Nice
Фала.
Иначе, ова нека биде лекција за сите нас, не само за мене. Јас графичката ја однесов кај двајца сервисери (кои и ги почитувам), а и сите што ги прашував ми викаа "Чим покажува розеви линии и смрзнува, фрли ја"/"Графичката или работи или не работи, фрли ја". А гледам и на форумов се даваат слични совети за повеќето работи...
И ете, не било така. Ипак, сум дал околу 200 евра за неа на време, ќе си ја проверам цела прописно, ако треба и сам. И ете, ми се исплатеше. Еден мал отпорник, малце одлемен, цела графичка да поебе. И ако не проверев, ќе фрлев пари за џабе. Така да, мој совет од ова - проверувајте се темелно, ако прашате други, бидејќи не е нивно, ќе ви го дадат најлесниот совет: "купи ново".
--- надополнето ---
Мех, радоста беше кратка...пак истите розеви линии и замрзнување. Што е чудно, бидејќи од завчера вечер па се до сега, компјутерот работеше непрестано, гледав филмчиња и играв по некоја игра и немаше апсолутно никаков проблем...
Што ме наведе да помислам дали нешто друго можеби е проблемот?
Го отворив напојувањето, испадна дека два кондензатори се отидени...исто така, еден од SS кондензаторите на матичната мислам дека е отиден, тој до PCIe слотот. Тешко е да се види и примети...
Утре ќе го вратам на сервисот и ќе видам што ќе испадне.