Сеа читам, агентот на Дренте потврдил дека имаме интерес за него, исто го бараме Коларов а го бараме и Переира од Порто.
Изгледа му се избројаа деновите на Јуто-сан, според мене тоа што нема снага дечкото, цела кариера ќе му биде подпросечна, и Интер најверојатно најсилниот клуб за кој заиграл. Единствено што го чува во Интер, најверојатно е продажбата на дресови со негово име, јапанците збеснуваа по него кога дојде. Можеби не овој, ама следниот преоден рок, ќе оди некаде, се чека само негова замена.
Исто и Мајкон останува, изгледа увидоа дека не само што немаме ќар од тоа да го продадеме, пошто никој не дава многу пари за него после лошите дисплеји од минатата година, туку и Џонатан е катастрофален моментално, на овоа може да се дополни дека нема на пазарот десен бек што ги задоволува нашите потреби, истовремено да биде добар, да биде ефтин и да бара ниска плата.