарна криза.

Значи, утврдивме дека Американците си нашле свои лојални слуги во Македонија. На Бихаќка се. А ним не им оди. Поради интегритетот и моралот. Ги немаат. А кој самосвесен народ избира партал од човек за свој претставник? Особено ако ЗНАЕ што уште може да очекува од него. Затоа на последните избори, кои по нивна желба се одржаа пак предвреме, не им се посреќи. Боже, боже, колку само пари и човечки ресурси беа впрегнати во проектот „устанак“! СДСМ дури имаше и два изборни штаба. Едниот на Бихаќка, вториот во американската амбасада. „Независните“ новинари ординираа деноноќно заедно со шефот на американскиот изборен штаб, штанцајќи преку А1 и „Шпиц“ убиствена пропаганда. Очигледно сé било ставено на една карта. Командата била: Ожежи! А јас и моите пријатели се чудевме зошто толку ачик глупаво игра тимот на Фаворитот. Ги познаваме луѓето - не оставаа впечаток на безнадежно тупави. Барем пазеа што зборуваат. Токму тоа ни создаваше забуна. На пример, не ни беше јасно врз основа на кои и какви процени си мислеа дека овој пат ќе победат. А беа цврсто убедени. И види ти се молам кој им бил планот! Си мислеле дека Рикер ќе им ја одработи победата, оти, нели, победите не паѓале од небо, туку некој морал да ги одработи. Бре, мрзи низаедни! Уште не научија дека волкот има дебел врат зашто сам си ја тера работата. Уште си мислат дека Америка е магичен збор што отвора рајска врата.

А сега нешто за резултатите од операцијата „пропаганден напалм“. Фактот дека марионетиве се поразени наспроти целокупната логистика што им ја даде Рикер, наспроти вреќите пари што беа уфрлени во медиумскиот простор токму во предизборието и налудничавиот ангажман на целокупниот кобајаги невладин сектор во полза на Фаворитот, ја прави оваа изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ уште позначајна. Дури и историска. Всушност, победата оди на контото на Македонците како колективитет. Тие како самосвесни граѓани му покажаа среден прст на драгиот Рикер, кој сега очигледно им е лут. Ете го, само што дојде во нова улога, својата фрустрација ја излеа во една недипломатска изјава. Вели, прашајте си ги лидерите. По него Вашингтон ни испратил катиљ ферман во кој пишувало: Не нé интересирате зашто не нé слушате! Миеме од вас раце!

Искрено, многу се притресов. А гледам и сите други. Прво, зашто од нашиот стратегиски партнер и досега добивавме само заушки, иако дури и оние нехаризматични Груевски и Иванов на секој национален празник нé дават со цитати од американски претседатели божем тие се македонски дејци. Второ, зашто во согласност со искуствата, можеме да очекуваме сенешто. Може нема да истурат овој пат напалм-бомби врз нашите домови зашто со нив сме тргнале во освојувачки и поробувачки војни, ама и таа можност не треба да се исклучи.

