Јас би сакал нешто да прашам, баш лаички...
Значи, Си-еН-еН вели дека сме во групата најлоши економии во критериум невработеност, определени медиуми ја пренесуваат веста како што ја пренеле, па прашав дали економијата се злоупотребува политички или сето тоа е испреплетено како свински црева, или...
Но, не е важно тоа сега...
Друго ми беше мислата...
По форумов, со текот на годините, се развиваа разни дискусии, та 2008 била година со незнам ти каков раст, та чиста фантазија, та статистиката велела БДП растел, ова она, суфицит, дефицит... едни велат напредуваме, други велат назадуваме... зависи кому како му чини.
Е, сега прашањето е: Што е тоа од таа семоќна статистика, велелепни информации за успеси или пропаст, пак зависи кому како му чини, кога мене како граѓанин ми е се исто?
Се ми е исто во смисла дека некои работи со мојот приход сеуште неможам да си ги допуштам, но, од друга страна, не сум нити сиромашен?
Јас тврдам дека се е исто подолго време.
Заклучокот е дека сите лажат и си ја вртат водата на својата воденица. А состојбата е таа каква што е веќе подолго време, а, како ми се чини, таква и ќе стане уште долго време.