Кајгана Креатива

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Бидејќи обожавам креативни луѓе, еве тема за сите Кајгана креативци во душа:)
Дали се бавите со креативна професија, или хоби, и ако да, што е тоа?
Кога најмногу имате инспирација и што е најубавото нешто што досега сте го направиле?


Лично за мене, професијата ми е уби-боже некреативна (правник), но затоа издувен вентил ми се сликањето и пишувањето без кои не можам да живеам. Едновреме се мислев и накит да правам, ама не се постигнува се:LOL:
Имам приметено дека инспирација најмногу ми иде навечер, кога сите спијат.
Инаку, имам обичај убава слика да им подарам на блиски роднини или пријатели кои ја ценат уметноста:)

Да ве слушнам сега вас.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
имам хоби :)
Цртам со молив и најмногу инспирација ми иде кога видам како некој црта, да знае да црта и одма и мене ми се црта. Онака најчесто портрети цртам.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Хоби од тој калибар ми е пишување. Да бидам искрен се форсирам малку да ја допишам книгата, нешто како крими романче со мешавина од други жанрови до наредниов месец, па здравје боже да ја извадам како што и доликува. Инаку пишувам строго навечер, после 01 часот, слушалките на мене, мора да свири некоја добра музика, обично без текст, чисто инструментална, онака колку да ми направи филм и вештачка атмосфера поблиска до ликот.
Друго хоби, минатото лето ми беше музиката, имавме некој обид за пост панк бенд, со направени 3-4 песни на гитара и бас, тапанарот се чекаше да ја комплетира демек собата во која активно ќе вежбаме, но зафркна работа човекот, па така пропадна и идејата за целосно остварување на нешто кое ме исполнуваше итоа како.
Имав и друго хоби кое јако ме исполнуваше, пуштав музика на радио секој ден, меѓутоа пропадна радиото, е тоа беше многу јак филинг :)
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Не ги правам сама, секогаш ги правам со мајками " Креативните работи"
букетчина, слики, честитки, еве неколку слики.























Има уште многу, ама овие достасе.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Не ги правам сама, секогаш ги правам со мајками " Креативните работи"
букетчина, слики, честитки, еве неколку слики.
Ми се допаѓаат оние средните специјално само од боена хартија изработени секоја чест девојко :cuc::cuc:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Ми се допаѓаат оние средните специјално само од боена хартија изработени секоја чест девојко :cuc::cuc:
Mораше да ги цитираш сите слики нели? :facepalm:
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Mораше да ги цитираш сите слики нели? :facepalm:
Едитнато :)
Да кажам и јас, имам хоби работам на дизајн на еден иновативен блог интересно блогче со секојдневно нови содржини нешто како креативност..
--- надополнето: 15 август 2012 во 17:45 ---
Ме превари, сепак јас побрзо го едитирав :)
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Ми се допаѓаат оние средните специјално само од боена хартија изработени секоја чест девојко :cuc::cuc:
Такви честитки имам најмногу направено, ама незнам зошто сеа не сака да ги прикачи сликите. Некој проблем има...
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Такви честитки имам најмногу направено, ама незнам зошто сеа не сака да ги прикачи сликите. Некој проблем има...
Ммм, ги продаваш, или ?
И дали имаш некои романтични онака ме интересира ? :)
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Ммм, ги продаваш, или ?
И дали имаш некои романтични онака ме интересира ? :)
Мајками ги продава, ги остави во една цвеќара ама луѓево слабо купуваат.
Иначе има романтични. :)
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Мајками ги продава, ги остави во една цвеќара ама луѓево слабо купуваат.
Иначе има романтични. :)
Ах, ај ако имаш некои интересни онака романтични прикачи слики сакам да ги видам :) Ако може секако :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom