мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 19.068
- Поени од реакции
- 23.518
Многу во детали одиш и во ситници. Неможеш во се да видиш политика, во некоја директива или законче од економија. НО кога големата слика ке ја видиш и проучиш , буквално се ама се е политика и се е во служба на истата на овој или оној начин.Види трговските рути и колониите не се поврзани баш со економијата колку што се поврзани со политиката.
И првите и вторите се развиле заедно во ренесансата поради фактот дека Европските земји кои секогаш биле во војна меѓу себе држеле затворени граници едни со други а со тоа и за трговија.Иако всушност истото тоа затварање на границите и ја донесувало војната.Затоа војни се воделе меѓу себе за една страна да дојде до територија која би ги споила со нивните трговски партнери и да може трговијата да иде слободно.
Овој тип на капитализам се нарекува Mercantilism.Ширењето на Европа низ светот и заземањето на колонии било поради истата причина на затворени граници.Имено ако Британија заземела дел од Африка тогаш Шпанија,Франција и Германија немале да можат повеќе да тргуваат таму и така земјите се тркале меѓу себе кој ќе освои највеќе пазари.
Денеска колониите се гледаат како некој освоени територии али всушност биле само пазари а Европските војски стационирани таму биле начин како да се одбранат од другите европски земји да не им го превземат пазарот.Во Индија на пример имало само 10 000 Британски трупи тоа не е баш окупациона сила.
Ова се сменила за првпат со Британија која почнала да дава взаемни договори со која било земја за слободна трговија имено ти ако им дадеш на Британските трговци да тргуваат кај тебе они ќе ти дадат да им ги користиш пристаништата во нивните колонии.Ова е периодот на најголемиот економски БУМ во Британската историја и истиот и го зацементирал статусот на империја во следните декади.
Значи политиката можеби имала врска со трговски рути и колониите но во исто време политиката немала никакво влијание во ВНАТРЕШНОТО ПРОИЗВОДСТВО тоа значи дека ти како Англичанец ако имаш земја и на нејзе си направиш фабрика државата не можела да ти се меша на каков било начин додека се работиш чесно.
Денес ако отворам фабрика на моја земја прво ќе ми дојдат за комуналии па инспекции за ова,па за она додека не ме соголат.
Можам да продолжам со историски примери вака многу за да видите дека се е само круг. На пример во Римската Империја под императорот Август имало само еден данок од 0,5% што при војна можел да биде качен до 1% притоа комбиниран со слободна трговија во цел медитеран Рим станал најмоќната империја.
Неколку века покасно Диоцеклиан со ковање пари со помала количина на сребро од пропишаната ( инфлација ) директно мешање во производството ( да и во тоа време постоеле регулации ) субвенции за леб на сиромашните ( и тоа постоело тогаш ) фиксирање на цените во одредени граници ( највисока и најниска цена на продавање колку што мислел императорот дека треба да е = планирана економија ) ја донел Римската Империја до питачки стап.
Ете прв пример кој ми текнува е со француските миражи и нашиот јужен сосед. Ние вас миражи, вие нас поддршка. По школкски пример од ова незнам. Само пак ке нагласам, многу е битно дали политиката е во служба на економијата ( Франција) или економијата е во служба на политиката ( Грција). Па после да ги земиме и најновите случувања на блискиот исток и таканаречената арапска пролет која допирни точки нема со пролет. Се е за економски интерес и политичко влијание за тој економски интерес да се оствари. На крај и самата војна е дериват на политиката, Кога со дипломатски средства не можеш да си ги заштитиш своите стратешки интереси од кој најчесто се економски, одиш со сила.
Затоа ако одиме во најситни детали нема да најдиме некоја очигледна поврзаност со политиката, но гледајки долгорочно и големата слика буквално економијата и политиката се неразделни една со друга.