Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Ах, луѓе, луѓе.Ова требаше да се случи во 2006 год.А тогаш кога протестираа против продажбата на ЕСМ протестираа партиски војници, но не и оние кои најмногу требаа да протестираат - граѓаните.Самите си ја ставивме јамката а дистрибутивната електрична мрежа е во приватна сопственост и нормално дека ќе си бараат повисоки цени дистрибутерите за услугата што ја доставуваат.
Имате моја поддршка, али јас не ќе можам да дојдам зошто сум до 21:00 часот на работа тој ден.Ако се организира друг ден овој протест повторно (што и верувам дека ќе има повторно протести) сигурно е тоа дека ќе дојдам.
Веќе со струјава навистина почнаа да функционираат по „дери коза“ начинот на функционирање, ама ние сме си виновни за тоа и Македонецот како и најобично реагира тогаш кога е веќе предоцна.
Но, ако има повторно протест, организиран во некој дел од денот кој што е слободен за мене, ќе дојдам сигурно.
Поскапувањето е на барање на државната ЕЛЕМ, а и во цената државните ЕЛЕМ и МЕПСО заедно учествуваат со околу 70%, ЕВН околу 30%. Така да јасно е каде е проблемот, државната регулаторна комисија ја определува цената, не ЕВН.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Се ги читам Барањата од протестите и се ми се чини дека се многу наивни.
Кога размислувам за протести, размислувам како протестира бебе во количка. Сите кој се родители имале бебе и знаат дека бебето кога протестира почнува да плаче и незнаеш зошто плаче.
Ќе ми дадеш шише со цуцла, ќе ја плукне и продолжува да плаче.
Ќе почнеш да го лулкаш, тоа и понатаму плаче
Ќе го земеш во раце и натаму плаче
И на крајот ќе видиш дека се унередило, ќе го преповиеш и тогаш бебето ќе престане да плаче.
Така требаше и сега
Да се бара основно да - укинување на одлуката за покачување на цените на струјата, укинување на Правилникот и оставка на Регулаторна, а потоа нека новата Регулаторна размислува што да прави за да и неа исто не ја снајде.
Вака барано е инвестирање во одржливи извори на енергија, соларна геотермална ветар, а кој ја познава таа технологија знае дека со тоа само уште повеќе ќе поскапе струјата и плус може Регулаторна да каже, добро во наредните 20 години ќе предложиме да се изградат толку и толку ветерници и што имаме ние од тоа кое ќе се случи за 20 години
Или да се намалат цените на горивата согласно стандардот - тоа бара преговори - а кој ќе преговара и со кого ќе преговара и колку ќе траат тие преговори?
Да се запре приватизацијата.... Тоа нема везе со цената на струјата и парното. Топлификација е приватна - АД, се наполнија пари...
Наивни барања, но сепак ќе одам таму да викам Оставка! Оставка! Оставка!
 
F

fantomX

Гостин

Не е само ЕЛЕМ, овај пат ЕВН бараше појќе. Ама кругот е битен, а тој вика дека главен испорачувач на ЕВН е ЕЛЕМ, така да тоа е тоа.
Е сега, имаше нешто дека ЕВН добива дозвола и за самостоен увоз ако има потреба, досега само ЕЛЕМ смееше. Ако ова е точно, тогаш Владата заслужува уште една реформаторска награда од Виенскиот институт за економија.
--- надополнето: 12 август 2012 во 19:55 ---
Се ги читам Барањата од протестите и се ми се чини дека се многу наивни.
Кога размислувам за протести, размислувам како протестира бебе во количка. Сите кој се родители имале бебе и знаат дека бебето кога протестира почнува да плаче и незнаеш зошто плаче.
Ќе ми дадеш шише со цуцла, ќе ја плукне и продолжува да плаче.
Ќе почнеш да го лулкаш, тоа и понатаму плаче
Ќе го земеш во раце и натаму плаче
И на крајот ќе видиш дека се унередило, ќе го преповиеш и тогаш бебето ќе престане да плаче.
Така требаше и сега
Да се бара основно да - укинување на одлуката за покачување на цените на струјата, укинување на Правилникот и оставка на Регулаторна, а потоа нека новата Регулаторна размислува што да прави за да и неа исто не ја снајде.
Вака барано е инвестирање во одржливи извори на енергија, соларна геотермална ветар, а кој ја познава таа технологија знае дека со тоа само уште повеќе ќе поскапе струјата и плус може Регулаторна да каже, добро во наредните 20 години ќе предложиме да се изградат толку и толку ветерници и што имаме ние од тоа кое ќе се случи за 20 години
Или да се намалат цените на горивата согласно стандардот - тоа бара преговори - а кој ќе преговара и со кого ќе преговара и колку ќе траат тие преговори?
Да се запре приватизацијата.... Тоа нема везе со цената на струјата и парното. Топлификација е приватна - АД, се наполнија пари...
Наивни барања, но сепак ќе одам таму да викам Оставка! Оставка! Оставка!
Околу обновливите извори, тоа е една од главните причини за цената на струја да расте и ќе расте, таа технологија е странска и е сеуште скапа.

Ти конкретно за Топлификација зборуваш, јас ќе надполнам за ОКТА и горивата: имаше обид од Влада на РМ за да се преразгледа таа фамозна Методологија договорена при продажбата, обид не знам со каква цел, ама од другата страна немаше и нема ништо. Зошто Хеленик Петролеум би разгледувал опции за да зема помалку пари од ОКТА кога ни самата Влада на РМ не ни размислува да зема помалку пари од горивата (акциза + ддв + животна средина + резерви).
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
Беше закочен сообраќајот ама колку луѓе беа присутни на протестите?Каде беше таа маса на луѓе која требаше да се собере?Никаде, двајца без тројца блокирале само една раскрсница спроти Мекдоналдс и неколку партиски собири пред зградата на тогашно ЕСМ и толку беше.
Ти и со десет души можеш да блокираш улица, но тоа не е доволно за да се постигне посакуваниот ефект.
kolku stecajci ima a na protest dojdoa 200 luge, vladata vika deka ima 220000 iljadi stecajci a izlegoa samo 200, i sakas nesto da uspee?!!!!!!!ili kako sto bese za telefonot, go poskapea telefonot pred nekolku godini i na vesti imase prilog za protest protiv pokacuvanje na telefonot,, imase samo 5 penzioneri so transparenti izlezeno na protest pa site im se smeeja, koja maloumnost im se smejat na 5 penzioneri,,a smetkite im se duvaat>??!!!!
 
Член од
21 јули 2010
Мислења
37
Поени од реакции
18
постои светска енергетска криза, која е поттикнат и од нерамномерно распределената индустриски-географска концентрација и население.
Мислам дека сите слаби економски или политички однос држави, прават само по-детски слаби напори да го ограничат во одреден степен таа криза, како сервилничат пред големите фирми Енерго-провајдери
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Поскапувањето е на барање на државната ЕЛЕМ, а и во цената државните ЕЛЕМ и МЕПСО заедно учествуваат со околу 70%, ЕВН околу 30%. Така да јасно е каде е проблемот, државната регулаторна комисија ја определува цената, не ЕВН.
Поскапувањето е на барање на државната ЕЛЕМ, а и во цената државните ЕЛЕМ и МЕПСО заедно учествуваат со околу 70%, ЕВН околу 30%. Така да јасно е каде е проблемот, државната регулаторна комисија ја определува цената, не ЕВН.
Регулаторната комисија за енергетика предлага цената на струјата за тарифните потрошувачи од 1 август годинава да се зголеми за 9,83 отсто. Од нив 3,76 отсто ќе бидат за ЕЛЕМ, а останатите за ЕВН снабдување.

ЕВН незадоволни. Портпаролот Ленче Корпузовска во изјава за Курир вели дека ова поскапување не е доволно.
-За жал РКЕ не ги зема предвид сите трошоци од работењето на ЕВН иако при барањето им дадовме и дополнителни аргументи.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
se e gjabe,i ptotesti i se
vladata e mnogu zadolzena i mora se da se poskape za kolku tolku da se izvade od kalta,ako voopsto moze da se izvade :D
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Смрт за зони и пајак воз.
Среќен роденден и повеќе успех во твојата битка за доброто на сите нас

Dardan-ia
Princ

Време е да се вклучите и да покажете дека ова е проблем што не засега сите без разлика на местото на живеење, национална припадност, вера, политичко убедување...за почеток со превод на плакатот и анимирање на заедницата во која живеете

Се согласувам со дечкото кој мрази пајаци дека барањата за протестот во најмала рака се смешни и нелогични. Треба да се поработи на дефинирање на конкретни и остварливи барања....а пред се укинување на монополот на енергетските компании.

Времето на протестот иако е подобро од многу други протести сепак не е идеално. Многумина работат до 17 часот и не се во состојба да излезат на протест во работно време...или да стигнат до центар до 18 часот....размислете 18:30 или 19 часот ќе обезбедат помасовно присуство и на протестот ќе му дадат поголем легитимитет.

Протестот е добра можност да се почне со иницијатива за собирање потписи за измена на законот за енергетика односно укинување на правилникот за топлификација и плаќање на услуга која не сакате и не ја користите.

за да не добие протестот политички бои....воздржете се од било какви коментари на сметка на владата и политичките партии и фокусирајте се на она што е битно....ЗАКОНОТ И РЕГУЛАТОРНАТА КОМИСИЈА

И НА КРАЈ СВАТЕТЕ ДЕКА ОВА Е ЗАЕДНИЧКИ ПРОБЛЕМ И ВОЗДРЖЕТЕ СЕ ОД МЕЃУВЕРСКИ И МЕЃУНАЦИОНАЛНИ ПРЕПУКУВАЊЕА
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ти конкретно за Топлификација зборуваш, јас ќе надполнам за ОКТА и горивата: имаше обид од Влада на РМ за да се преразгледа таа фамозна Методологија договорена при продажбата, обид не знам со каква цел, ама од другата страна немаше и нема ништо. Зошто Хеленик Петролеум би разгледувал опции за да зема помалку пари од ОКТА кога ни самата Влада на РМ не ни размислува да зема помалку пари од горивата (акциза + ддв + животна средина + резерви).
Jaс кога за нешто зборувам, се трудам претходно да ги проучам фактите.
За Топлификација - технички речиси се знам околу техниката на затоплување - затоа и зборувам. Такви дејности секаде во Свет вршат општински јавни претпријатија или претпријатија во кои акции имаат корисниците на услугите, односно со такво претпријатие управуваат тие што ги користат таквите услуги. Цел на такви претпријатија е да обезбедат што поефтино и подобро греење за корисниците.
Надвор од секаква логика е ова што го прави Топлификација. Парното е поскапо од било кој друг начин на затоплување. И човек ќе се запраша што ќе ни е такво парно?
Јас на моите Соседи им направив план и пресметка, уште пред четири години. Секое семејство да купи по 8 кубици огревно дрво, да се купи заеднички котел и да вработиме три ложачи со плата, социјално и се друго, ќе не чини секое семејство помалку од 30 илјади за една година. А сега Топлификација наплатува по 70 илјади годишно по семејство. Па уште, имаше во весници, Топлификација ќе ја тужела Македонија за 12 милиони евра, демек Регулаторна не и дозволила уште повеќе да ги качи цените. А тие 12 милиона пак треба да ги платат граѓаните. И која ќе биде крајната цена што ќе ја платиме?
За договорот со ОКТА и методологијата за формирање на цени, не сум упатен.
Единствено знам дека вообичаено рафинериите работат по системот „ ујам “ исто како мелниците за жито. Во мелница носиш, на пример 100 кг жито и веднаш добиваш 50 кг брашно и 30 кила трици. Остатокот е за мелницата и трошоците. Слично работат и рафинериите само што ујамот е 6%. Носиш 1000 кила нафта и добиваш 940 кг деривати. А каков е договорот со ОКТА не сум се заинтересирал и незнам ништо друго.
За цената на струјата исто незнам како се добива. Пред некој ден чув од еден познат дека 33%, што се плаќа ангажирана моќност, наводно било приход на ЕВН. Ако е така, тоа не е фер. Паметам кога се воведоа тие 33%, тие пари беа наменети за изградба на нови централи, ама сега е друго време. Ако се собираат пари од граѓаните за инвестиции во нови централи тие треба да бидат на Државата.
Што значи за нафтата и струјата незнам, ама за Топлификација знам и не е ред ова што Топлификација и Регулаторна го прават.
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
За оние кои се изјаснија дека барањата се смешни и нереални:

Треба да е јасно дека барањата ги оформи група од 20-30 луѓе кои преку повик од ФБ се собраа пред Мајка Тереза во понеделникот, па понатаму и секој ден до денес, за да учествуваат во организација на протестот и смислување стратегија на борба против прескапите енергенти. Меѓу тие луѓе има секакви, млади и стари, по некој од нив се разбира во енергетика, по некој се разбира во нафтениве деривати, по некој истражувал за политиките на Топлификација, ама никој од нив не е стручњак за сите овие прашања.

