Има освета затоа што психата на партнерот кој е изневерен смета дека кога двајцата се договориле да започнат љубовна врска, тоа за нив значи дека и двајцата треба да се лишат од слобода за имање други љубовни врски и штом едниот го прекрши договорот, другиот се чувствува дека е излажан или изневерен и затоа сака да го казни прекршувањето на договорот, бидејки бил повреден, почнал да чувствува омраза према особата која го повредила и сака да и врати за болката која му ја нанела и да издејствува некаква правда.
Се додека човекот создава врска со таква идеологија, (пример, дека кога си со една жена, мора само со таа да си искажуваш љубов а со други ти е забрането односно сам се одрекнуваш, исто и жената тоа го очекува од тебе и таа се одрекува од друга љубов или секс со други мажи) нема да се намали тоа чувство или потреба кај човекот од одмазда поради тоа што неговиот партнер го "изневерил" и му нанел психичка болка.
И според мене црквите само го поттикнуваат, оправдуваат и зголемуваат тоа своеволно лишување од слобода, при склучување на бракот, бидејки нели, кога ке влезат во црква двајцата кои стапуват во брак, ветуваат дека се откажуваат од влегување во љубовен чин со други партнери, а уствари не се свесни дека своеволно се лишуваат од некаква слобода, и автоматски се ставаат во некакво доброволно ропство на несмеење да се направи нешто затоа што самиот си го ветил дека никогаш нема да го направиш. А сите ние знаеме дека забранетото секогаш е попривлечно од она што ти е дозволено, бидејки човекот сака да истражува, да бара нешто ново, па тоа туѓото му се гледа и како многу повозбудливо баш поради тоа што е забрането, а секој од нас некогаш посакал да прекрши некое правило. Нема човек што низ својот живот не посакал некоја туѓа жена, или ако е во брак, некоја друга жена освен својата.
Човекот се раѓа како слободно суштество, и неговата природа го влече кон апсолутната слобода, да може се што ке посака да направи, и да не се ограничува или затвара, заробува. Сите ние знаеме колку им било мачно на нашите предци во турското ропство, и што све дале за слободата, дури и животот не им бил поважен од слободата, а ние со склучување на браковите, самите, доброволно, со своја волја, без некој да не присили си се лишуваме од слобода. Дали треба повеќе значење да и дадеме на слободата што мислите?
Мислам дека како за промена кон подобро треба да има закон за љубовна слобода исто како што е слобода на говор и сл. да има слобода на љубов или слобода на љубовни врски и да се укинат старите и затуцани права и обвски за кои потпишуваме при склучување брак, и да се укинат ветувањата во црква или во др. религиозни објекти.
Човекот треба да искажува љубов секогаш секаде и со секого,кога тој ке посака, да биде слободен како што бил слободен кога се родил и само кога ние ке се ослободиме од тие предрасуди за прељуба и сл, ке бидеме поисполнети со љубов и разбирање, бидејки нема да ни биде важно ако една од многуте жени со кои си искажуваме љубов, создаде љубовна врска со некој друг маж, бидејки ке имаме љубов во изобилие, а нема само да добиваме љубов од една особа, туку од многу.