Кој е Бог?

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Зошто го зезате ЗОТЕ? Во право е, освен модерна Европа и (денешна) Северна Америка, нигде на друго место змејот не претставува нешто негативно. Ги имате Азија, Јужна Америка, и Африка.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ах не, не си ме разбрал.

Јас баш сметам дека Господ е насекаде, и се држам до зборовите на Исус лично, дека не е во нашите храмови од тули и камења, туку насекаде околу нас.

Ме интересираше ти како ќе го интерпретираш сето тоа.

Значи храм воопшто не е потребен, така?

Дали Храм е и џамијата и црквата?
Храмот е потребен но дали тој денес ја обавува улогата која ја имал или ја обавувал од пред 2000 години? Тоа јас го потенцирам. Порано храмот служел да ги просветли луѓето затоа што 90% биле неписмени а еден само бил учен и доаѓале да се просвелтат. Денес можам слободно да кажам дека интернет е огромна база на знаење и секој може да прочита и да научи што сака. И денес населението е 90% писмено и може да се едуцира и да ја бара вистината и сам да испитува и да доаѓа до вистината. Затоа што не случајно и господ исус хртистос рекол да се пазите некој да не ве излаже и погрешно да ве научи, затоа се треба да испитате дали е од отецот или од лукавиот. Епа така треба секој човек ако има виситнска вера и се приджува на христијанското учење да прави.

Но дали денес христијаните можам слободно да каам во целиот свет ги почитуваат учењата на христос и дали живеат христијански живот? колку за овие 20 години цркваа му објаснила и го подучила ова наеление како треба д аживее и што значи прав верник?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

Хмм, ако целото знаење ни е на дофат преку интернет, тогаш се наметнува ставот дека верските храмови се вишок и финансиски неисплатливи.

Во прилог на ова оди и болдот што си го напишал.

Доаѓаме до момент дека секој сам треба да си ја спознае вистината, и да научи да разликува добро од лошо.

А тоа е веќе дел од некои други учења. Или се лажам?
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Доаѓаме до момент дека секој сам треба да си ја спознае вистината, и да научи да разликува добро од лошо.

А тоа е веќе дел од некои други учења. Или се лажам?
Не се лажеш. Филозофијата (општо), учи дека духовноста е нешто кое секој човек индивидуално го искусува, препознава и одржува/цени/величи.

А духовноста, покрај другото, нуди пат до некаква вистина (пак, субјективна, и во очи на искусителот, независна од искуствата на другите).
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Хмм, ако целото знаење ни е на дофат преку интернет, тогаш се наметнува ставот дека верските храмови се вишок и финансиски неисплатливи.

Во прилог на ова оди и болдот што си го напишал.

Доаѓаме до момент дека секој сам треба да си ја спознае вистината, и да научи да разликува добро од лошо.

А тоа е веќе дел од некои други учења. Или се лажам?
Сакам да кажам дека секое време си носи нешто свое. Не може да се работи на принципи од пред 2000 години времето те гази што би рекле. Затоа и овде што ние комуницираме го правиме во тоа модерно време. Информациите одат побрзо, побрзо се живее, а црквата не презема ништо да го просветли народот кој бајаги е отиден во погрешен правец.

Еве приемр како е животот на младите во цел хриситјански свет

http://www.tportal.hr/fotoprica?GalleryId=17774

и сега дали овие живеат христијански? Утре ќе отидат во црква и дали тоа е верник? Епа стално викам а тоа го пишува и во билијата дека на две столици не може да се седи. Не може да се служи на два господари.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Еве приемр како е животот на младите во цел хриситјански свет

http://www.tportal.hr/fotoprica?GalleryId=17774

и сега дали овие живеат христијански? Утре ќе отидат во црква и дали тоа е верник? Епа стално викам а тоа го пишува и во билијата дека на две столици не може да се седи. Не може да се служи на два господари.
Што им фали на луѓето во сликите? I don't get it.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Што им фали на луѓето во сликите? I don't get it.
Ах.....па за христијанството млади и разголени луѓе кој се забавуваат се синоним за грев, развратност....неморал и слично.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ах.....па за христијанството млади и разголени луѓе кој се забавуваат се синоним за грев, развратност....неморал и слично.
Работата е што не се ни разголени, а атмосферата изгледа како летна, што некој дури и би очекувал да бидат разголени.

Повеќе голотија ЗОТЕ ќе најде во католичко училиште него на сликиве.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ако си го проучил христијанството ќе видиш што е угодно на бога а што не е.

ова сигурно не е угодно

http://www.taratur.com/node/36133
Бре!! На Бог не му било угодно двајца луѓе да имаат секс на отворено!? :tapp: Демек Бог црвенее од срам? Или може му се присакува и нему? Сексот e најприродното и најдоброто нешто кое ни го дала природата. Религиите со својот извртен и малоумен светоглед го демонизираат и го прават наводна пречка за духовноста.
Навистина не ми е јасно како упорно некој неможе да укапира дека за сезнајно и семоќно битие е апсурно да постојат неугодни и непотребни нешта! Затоа што сезнајност значи да ги знаеш сите можни исходи кој се случиле, се случуваат или ќе се случат! А семоќност значи можност да ги смениш истите!
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Од кога тоа зголемувањето на семејството не е богоугодно?
ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ЈУДА
Глава 1

17 А вие, возљубени, спомнете си ги зборовите кажани порано од апостолите на нашиот Господ Исус Христос;
18 зашто ви кажаа: „Во последно време ќе се јават потсмевнувачи, кои ќе живеат според своите безбожни страсти.
19 Тоа се оние што се одделуваат, телесни расположени луѓе - кои немаат Дух.
20 А вие, возљубени, изградувајте се себеси врз вашата пресвета вера, и молете се во Светиот Дух,

ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ЕФЕСЈАНИТЕ
Глава 2

1 И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови,
2 во кои живеевте некогаш според векот на овој свет, според кнезот на воздушните сили - духот, кој дејствува сега меѓу синовите на непокорноста.
3 Меѓу овие, и ние живеевме некогаш во своите телесни страсти, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите и бевме по природа чеда на гневот како и сите други.
4 Но Бог, Кој е богат во милост - поради Својата голема љубов со која нè возљуби нас,
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ако си го проучил христијанството ќе видиш што е угодно на бога а што не е.

ова сигурно не е угодно

http://www.taratur.com/node/36133
ЗОТЕ, ова што го осеќаш (чувство на одбивност кон таква појава, на отворено), е повеќе резултат на некои глупости произлезени од нашето општество во глобала.

Чувството на сексуална/емоционална привлечност е природно нешто, и е еден вид удоволување на биолошките потреби кај пар индивидуи. Јас не знам зошто некој не мрчи на пример кога некој ќе јаде на отворено, затоа што му се присакало да јаде. Или ако кивне на отворено или не знам .... прдне?

Биолошка реакција/потреба се сите овие работи. Причината што гледам поинаку на секс на отворено е затоа што сме го свеле сексот на табу статус, и сме измислиле некои непишани кодекси на однесување кои се "општествено прифатливи", кои даваат едно големо НЕ на ваква појава.

Во идеално општество, ова нема да биде шокантна појава (уште помалку вредна за во весник да ја пишува), туку и некој ќе помине, и наместо да се крсти, грди, пцуе или зјапа во конфузија, ќе отиде ќе му даде highfive на момакот и еден палец нагоре за подршка, и ќе си замине на својот пат :).

Јас така гледам на ова. Што знам, може мене ми треба духовно лечење? :D
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
......................

ПРВО ПОСЛАНИЕ ДО КОРИНТЈАНИТЕ (7.8 до 7.10)

8 А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде ако останат како мене.
9 Но, ако не можат да се воздржат, нека се женат и мажат; бидејќи подобро е да се женат и мажат, отколку да горат од страст.
10 А на женетите и мажените им заповедам - не јас, туку Господ - жената да не се разделува од мажот, -

.....
И што?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Јас така гледам на ова. Што знам, може мене ми треба духовно лечење? :D
Не ти треба тебе духовно лечење, туку на оние што од моралот направиле услов кон патот до духовноста.
Убави си кажа ти, секој човек е различен и според тоа на различен начин духовно се развива и унапредува. Религиите ја "силувале" духовноста обидувајќи се да ја унифицираат и да направат идентичен модел за сите.
Моралот е променлива категорија, тој е продукт на општествените норми и има врска со духовноста колку што магарињата имаат врска од музика.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom