Како да го размрдаме и подобриме подфорумот за Фотографија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Во подготовка е и посебна галерија кај што ќе може да ги изложувате вашите дела, нешто во стилот на Flickr...

Мислам подобро и поедноставно е да се направи само еден подфорум "Портфолија", и таму да ги постираме нашите дела...
 
И јас мислам дека треба да се подсредат темите и некои од нив да се спојат или стават како подтеми Сега за сега ми текнува 4 главни теми во кои после би се отвориле подтеми

Фотографска опрема
тука може подтеми за тела, објективи, осветление, поинт енд шот апарати, новости од светот на фотографија, берза на фото опрема

Фотографски софтвер
овде би го префрлил и Фотошоп кој како тема е на друго место на форумот како и теми за други програми за преглед и обработка на слики

Фотографии
тука може да се отворат поддтеми за портрети, пејсажи, урбана, макро..... фотографија како и можеби некоја тема за најдобра фотка или избор на фотка на месецот...

Помош и известувања
Прашања и одговори за фотографија, теми за почетници совети за набавка и користење, известувања за настани од областа на фотографијата, изложби, конкурси, семинари, активности на клубови....
 
Тема: Секси фотографии од кајганџики :icon_lol:.
 
На секој член дајте подарок професионален фотоапарат :)
 
- Посебен подфорум за туторијали?
Ми се допадна ова, јас ништо незнам а сакам да научам како и 50 % од другите членови на форумот :)
 
Го сменив насловот на подфорумот од „Фотографија“ во „Фотографија и видео“ и креирав подфорум „Видео и продукција“, со цел да отвориме простор и за аматерите (и професионалците) кои се занимаваат со снимање видео и пост-продукција. Ако се занимавате со видео, слободно почнете да отварате теми и да го пренесувате вашето знаење и во овој подфорум :)
 
Па не е лошо да има теми со туторијали, има доволно професионалци на форумов, а има исто и аматери што сакаат да научат нешто. Некои ситници што ме интересирале порано сум читал по странски форуми, зошто да го нема истото тоа тука. Почнувајќи од најосновни работи, т.е. од нула, пример што е бленда, како функционира, експозиција што е.... такви работи, појаснување на поими, па посложени работи итн итн... Ова само еден предлог од мене, значи дефинитивно добра идеја би била таа за подфорум со туторијали :)
 
Почнувајќи од најосновни работи, т.е. од нула, пример што е бленда, како функционира, експозиција што е.... такви работи, појаснување на поими, па посложени работи итн итн...
Ова веќе го има... :)
 
може еден подфорум каде ке се споделуваат линкови за сите натпревари и конкурси за фотографија низ цел свет од аматерски до професионални, со кратко објаснување што како.
 
Еве една супер тема, на која се објавуваат фотографии, без разлика дали сте професионалци или аматери. Dialy Macedonia, во рок од 2 дена има 150 страни со слики...
Посетете ја: http://forum.kajgana.com/threads/daily-photo-macedonia.64041/#post-5377290
 
А некогаш да се организираат собири за групно сликање на пр ете 2-3 сликари или дај боже повеќе да се организираме да одиме на пр Пелистер и да сликаме
 
А некогаш да се организираат собири за групно сликање на пр ете 2-3 сликари или дај боже повеќе да се организираме да одиме на пр Пелистер и да сликаме
Буљаши се бе, еднаш викав да се собереме за ноќно фотографирање - никој не се пријави.
Или можда се плашат од темницата? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom