Абе дај престанете да тресете глупости од неинформираност.
Нема играч кој сакал да остане во Арсенал, а бил продаден за пари. НЕМА!
Ешли Кол сакаше да биде капитен на Арсенал, таа заслуга беше на Анри, и одозгора сакаше да биде најплатен играч во клубот, и за тоа немаше шанси, и затоа си замина. За трансферот на Кол може цела една книга да се напише, но факт е дека тој испадна предавник и платеник. Нека не глумилудило со титулите во дресот на Челзи, сите добро знаат зошто тој навистина замина во Челзи.
Насри и Фабрегас бојкотираа тренинзи, и што треба тука бордот да направи? Насри го уценуваше клубот за да исфорсира трансфер по секоја цена во клуб каде што знаеше дека нема да игра прв тим, но отиде затоа што му нудеа дупло поголема плата.
Фабрегас да не заминеше во Барселона, немаше да замине во ниту еден друг клуб без разлика колку пари му нудеа, и затоа јас сеуште го почитувам. Си има тој емоционални причини зошто толку упорно бараше да се врати во Барселона, и секоја чест на Венгер кој успеа на жими-мајка муабет да го задржи во Арсенал плус 2 сезони.
Адебајор сакаше иста плата како Тиери Анри да добива
, и затоа си замина во Сити по пари.
Туре имаше проблеми со Галас, не сум добро запознаен со целата ситуација, но и тој трансфер беше исфорсиран од сосема други причини неповрзани со ‘политиката на бордот‘.
--- надополнето: 14 август 2012 во 16:51 ---
Абе какви црни титули, дома да не ќе го задржи трофејот од ПЛ, ЛШ?
Свестете се, нема играчи кои играат за титули, тоа им е само изговор кога ќе направат трансфер за поголема плата.
Секоја чест на ретките исклучоци.