друже не викам дека сето тоа што го минал претходно не влијаело на неговиот развиток и тоа има заслуга, но погледни малце статистика, на 37 натправара за Пескара 28 голови, претходно во неговата кариера ни играл ни голови давал, Земан кога стана тренер на Пескара си го побарал за да направи напаѓач од него и така и стана, сепак тренерот со неговите идеи и совети највеќе влијаат за развиотокот на еден млад играч ... ова лето Земан си побара еден млад играч, а тоа е Таксидис, никој не го знаеше, играл позајмен од Џенова во Гросето изгледа и од сите засилувања што дојдоа тој најпријатно ме изненади, Земан има голем удел и во развиотокот на Тоти како играч кога беше тренер на Рома, едноставно го бива да препознае млад талент и да го извади најдоброто од него .. а сите знаеме која му е маната на Земан, од премногу офанзива, заборава на дефанзивата, не заборава, ама не обрнува толку внимание, сепак лани со Пескара не се ни осети тоа и не верувам дека ќе биде полошо одколку со Енрике(со Енрике плус бековите беа поставени многу напред и не контраа, сега гледам со Земан не е така) .. еве како за пример, на овие подготовки 95% од головите ги даваа напаѓачите.
--- надополнето: 16 август 2012 во 20:18 ---
и незнам што сакаш да кажеш со тоа "за 1 месец" дали играчите се учат само на подготовките, во прашање е цела сезона под палка на Земан, а не еден месец