Еве откако еден ден се изкажавте на раат , би сакал и јас да искажам мислење.
Оваа видео што го гледате , режирано е од 2001ра со потпишување на Охридскиот договор.
Ако за време на војната припадниците на УЧК беа терористи , со потпишувањето на договорот , тие станаа заслужни за промена на Уставот и демократизирање на Македонија.
Тоа што не им успеа на албанците 100 години со молби и со мирни методи , им успеа на овие од 2001ва со оружје.
Кај овие припадници на УЧК вчера требаше да бидат и од партиите на турците , власите , ромите , бошњаците , србите ... сите тие треба редовно да одат да се поклонуваат кај нив.
Зошто ?
Затоа што денеска турците се вработени во сите државни институции како никогаш во последните 100 години , затоа што имаат општини каде турскиот е официјален јазик и каде го употребуваат нивното знаме.
Затоа што нивните верски права и слободи се гарантирани , и затоа што конечно има и денови кога имаат одмор за време на некои празници (национални или верски).
Значи од 2001ва навака , Македонија е сосем поинаква , многу подемократска (Уставот) , ако до 2001ва имаше едвај 2% албанци во државните институции , денес имаш 17%.
Ако во АРМ имаше 2-3% , денес имаш 25%.
Понатаму , со Охридскиот договор , припадниците на УЧК беа амнистирани , со тоа се почна со нивно интегрирање , ги имаш вработени од Чистота и Зеленило , па се до Собрание и Влада на РМ.
Припадниците на АРМ и МВР не се виновни за тоа што војуваа во 2001ва , на нив им беше наредено да одбранат нешто што не требаше да се брани , да бранат УСТАВ кој не беше соодветен за околнонстите во Македонија.
Држава каде 38% од населението беше немакедонско , а сепак функсионираше како да има само македонци (срби и власи).
Ни припадниците на МВР/АРМ ни тие на УЧК не се виновни , Уставот беше виновен со се тие кои водеа политика.
Посетата на гробиштата во Слупчане како и споменикот на паднатите борци од Карпалак праќа порака на помирување.
За македонците сето ова што го пишувам е тешко сватливо и прифатливо , но ова не ги загрозува нивните права , и тоа е важно.
Сите овие реакции се непотребни , правењето политика и придобивање политички поени од овој настан е непотребен.
Во самото АРМ/МВР имаш полно бивши припадници на УЧК , можеби некој од нив што е погребан во Слупчане денеска ќе беше заменик министер или заменик командир во полиција , тие не се ништо помалку или повеќе од овие што денеска се во Влада.
Во тие гробишта во Слупчане се погребани и 10 цивили , кои беа убиени од неконтролираното стрелање со намера да се уништува што повеќе од страна на АРМ.
И вчера припадниците на АРМ со тој потег се извинија на селаните за уништените 600 куќи во Слупчане (само 8 останаа непогодени) , а Бесими им се извини на семејствата на загинатите од Карпалак.
Припадниците на АРМ во Слупчане се поклонија и пред овие деца и жени (убиени од АРМ)