Како и да е, Македонија на последните избори магистрираше на Рикер и пропагандата како таква. Остана уште докторатот. Се гледа дека оваа есен нé чека макотрпна работа. Пак околу името. А каде што е името, таму е и нашиот идентитет. Дудучињата во медиумите на кои со многу пари и труд свири газдата отаде Атлантикот, веќе почнаа со валкана пропаганда. Се обидуваат да го обескуражат народот така што ќе му внесат сомневање во политиката што декларира непроменливост на името на државата. Викаат дека јас сум си го сменила ставот и сега сум подготвувала терен за промена на државното и национално име. Ме мрзи да преповторувам, ама ќе кажам дека никој жив во оваа земја нема право да смени државно и национално име. Ни по Устав, ни по меѓународни конвенции, повелби и сл. Никој жив од оваа генерација не може да преземе на себе таква одговорност да ги збрише животите на оние што веќе ги нема и на оние што уште не се родиле. По барање на ЕУ, Македонија стигна до Советот за безбедност при ООН. Советот, самото име му кажува, го третира од тој момент ова прашање како безбедносно. Македонија со резолуцијата 817 прифати да почне разговори со Грција за да ги надмине меѓусебните разлики. До 2001 година, разговорите се водеа по принципот на двојна формула. Компромисот се состоеше во едно име за домашна, надворешна (мултилатерална и билатерална) употреба, а уште едно алтернативно име што ќе ги задоволи Грција и нејзините поклоници. По 2001-та, која исто така била проект на Вашингтон, а со помош на „булдожер“-дипломати, Македонија ги загуби преговарачките позиции во спорот и беше на пат, онака ничкосана и обесчестена, да го прифати грчкото „ерга омнес“ спакувано во „пакетите“ на Нимиц. Не бидна така зашто во 2006 година победи автохтона политичка опција. Со многу маки и труд грчкиот план за уништување на македонската нација не успеа. Преговорите се вратија на двојната формула. Не како пред десет години, ама, сепак се на маса. Ќе видиме дали крајот на преговорите ќе донесе пристоен предлог. Ќе видиме дали народот ќе го прифати. Оваа страница од идната македонска историја веќе има свои антијунаци и јунаци. На една страна е македонскиот народ, а на другата свирчињата што одработуваат за туѓи интереси. Вториве тешко дека ќе можат да ги избришат од колективната меморија проектите „востание“, „антиквизација“, „македонската енциклопедија“ пропагирање на грчките национални позиции и негаторска политика, подривањето на темелите на државата преку компромитација на националните институции, предизвикување политички кризи и сл. Драги мои, не е сé во парите, моќта и пропагандата. Доказ за тоа се паднатите империи. Тие редовно бидуваат на крајот поразени од некоја одважна генерација на слободарски и етички мотивирани колективитети.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9211956171&id=13&prilog=0&setIzdanie=22371
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.575
Поени од реакции
27.409
http://wikileaks.org/gifiles/docs/1116544_re-insight-for-internal-use-only-on-pain-of-agony-.html

Според Wikileaks, не е планирано само раскинување на односите со Израел, туку и со САД.

Еве некои извадоци од преписката на материјалот што го објави Wikileaks. Станува збор за преписка на 20ти Февруари 2010 година, 3 месеци пред инцидентот во Мави Мармарас:


George Friedman wrote:

Turkey would break with israel and the united states. It would
be an opportunity erdogan is looking for.

Iran would become more visible but not more powerful. A year
after the attack its underlying weakness would still be there
and its dependence on turkey greater.

Some nuggets from meeting:

Kissinger believes that the Israelis are in a panic and will
attack Iran. Erdogan has made it clear to him that he plans to
break with Israel at some point and reorient toward the Islamic
world.
Иначе ова се дел од документите што се чекаат подолго време да бидат извадени од wikileaks, со кои се потврдува одалечувањето на Турција не само кон Израел и Франција, туку и кон САД. Исто така доста се шпекулира за податоци кои ќе докажат дека САД и Израел доста активно ги подржува Курдите(со разознавачки податоци и техника) не само во Северен Ирак, туку и во Турција.

За сите кои сметаат, дека Турција би можела да биде нашиот патоказ кон НАТО и дека САД би ја одбрала Турција кога од другата страна го има Израел.....
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.413
Поени од реакции
5.080
Многу е полесно да се контролира мала земја, каде народот е поделен и било која земја воопшто каде населението е длабоко поделено. Оттука големите сили ја употребуваат оваа тактика насекаде во светот. Турција е прилично голема земја, која држи стратегиски битно место. Факт е дека Западот повремено ја помагаше Турција со цел да не дозволи Русија и Руското влијание да отиде премногу на југ. Но Западот, ниту Русија не смеат да си дозволат уште еден моќен играч на Блискиот исток. Затоа, Турција како во минатите 300 години ќе продолжи да оди надолу и надолу.
 
B

Bonux

Гостин
само чичо Југослав му е мајката,слушајте го човекот и отварајте очи (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom