Фан Клуб: Реал Мадрид

katalonec5

Mes que un club
Член од
8 декември 2008
Мислења
1.020
Поени од реакции
121
Беше, имаше реакција од Валенсија, стигна и Мурињо да признае дека се во право. Или читате/гледате само она што ми е по кејф.
--- надополнето: 24 август 2012 во 17:18 ---

Барса против Интер(ЛШ) имаше севкупно посесија 54 минути, изгуби 3-1.
Барса против Реал Мадрид (копа дел реј) имаше посед 52 минути изгуби 1-0.
Барса против Рубин Казан (ЛШ) имаше посед преку 60 минути изгуби 1-0.

Ебати поседот. Ебати резилот.
Што е поентата на овие постови кај што ги набројувате 3-4 утакмици кој Барселона ги изгуби, а имала поголем посед?? Нема резултат оваа игра?? Стилот е тој, истиот тој и донесе на Барселона повеќе титули од што ти имаш прсти на рацете и нозете заедно. За тој посед збориш?? За истиот тој што можете да му се спротиставите еднаш во 6 утакмици?? Не разбирам, сериозно....

Иначе добра утакмица вчера, се надевам на уште подобра на реваншот. Мило ми е што прекинаа со закачки и мавање како предхотните утакмици....Дури и после фаулите имаше извинувања што беше реткост минатите утакмици.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.540
Поени од реакции
2.592

еми нашиве прекинаа со мавање(според тебе) а што е со вашите и со глумата? сега ми стана јасно оти Санчес го преставивте како огромно заслиување..
а Бускетс-стара прича...
 
Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
И немојте веќе дека Ди Марија го немало на големи утакмици :rolleyes:

Таман ќе се разврзе добра дискусија Зрно и компанија ќе ја усерат :cautious:
 
Зрното

Еден е Зизу.
Член од
17 септември 2007
Мислења
1.526
Поени од реакции
634
Барса против Интер(ЛШ) имаше севкупно посесија 54 минути, изгуби 3-1.
Барса против Реал Мадрид (копа дел реј) имаше посед 52 минути изгуби 1-0.
Барса против Рубин Казан (ЛШ) имаше посед преку 60 минути изгуби 1-0.

Ебати поседот. Ебати резилот.

Момчее
Jose Mourinho Era.
Barca 5-0 Real
Real 1-1 Barca
Barca 0-0(0-1) Real
Real 0-2 Barca
Barca 1-1 Real
Real 2-2 Barca
Barca 3-2 Real
Real 1-3 Barca
Real 1-2 Barca
Barca 2-2 Real
BARCA 1-2 REAL
Barca 3-2 Real
Real ?-? Barca

Момче јас ти викам кога че ги надиграме НАДИГРАМЕ Барса дали че биди некош то додека ја имаат ова генерација.
 
Член од
26 август 2009
Мислења
1.880
Поени од реакции
2.258
И немојте веќе дека Ди Марија го немало на големи утакмици :rolleyes:

Таман ќе се разврзе добра дискусија Зрно и компанија ќе ја усерат :cautious:
Проблемот кај ДиМарија е што кога ќе отвори простор со неговите дриблинзи оној завршниот пас му е тежок фејл, а убаво знаеме како може добро да асистира. Ваквиот недостаток особено доаѓа до израз против појаки екипи, е сега дали е до напаѓачите што не се отвораат за да му одговара на него или до него како да игра под притисок, не знам баш.
Инаку за искористување грешки од Валдез е махер и воопшто пресинг играта му е страшна. Не ќе беше исто Валдез да погрешеше на некој друг играч.
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.778
Поени од реакции
30.640
Абе ''десен'' еден, дај пуштај го тоа Модриов не се прави Евреин :pos:
Повеќе томови книги може да се направат за трансфер сагите на Модриот (Челзи, ПСЖ, Реал...) од колку за Хари Потер или Господарот на прстените.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.593
Поени од реакции
14.402
Пепе се вратил денес на тренинзи, ќе видите колкава огромна разлика ќе има кога тој ќе игра во реваншот, Албиол вчера одигра океј, али не е тоа тоа, тандемот Пепе-Рамос е ептен уигран, и далеку посигурна ќе биде одбраната со него.
--- надополнето: 24 август 2012 во 20:49 ---
 
Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Пепе се вратил денес на тренинзи, ќе видите колкава огромна разлика ќе има кога тој ќе игра во реваншот, Албиол вчера одигра океј, али не е тоа тоа, тандемот Пепе-Рамос е ептен уигран, и далеку посигурна ќе биде одбраната со него.
Вчера баш поради слабата координираност на стоперите примивме 2 евтини гола. Првин Рамос наседна на финтата на Иниеста а при третиот гол Албиол со Кедира не покрија како што требаше и Чави излезе сам баш на местото каде што треба да покрива Рамос :unsure:

Можеме да и дадеме 2-3 гола на Барса но со лабава одбрана како вчера толку и ќе примиме. Ме прави среќен фактот што без игра им даваме голови...што порано не беше така. Губевме неколку класика по ред без да постигнеме гол.

На реваншот очекувам да дадеме пак први гол ... со опоравен Пабло колку толку поцврсти сме позади.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.593
Поени од реакции
14.402

И коментаров на видеово, колку е само точен еј.
I just feel that Cristiano is the best but he doesn't have the team to support him like Messi have with Barcelona. In every Classico ronaldo scores but his team doesn't back him up. They always let Barca score back and when RM lose, people say Ronaldo is shit. 1 person can't carry a team, yes we need a goal scorer which is Ronaldo but we also need defense and again RM doesn't have that

На реваншот очекувам да дадеме пак први гол ... со опоравен Пабло колку толку поцврсти сме позади.
Пабло е онаа нормалната страна на Пепе, таа иначе не се појавува за време на натпреварите. :LOL:
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
, тандемот Пепе-Рамос е ептен уигран, и далеку посигурна ќе биде одбраната со него.
ауу не! :)

За мене дааааааалеееееку од уиграни се Пепе и Рамос. Цела ланска сезона јадев трици за тоа и уште не ме демантирале! Уиграни беа Пепе и Карваљо, штета што Карваљо се повреди и му замина возот.

Португалциве беа сличен тип на фудбалери, Карваљо беше „шефот“ а Пепе го надополнуваше. Двајцата со скоро исти карактеристики одлично функционираа. Рамос е многу поразличен играч од Пепе. И тој е одличен техничар, но мене не ми се вклопува со Пепе, бар уште не. Нему му одговара партнер ко Пике, затоа и добро функционираа на ЕП.

Вчера Рамос и Албиол беа супер како тандем. Е сеа правеа грешки но тоа бе индивидуални, не заради неусогласеност. Рамос за пеналот, а Албиол (класика) коа три пати му ја подаде на Алонсо кога овој имаше по двајца играчи на Барса позади себе.

Индивидуално Пепе е кока кола за Албиол, нормално. :)
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Првпат да дискутирате за Албиол волку,а дискусијата да не е во контекст на ментални пореметувања:D
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716

OMG !!! :eek:

Го клонирале Ди Марија !? Докторот од O'Clone конечно успеал!!! Сега Жаде ќе се заљуби у овој клонираниов !? :cautious:

п.с. не е фотомонтажа ! :D

п.п.с. Замислете ја фацата на Валдез кога ја видел сликава! :pos:
 
Па овој едниот вчера беше позади гол,за тоа се збуни Валдез не за друго:P
Иначе што е финтава?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom