Како да го размрдаме и подобриме подфорумот за Фотографија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.310
Поени од реакции
34.711
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Слободно давајте предлози, макар тоа значело и масовна реорганизација на овој под-форум. Греота е покрај толку аматери (и по некој професионалец) љубители на фотографијата, овој подфорум да има мала активност. Водени од вашите искуства на другите дедицирани форуми за фотографија, кои промени би сакале да ги видите во ова катче? Слободно пукајте со предлози:

- Поинаква категоризација на подфорумите?
- Воведување на посебен дел наменет за „Видео и продукција“?
- Организирање фото (и видео) натпревари на одредена тема?
- Посебен подфорум за туторијали?

Ју нејм ит.

Во подготовка е и посебна галерија кај што ќе може да ги изложувате вашите дела, нешто во стилот на Flickr...
 
Галерија да... организирање на натпревар... конкурс

Категории (теми) пејзажи, мртва приорода, автопортрети, долга експозиција - симболична награда објава на кајгана на најдобрата - натаму можете маички или еве ајде еден апарат или опрема да дадете на најдобриот.

Ова се само расфрлани идеи кои први ми паднаа на ум
 
Да се направи подфорум во Фотографиjа т.н Instagram/PicMonkey каде корисниците ќе постираат интересни слики а наjдобрите (според броjот на лаjкови) ќе добиваат некоjа симболична награда :)
 
Организирајте натпревар , со одредена тема ( пример скопје ) + може да се додаде некој одреден фотошоп ефект (тилт шифт ) , со одредени правила, димензија на фото и презентирајте ги најуспешните на сајтот на кајгана со име и презиме за сите да ги видат . помотивирачко од тоа здравје !!!!
 
Задача за неделата, конкурси, натпревар...нешто што ќе инспирира да се излезе надвор и да се фотографира. Награди за задачите во вид на токени (беџеви, поени, левели)...
 
Нема некоја опција за директен аплоуд на слики од хард диск? вака прво треба на некој фајл хостинг да аплоудирам па линкот од таму да го ставам овде.... нешо ко вејзбук
 
Аматерки натпревари, зададена тема ама со слика без измени никакви , чисто само од апарат + дотерани димензии на зададена големина. Во ред нека има и натпревари со уметничка дотерани слики со фотошоп, лајтрум и останато ама да не се меша со натурал сликите. Природно и силиконско има разлика нели :D
Исто да нема слики постари од датумот на објава на натпреварот, сите имаме дигитални албумчиња од патувања, летовања, зимовања... Ако се рече да с еслика цвеќе нема белки да гледаме кокичиња и качунки што некој ги сликал во јануар-фебруар. тоа што има сега тоа.
--- надополнето: 23 август 2012 во 10:40 ---
Нема некоја опција за директен аплоуд на слики од хард диск? вака прво треба на некој фајл хостинг да аплоудирам па линкот од таму да го ставам овде.... нешо ко вејзбук
Има приајтеле прикачи датотека таму долу десно опција ама не бива да серверот и дискот се оптеретува со се и сешто. Лично бар така мислам. Имаш толку многу сервери по нет, си правиш профил во два клика, си правиш албуми ...
 
тематски фотоконкурси, симболични награди (фотограф на неделата) , директен upload на фотографии со стандардизирана резолуција, фото на денот,неделата и месецот на првата страна на кајгана
 
Задача за неделата, конкурси, натпревар...нешто што ќе инспирира да се излезе надвор и да се фотографира. Награди за задачите во вид на токени (беџеви, поени, левели)...

Ова е добра идеја, задача на неделата, да се размрдаат малце форумџииве. Може да воведете некој трофеј за фотографија (да се освојува со одреден број на допаѓања во соодветните теми, ако може да има таква опција) да биде морална сатисфакцијата. :) Исто, супер би било да има подфорум за туторијали и како што пишаа погоре, може најдобрите да ги ставите на порталот, така ќе се промовира и форумот уште повеќе :)
 
- Организирање фото (и видео) натпревари на одредена тема?

Во подготовка е и посебна галерија кај што ќе може да ги изложувате вашите дела, нешто во стилот на Flickr...

Комплетно се слагам со ова...Еве на пример еднаш неделно да има зададено одредена тема и ние да постираме наши фотографии, па да ги коментираме и сл...Или конкурс на одредена тема кадешто еднаш неделно ќе се бира најдобра фотографија...
И ова со галеријата исто е супер идеја...
 
Ова со најдобра фотографија ми е ептен комунистичко решение ... доколку сакате да има поголем интерес како што пишав погоре најубаво е да изберете поголем број фотографии на одредена тематика и да ги постирате на сајтот за да може и да се промовираат самите фотографи а и поголем и помотивирачки ефект има кога 10.000 луѓе ќе ја видат фотографијата отколку 10 члена што ќе лајкнат и како награда ќе добие форум поен . Зашто да не ги презентирате на сајтот , кога слично нешто направија идивиди и презентираа аматерски фотографии ... мотивирајте ги членовите да излезат и да фотографираат и да има ефект тоа фотографирање + ќе ја презентираат македонија преку фотографија на читателите на кајгана ,За 1 форум поен никој нема ни да излезе да слика..на крај не е ова фотошоп секција каде за 3 секунди се прави креација и се победува со истата :) ... make a difference !!!
 
Подфорум со туторијали, , трикчиња, посебни теми за разни техники и слично. Мислам дека на еден куп луѓе можи да им е интересно а и корисно.
 
Не сум многу упатен во фотографија, ама вака гледајќи од страна и читајќи го од време на време, мислам дека премногу под-форуми има. Можеби ќе биде подобро да се направи реорганизација на тоа ниво..

А да, и дефинитивно галерија. Не прикачување слики на тема, туку баш галерија.
 
Може да се организираат неделни натпревари со различни теми и техники. Не мора да има награди туку само онака за мотивација и натпреварување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom