Ако дојде Сахин, веројатно некој си оди, иначе не гледам потреба од него во овој момент.
Сонг, Артета, Вилшер, Дијаби, Ремзи, Росицки, Казорла, Чембрлејн( Очигледно е дека Венгер ќе го форсира по средина), па еве и Коглин. Сахин ќе биде 10тиот играч во конкуренција за 3 позиции. Премногу!! Ај ќе речете Росицки и Вилшер се повредени а Дијаби е стаклен, ама сепак знаеме сите дека Венгер нема да го поткопува потенцијалот на Ремзи или Коглин и пред нив да форсира позајмен играч. Едноставно не му е таков стилот.
Е сега кој од овие би си одел.....веројатно единствена таква веројатност има кај Сонг, што јас мислам би бил лош потег. Го немам Сахин многу гледано ама мислам дека не е баш тип на играч како Сонг, туку повеќе сличен на Артета( според позицијата која ја играше во Дортмунд, не ме фаќајте за збор можно е да грешам). Со тоа мислам дека би се осетила празнина мала во средината и дополнителна ранливост на одбраната. Не е момент оваа сезона да менуваме уште еден играч кој е стандарден првотимец последниве 4-5 години, особено не на таква ранлива позиција.
Крај краева можно е и сето ова околу Сахин да е една шпекулација, ама па сепак на неколку наврати последниве 10тина дена се спомнуваше оваа позајмица по таблоидиве. Има нешто....
--- надополнето: 14 август 2012 во 00:08 ---
Како надополнување, Кошчиелни и Алекс веројатно нема да настапат за репрезентациите поради повреди. Првиов на листот на ногата, вториот на зглобот. Колку ќе бидат фит за во сабота останува да видиме.
Here we go again....