Без барања секаков протест е бесмислен, и затоа мораше да се срочи паушална листа на конкретни барања, што не беше лесно. Со оглед на тоа што се работи за крајно стручна област во чии рамки се буниме, логично е барањата да не се прецизни со бројки, па дури и да се нереални. Во секој случај, основното барање, т.е. причина за нашиот револт е јасен ко ден: БАРАМЕ ДА СЕ ПОЕФТИНАТ СТРУЈАТА, ПАРНОТО И НАФТАТА ДО НИВО КОЕ ОДГОВАРА НА СТАНДАРДОТ НА ЖИВЕЕЊЕ. Разбирам дека тоа „ниво“ е крајно релативна вредност, ама не е наше да смислиме стручни начини како да се стигне до цена која нема безочно да ги преоптеретува буџетите на семејствата. Наше е да искажеме револт затоа што најголем дел од народов повеќе не може да си дозволи волку високи сметки со таа мизерна плата, а таа порака е повеќе од јасна. Останатото е на надлежните да си го решат.

Друга работа: средбите секој ден се објавуваа на настанот и нон-стоп се охрабруваа што поголем број луѓе да доаѓаат и да учествуваат во техничките подготовки, што се најтешка и најдосадна работа. Од 3000 луѓе пријавени, секоја вечер доаѓаат 1% од нив. Луѓето кои учествуваат во организација на протестот не се „организатори“, ниту се некое здружение, ниту професионални, ниту затворена група. Секој што сака и знае како да придонесе, е повеќе од добредојден. Критиката од надвор нема да помогне, ако оној кој ја упатува директно не учествува во процесот за да влијае на исходот.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Се ги читам Барањата од протестите и се ми се чини дека се многу наивни.
Кога размислувам за протести, размислувам како протестира бебе во количка. Сите кој се родители имале бебе и знаат дека бебето кога протестира почнува да плаче и незнаеш зошто плаче.
Ќе ми дадеш шише со цуцла, ќе ја плукне и продолжува да плаче.
Ќе почнеш да го лулкаш, тоа и понатаму плаче
Ќе го земеш во раце и натаму плаче
И на крајот ќе видиш дека се унередило, ќе го преповиеш и тогаш бебето ќе престане да плаче.
Така требаше и сега
Да се бара основно да - укинување на одлуката за покачување на цените на струјата, укинување на Правилникот и оставка на Регулаторна, а потоа нека новата Регулаторна размислува што да прави за да и неа исто не ја снајде.
Вака барано е инвестирање во одржливи извори на енергија, соларна геотермална ветар, а кој ја познава таа технологија знае дека со тоа само уште повеќе ќе поскапе струјата и плус може Регулаторна да каже, добро во наредните 20 години ќе предложиме да се изградат толку и толку ветерници и што имаме ние од тоа кое ќе се случи за 20 години
Или да се намалат цените на горивата согласно стандардот - тоа бара преговори - а кој ќе преговара и со кого ќе преговара и колку ќе траат тие преговори?
Да се запре приватизацијата.... Тоа нема везе со цената на струјата и парното. Топлификација е приватна - АД, се наполнија пари...
Наивни барања, но сепак ќе одам таму да викам Оставка! Оставка! Оставка!
1 - дали тоа некој уште од старт сака да го амортизира притисокот од протестите,т.е. тие да се видат како протестантите да немаат аргументи зошто протестираат ??

2 - ова МОРА да се побара од одговорните/боговите кои не му одговараат на никој,а земаат плата од граѓаните,па ги плаќаме да ни го олеснат животот - а не да ни го загорчат !!!

научете еднаш дека вакви тела,посебно влади,пратеници,министри земаат плата од нашите џебови и законски треба да работат за нашето добро,а не на овој 20годишен принцип нивни - да ни го загорчуваат животот секој нареден ден,секоја наредна година......и достате со тој ебиветер менталитет - Да му цркне козата на комшијата.........вие сте се снашле преку партија или било како сте нашле вработување - дали сакате и вашето поколение да лижи газови по партиски штабови за скромна платичка или да се развива и работи како нормално човечко битие на 21 век - одлучете сами
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Џабе е, ако на протестот нема бесплатни сендвиќи, капчиња, упаљачи, маички и друга митингашка опрема тогаш одзивот ќе биде минимален.
Така си е научен народот да функционира.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
На барањето цените да паднат на ниво пред 2006....ќе добиеме одговор дека цените на енергенсите во светски рамки пораснале

На барањето цените да бидат соодветни со стандардот....ќе излезат со статистика од 2006 и 2011 ....за просечни плати (кои не ја отсликуваат реалната состојба)....и пак ништо

Просечната пата е тотално нерелевантна....многу луѓе и 2006 и 2012 земаат по 10000-12000....но по статистика просечната плата пораснала...и сега само поради таа информација истите луѓе со истата плата денес подобро живеет отколку во 2006:facepalm:

Проблемот е што енергетските компании се во приватна сопственост, а регулаторната комисија е тотално некомпетентна.....рекламите, бонусите и спонзорствата на ЕВН им се прифаќаат како трошоци кои треба граѓаните да ги покријат со повисока цена на струјата

единствен лек за спасување од овие опшествени тумори е либерализација на пазарот и формирање на нова регулаторна комисија составена од компетентни членови од секоја област од интерес ....односно активни професори од ЕТФ, Машински, Економски и Правен (секој експерт во својата струка)

Ако го погледнете сегашниот состав ќе забележите дека има електраши, правници и економисти, но нема експерт за топлинска енергија, а регулаторната комисија се дрзнува да донесува одлуки поврзани со топлификација

Членовите на регулаторната комисија ги бира собранието и тоа најчесто се политички подобни личности....сметам дека оваа практика треба да се смени и за да регулаторната комисија биде тотално независна членовите треба да ги предлагаат факултетите....сепак тие знаат кој професори се експерти во својата струка

Ние сега се обидуваме да се бориме против последиците, без да го видиме причинителот на болеста....а тоа е привремено решение.....за да се излечиме мораме да навлеземе во сржта на проблемот и да делувааме таму

Само со реални и конкретни барања можеме да ја добиеме оваа битка

Прилог
СЕГАШЕН СОСТАВ на Регулаторната комисија за енергетика:

Димитар Петров, дипломиран електро инженер, Претседател и член на РКЕ;
Именуван за претседател на РКЕ, со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07-2694/1 од 15 јуни 2009 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/09.

Рухи Бакију, дипломиран правик, Заменик претседател и член на РКЕ;
Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 5574/1 од м.декември, 2007, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 156/07.

Светлана Јаневска, дипломиран економист, Член на РКЕ;
Именувана за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 1057/1 од 29.02.2008, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 32/08.

Видан Кулевски, дипломиран електро инженер, Член на РКЕ;

Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр. 07 - 4768/1 од 16 ноември 2009 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр. 138/09.

Елена Маркова-Велинова, дипломиран електротехнички инженер, Член на РКЕ;

Именуван за член на РКЕ со мандат од пет години, со Одлука на Собранието на Република Македонија бр.07 - 758/1 од 7 февруари 2011 година, објавена во Службен весник на Република Македонија бр.15/2011.

Еден постар текст на тема регулаторна комисија
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=4A83B45740913A4C90A7F2EE717B2943

Ќе го издвојам пасусот за Рухи Бакију бидејќи само за него има биографија.....човекот работел како секретар и асистент.....ДАЛИ НА ВАС АСИСТЕНТ ВИ ЗВУЧИ ДОВОЛНО КОМПЕТЕНТНО ДА ОДЛУЧУВА ЗА СУДБИНАТА НА 2000000 ГРАЃАНИ???????? МЕНЕ ЛИЧНО НЕ. ЗА ДРУГИТЕ ЧЛЕНОВИ МОЖАМ САМО ДА ПРЕТПОСТАВУВАМ

На интернет страницата на Регулаторната комисија нема биографии на сите пет членови, туку само на заменик претседателот Бакију. Пишува дека е роден во село Калиште, гостиварско, а живее во Мала Речица. Завршил Правен факултет и постдипломски студии во Приштина. Од 1994 година работел на Тетовскиот Универзитет како секретар, а од 2002 е асистент во Универзитетот на ЈИЕ во Тетово. Во биографијата се посочени и неколку негови објавени научни трудови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom