Одбегни користење на пан-скан камера и непотребно играње со зумот. При монтажа не употребувај претоп од кадар во кадар освен ако се јави потреба од временско разграничување на кадрите, Обичниот рез или пак "drop-in" ќе му даде една поголема динамика на целото видео посебно ако користиш покуси по времетраење кадри при монтажата, не подолги од 3 секунди.
--- надополнето: 15 ноември 2012 во 10:24 ---
Еве нешто и од мене. Поодамна е работено како проба за 3д компосит, снимено на хрома позадина вметнато во 3д виртуелна сцена колку да се види дали ќе испадне нешто, Имајки предвид дека сам работев речиси се и дека е чиста проба, мене од технички аспект не ми изгледа воопшто лошо.