Кајганџиско дарување крв

  • Креатор на темата Креатор на темата B_O_K_I
  • Време на започнување Време на започнување

B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Има ли кандидати за дарување крв. Се ми се врти дека имаше некоја акција од страна на кајгана за дарување, но беше пред многу време. Па мислам дека е време да се собереме и направиме хумано дело. Бидејки немам многу дарувано крв и ми е многу криво што не сум одвоил мал дел од времето да го сторам тоа и да спасам нејчиј живот а и искрајно да си кажам имам малце фобија од игли ама тоа не е оправдување, почуствував потреба да дарувам крв. Е сеа би ми било поубаво да се собереме повеќе души и да спасиме нечиј живот. Датумот и времето ке се утврди одпосле доколку има заинтересирани :).
 
Мале,отепајте ме,ама само немојте да ме терате крв да давам!
Не си ја давам крвта,тоа ми е од професорката по биологија втиснато во глава да не си ја давам...одкај да знам,кој и за колку ќе ја продаде во Индонезија,Кина,Тајланд....
 
Мале,отепајте ме,ама само немојте да ме терате крв да давам!
Не си ја давам крвта,тоа ми е од професорката по биологија втиснато во глава да не си ја давам...одкај да знам,кој и за колку ќе ја продаде во Индонезија,Кина,Тајланд....

''facepalm''
 
Samo ako dadat sloboden den od kajgana :P...se salam
Bi daruval krv zasto da ne Rh 0 pozitiv ;)
 
Хиперактив, напушти ја темава.
Твоето просто мислење навитина не и доликува на една дискусија која се води во 2012 година, особено не од едуциран човек со пристап до интернет.
 
Еве и јас сум за, од наредната недела веќе сум во Скопје. Често давав крв но во последните 7-8+ месеци немам давано, а уште 2 дарувања ме делат од 10тиот пат со кој во случај да не знаете има многу бенефиции.
 
имам 16 години... смеам ли да дарувам крв на оваа возраст? а баш би сакал
 
Ќе организираме акција, ама сега не е добро време според мене. После 15. септември, да се вратат луѓе од одмори...
Се согласувам не е баш добар периодов. Ич не го земав ова во предвид :cautious:
 
А на 15 години, баш сакам да давам крв..а и да запознаам некој кајганџија у живо + прошетка до скопје нема да биде на лошо :)
 
А на 15 години, баш сакам да давам крв..а и да запознаам некој кајганџија у живо + прошетка до скопје нема да биде на лошо :)
како шо ми напишаа на мене... потврда од родител треба само:)
 
имам 16 години... смеам ли да дарувам крв на оваа возраст? а баш би сакал

баш сакав да поставам вакво прашање: има ли крвта старост
на пример и ова: имам 66 години...смеам ли да дарувам крв
По што се разликува,ако се разликува крвта на 16 и 66 години.
Еве за очите знаеме,млади гледаат и влакно во јајце,
а стари ни јајце во седало или под кокошка.
----------------------------------
Акцијава ви е супер идеја ,но јас би препорачал друга идеја
Да почекате малку,сега да вршите подготовки и „кампања“
а акцијата да започне некаде на почеток на идната година,
и да трае шест месеци,со финиш на плоштадот со концерт,
Кајгана-дарување крв-Кајгана хепеинд-концерт
Кајгана - форум на солидарноста,Кајгана без граници
А се во знак на 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
Како благодарност на сите земји што му помогнаа на овој град
во тие тешки моменти,да им се испрати-врати по неколу единици-кеси
од нашата нова скопска крв-ова се разбира со помош и на Црвениот крст.
Да се поканат и гости,младинци-студенти од сите тие земји,но и некој
работници што го градеа градот,а и рудари што ги откопуваа настраданите.
Секако во тоа време и млади војници кој први и најмногу помогнаа во се.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom