Помош: Барам еден филм!

Член од
1 август 2009
Мислења
453
Поени од реакции
960
Шпански филм.
Два пара.
На еден од друштвото му дијагностицираат терминална фаза на мозочен тумор и му предвидуваат само уште неколку месеци живот.
Останатите тројца (девојка му, најдобриот другар и неговата девојка) се решени да направат нешто за да му го разубават остатокот од животот, т.е. го убедуваат да направи нешто што отсекогаш посакувал, а се инхибирал, не можел, или од било која причина било невозможно да се направи....
Од тој момент приказната забегува целосно, настанува љубовен „квадрат“ и на крај испаѓа дека во болницата ги погрешиле снимките, па за да се спасат од тужба, му кажуваат дека чудесно се излекувал.

Многу забеган филм, на кој никако не можам да му го најдам насловот...
Anyone?
Конечно ми текна на насловот - Le cactus. Мислам дека е овој, иако не е шпански. Но, можеби и не е, малку различно ми делува со содржината, а не се сеќавам доволно добро.
Еве слика: http://www.cinemapassion.com/covers_temp/covers3/Le_cactus___SLIM-12100322112006.jpg
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Конечно ми текна на насловот - Le cactus. Мислам дека е овој, иако не е шпански. Но, можеби и не е, малку различно ми делува со содржината, а не се сеќавам доволно добро.
Еве слика: http://www.cinemapassion.com/covers_temp/covers3/Le_cactus___SLIM-12100322112006.jpg
Фала ти на помошта, ама не е овој филм. Ја прегледав цела шпанска кинематографија од минативе 20 години и пак не го најдов... потрагата продолжува! ;)
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Од дамна ми е гледан филмов.
Во една пештера, или нешто такво беше 2ца другари (или браќа) го најдоа типот, знам прво се чудеше на оганот од запалката. после научи да вози кола, па ја возеше на 2 тркала, стана нешто фраер.
 
T

Tetro

Гостин
Од дамна ми е гледан филмов.
Во една пештера, или нешто такво беше 2ца другари (или браќа) го најдоа типот, знам прво се чудеше на оганот од запалката. после научи да вози кола, па ја возеше на 2 тркала, стана нешто фраер.
http://www.imdb.com/title/tt0104187/
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
Од дамна ми е гледан филмов.
Во една пештера, или нешто такво беше 2ца другари (или браќа) го најдоа типот, знам прво се чудеше на оганот од запалката. после научи да вози кола, па ја возеше на 2 тркала, стана нешто фраер.
Encino Man овој е многу сличен на твојот опис ама не е баш идентичен,пошто не го најдоја во пештера туку замрзнат беше и го откопаја. А другото исто е на твојот опис
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.480
Поени од реакции
598
Encino Man овој е многу сличен на твојот опис ама не е баш идентичен,пошто не го најдоја во пештера туку замрзнат беше и го откопаја. А другото исто е на твојот опис
фала ви..
Па синистер, пишав горе, пештера или така нешто.. не се сеќавам баш..
 
Член од
12 август 2012
Мислења
343
Поени од реакции
125
Е го знаете овој филм со познат актер беше Таа е таен агент но е преобразена во новинар и потоа водат еден затворник со бела коса познат актер беше и потоа таа влегува во зградата не е зграда како затвор
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Не ми текнало тука да прашам па да си ја пробам среќата.
Се работи за еден документарен филм.
Го имам гледано многу одамна, можда пред 20-25 години.
И тоа памтам на МТВ2 беше. (пази молим те, го памтам и каналот)
Е сега. Во документарецов се збори за неколку одделни случки
кои се фатени на камера, кои се мистериозни и необјаниви.
Не ги памтам сите ама овие ги памтам:

- Млад американски војник на плажа на еден остров на пацификот
се снима со камера. Одеднаш од водата во златна облека излегуваат
дечко и девојка, ама не испливуваат тука онака излегуваат како по скали.
Седат на плажата неколку минути и пото исто ко по скали се враќаат назад во океанот.
Војникот ја става камерата на песок, тргнува во водата и тој како да им ја фаќа патеката
и му се губи секаква трага.

- Двајца пријатели одат на кампирање на едни карпи. Седат така до оганот.
Едниот му вика на другиот дека се плаши затоа што има лошо чувство.
По неко време првиов се врти нешо да земе и вториов го снемува.
Овој испаничено се врти со камерата и го гледа другар му со уште двајца непознати,
како стои на една карпа 200 метра од него. Значи физички неизводливо е да дојде до таму за
толку кратко време. и така го снемува и се појавува неколку пати на различни места
многу далеку едно од друго и него го снемува.

- група млади луѓе одат на излет. почнуваат да се бркаат. тој со камерата брка.
по некое време додека го бркаше еден дечко, дечково што бегаше пред него
падна и го снема. буквално пред камера. сите ги фати паника и почнаа да го бараат,
но залудно.

- ова ми беше најинтерсно. група француски нуркачи во 4 гумени чамци на сред пацифик нешто правеа.
по неко време неколку од нив нурнаа во океанот. после 5 мин панично излегоа од водата и почнаа да им
викаат на овие што беа на површината да бегаат. одговорниот ги брои, ама еден им фали.
се појавува тој што им фалеше на 100 метри од чамците ама нешто го влечеше на површината. знам ќе речете кит или ајкула, ама го снема под површината и за 2 секунди се појави ан сосема друга страна и тоа на може 500 метри. се гледаше као точка. и овој така неколку пати и него го снема.

- после имаше нешто за некое село во централна америка што си имало проблем со вештерка.
па демек вештерката ја запалиле. па кучиња го нападнале селото, па луѓето додека бегаа,
пред куќата на запалената вештерка седеше една жена во фустан, цела замотана во црно.


И не ми текнува се, имаше уште многу работи. Сигурно траеше 2 саата документарецов.
Ден денес неможам да го најдам. Знам само дека беше некоја француска продукција,
зошто збореа на француски милам ама беше синхронизиран на англиски.
ми текна пред едно 10 години на него и од тогаш го барам ама безуспешно.
Мислам дека не видов никој да му каже на Шаман кој е филмов, па еве јас ке го цитирам за да видите. Многу ме заинтересира кој е филмов...
 
Член од
12 август 2012
Мислења
343
Поени од реакции
125
Е го знаете овој филм со познат актер беше Таа е таен агент но е преобразена во новинар и потоа водат еден затворник со бела коса познат актер беше и потоа таа влегува во зградата не е зграда како затвор ај ве молам одговорете го знаете филмот не е некој што неможе да се најде :)
 
Член од
12 август 2012
Мислења
343
Поени од реакции
125
Ај за мојот филм нека ми помогне некој многу сакам да го догледам не го догледав кабелска ми снема Ќе ги убијам од Кејблтел беше тогаш сегашен близоо...! Таа е таен агент но е преобразена во новинар и потоа водат еден затворник со бела коса познат актер беше и потоа таа влегува во зградата не е зграда како затвор:(
 
Член од
4 март 2010
Мислења
268
Поени од реакции
26
Постаро филмче од 90тите. Го даваа на Канал 5 пред 2 недели некаде, го преведоа како Џепарлак.
Се збори за дечиња од маало кои собираат пари за да видат гола жена!!! Му текнува на некој ?
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.523
Поени од реакции
2.663

Kajgana Shop

На врв Bottom