Можна ли е буџетска дупка од милјарда евра?

Како власта ќе се справи со економските предизвици?

  • Со ребаланс

    Гласови: 4 5,2%
  • Со задолжувања

    Гласови: 26 33,8%
  • Со ребаланс и задолжувања

    Гласови: 31 40,3%
  • Економската политика на владата е успешна, нема потреба од посебни мерки

    Гласови: 16 20,8%

  • Вкупно гласачи
    77

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.518
Види трговските рути и колониите не се поврзани баш со економијата колку што се поврзани со политиката.

И првите и вторите се развиле заедно во ренесансата поради фактот дека Европските земји кои секогаш биле во војна меѓу себе држеле затворени граници едни со други а со тоа и за трговија.Иако всушност истото тоа затварање на границите и ја донесувало војната.Затоа војни се воделе меѓу себе за една страна да дојде до територија која би ги споила со нивните трговски партнери и да може трговијата да иде слободно.

Овој тип на капитализам се нарекува Mercantilism.Ширењето на Европа низ светот и заземањето на колонии било поради истата причина на затворени граници.Имено ако Британија заземела дел од Африка тогаш Шпанија,Франција и Германија немале да можат повеќе да тргуваат таму и така земјите се тркале меѓу себе кој ќе освои највеќе пазари.

Денеска колониите се гледаат како некој освоени територии али всушност биле само пазари а Европските војски стационирани таму биле начин како да се одбранат од другите европски земји да не им го превземат пазарот.Во Индија на пример имало само 10 000 Британски трупи тоа не е баш окупациона сила.

Ова се сменила за првпат со Британија која почнала да дава взаемни договори со која било земја за слободна трговија имено ти ако им дадеш на Британските трговци да тргуваат кај тебе они ќе ти дадат да им ги користиш пристаништата во нивните колонии.Ова е периодот на најголемиот економски БУМ во Британската историја и истиот и го зацементирал статусот на империја во следните декади.

Значи политиката можеби имала врска со трговски рути и колониите но во исто време политиката немала никакво влијание во ВНАТРЕШНОТО ПРОИЗВОДСТВО тоа значи дека ти како Англичанец ако имаш земја и на нејзе си направиш фабрика државата не можела да ти се меша на каков било начин додека се работиш чесно.

Денес ако отворам фабрика на моја земја прво ќе ми дојдат за комуналии па инспекции за ова,па за она додека не ме соголат.


Можам да продолжам со историски примери вака многу за да видите дека се е само круг. На пример во Римската Империја под императорот Август имало само еден данок од 0,5% што при војна можел да биде качен до 1% притоа комбиниран со слободна трговија во цел медитеран Рим станал најмоќната империја.

Неколку века покасно Диоцеклиан со ковање пари со помала количина на сребро од пропишаната ( инфлација ) директно мешање во производството ( да и во тоа време постоеле регулации ) субвенции за леб на сиромашните ( и тоа постоело тогаш ) фиксирање на цените во одредени граници ( највисока и најниска цена на продавање колку што мислел императорот дека треба да е = планирана економија ) ја донел Римската Империја до питачки стап.
Многу во детали одиш и во ситници. Неможеш во се да видиш политика, во некоја директива или законче од економија. НО кога големата слика ке ја видиш и проучиш , буквално се ама се е политика и се е во служба на истата на овој или оној начин.
Ете прв пример кој ми текнува е со француските миражи и нашиот јужен сосед. Ние вас миражи, вие нас поддршка. По школкски пример од ова незнам. Само пак ке нагласам, многу е битно дали политиката е во служба на економијата ( Франција) или економијата е во служба на политиката ( Грција). Па после да ги земиме и најновите случувања на блискиот исток и таканаречената арапска пролет која допирни точки нема со пролет. Се е за економски интерес и политичко влијание за тој економски интерес да се оствари. На крај и самата војна е дериват на политиката, Кога со дипломатски средства не можеш да си ги заштитиш своите стратешки интереси од кој најчесто се економски, одиш со сила.
Затоа ако одиме во најситни детали нема да најдиме некоја очигледна поврзаност со политиката, но гледајки долгорочно и големата слика буквално економијата и политиката се неразделни една со друга.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И пензиите треба да се вратат во реалното ниво, т.е колку се собира од придонеси толку да бидат парите за пензиите. Како може полицајци со средно да ги праќаат во пензија со 25-26.000 денари?
И најголемиот дел од социјалните помоши треба да се укинат бидејќи максимално се злоупотребуваат.
Мислам дека многу помалку се собира, од колку што има пензионери моментално. Ако можеш да пронајдеш некаква статистика би било добро да ја разгледаме.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Мислам дека многу помалку се собира, од колку што има пензионери моментално. Ако можеш да пронајдеш некаква статистика би било добро да ја разгледаме.
“Пензискиот фонд се повеќе ја празни државната каса. Дури 42 проценти од средствата за исплата на пензии ги добива од централниот буџет. Математиката покажува дека на 270 илјади пензионери месечно се исплаќаат околу 55 милиони евра, или вкупно 662 милиони евра годишно. За да ја обезбеди оваа сума ПИОМ од државната каса добива дури 283 милиони евра, а остатокот по основ на прохиди од придонеси. “

Значи нека ги намалат пензиите во просек за 42% (минималните да не се намалуваат, максималните на половина).
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Таа зависи најмногу од државата но и од други фактори како патриотски пари кои се вртат во државата меѓу соработка со фирмите и нивни инвестиции внатре во државата

Ама слаби сме во сите полиња а за пензиите имаме повеќе неработници отколку пензионери ама тоа затоа што пензионерите умираат после 70 години затоа де.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ама тоа си се посебни ставки одвоени од даноците.

Програмиве кои ги наброја се делат на две страниприродно едната страна е здравство и пензиско другата социјално,детска него и инвладиски фонд

Пензиско и здравствено

Значи истиве програми би ги сервисирале само постоечките корисници али притоа не би имало можност за новите генерации да ги користат исто така.Со што секако постоечките корисници добро би биле разгледани за проневера.

Така ако некој денеска првпат се вработи ќе има две опции или ќе си штеди сам и сам ќе го организира својот пензиски план или ќе склучи договор со приватен пензиски фонд.За здравството го важи истото.

Социјалното,детскиот додаток,инвалидскиот фонд како што кажав кој е влезен би можел да остане али во иднина треба да биде оставено на приватни добротворни друштва и на црквата.

И сега немојте ве молам со тоа како ќе гладуваат деца и инвалиди зошто и самите знаете дека не е вистина.Како народ можеби имаме многу негативни страни но недостаток од добродушност не е една од нив.

Во ниедна акција немам видено "фондот за здравство даде пари граѓаните не сакаат да соберат 2000 евра" туку е секогаш обратно.Има многу добри луѓе и луѓе кои се грижат и на луѓето кои им е потребно ќе им дојде помош а преку приватни организации тоа ќе се организира многу подобро одколку преку државните кои ги нема никогаш нигде и служат само за да се исперат пари.
Пензиско, здравство и персоналец плаќаш секој месец. Данок на добивка еднаш годишно, комунална такса една годишно, ддв на три месеци. Претежно се овие најоптеретувачките ставки. Е сега имаме пензионери нели, пари за нив обезбедуваме од домшно позајмување со 4% камата. Велиш треба да останат редовни давачки и да се трансферираат во свој фонд на заштеда. Од каде овие што се сега пензионери, оние што ќе бидат за две три четири, пет ќе земат пензија? Кој ќе им префрли пари нив?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.518
Кога пред неколку години бев на работа во Црна Гора со еден постар мајстор од Србија кој во времето на Југославија го поминал пола свет на градежни парцели ми кажа еден убав муабет.
Кога во некоја држава се гради, цела индустрија живее и работи.
За да почне да се гради тоест за да заживее индустријата најчесто државата е таа која треба да ја почне цела работа, па макар и се задолжила.
Можеби и грешам сепак сум друга струка, ама некако ми има логика.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Многу во детали одиш и во ситници. Неможеш во се да видиш политика, во некоја директива или законче од економија. НО кога големата слика ке ја видиш и проучиш , буквално се ама се е политика и се е во служба на истата на овој или оној начин.
Ете прв пример кој ми текнува е со француските миражи и нашиот јужен сосед. Ние вас миражи, вие нас поддршка. По школкски пример од ова незнам. Само пак ке нагласам, многу е битно дали политиката е во служба на економијата ( Франција) или економијата е во служба на политиката ( Грција). Па после да ги земиме и најновите случувања на блискиот исток и таканаречената арапска пролет која допирни точки нема со пролет. Се е за економски интерес и политичко влијание за тој економски интерес да се оствари. На крај и самата војна е дериват на политиката, Кога со дипломатски средства не можеш да си ги заштитиш своите стратешки интереси од кој најчесто се економски, одиш со сила.
Затоа ако одиме во најситни детали нема да најдиме некоја очигледна поврзаност со политиката, но гледајки долгорочно и големата слика буквално економијата и политиката се неразделни една со друга.
Ова што го спомнуваш не е мешање на политика во економија.

Првото е чиста надворешна политика,второто е отварање на трговските патишта како што ти кажав погоре.Одредена политичка индивидуа како во Либија на пример држеше трговски бариери за да спречи влегување на странски трговци да дојдат до генерално потребен ресурс тоа секогаш доведува до војна.


Мешање на политика во економија ти е на пример како во Македонија кога ти кажува дали во твојот приватен имот/бизнис смее да се пуши или не. Или како мораш ти да си го работиш својот бизнис.Тоа е мешање на политика во бизнис и економија.

Политиката и економијата треба да се комплетно разделени.
--- надополнето: 10 август 2012 во 13:07 ---
Пензиско, здравство и персоналец плаќаш секој месец. Данок на добивка еднаш годишно, комунална такса една годишно, ддв на три месеци. Претежно се овие најоптеретувачките ставки. Е сега имаме пензионери нели, пари за нив обезбедуваме од домшно позајмување со 4% камата. Велиш треба да останат редовни давачки и да се трансферираат во свој фонд на заштеда. Од каде овие што се сега пензионери, оние што ќе бидат за две три четири, пет ќе земат пензија? Кој ќе им префрли пари нив?
Леандра дали сакаш да идам до крај со муабетов дека навистина е долг ќе треба да напишам двојно поголем текст и со тоа темава ќе му ја уништам на човекот ?Али на кратко парите на сегашните пензионири треба да бидат барани кај тие што ги потрошиле.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
“Пензискиот фонд се повеќе ја празни државната каса. Дури 42 проценти од средствата за исплата на пензии ги добива од централниот буџет. Математиката покажува дека на 270 илјади пензионери месечно се исплаќаат околу 55 милиони евра, или вкупно 662 милиони евра годишно. За да ја обезбеди оваа сума ПИОМ од државната каса добива дури 283 милиони евра, а остатокот по основ на прохиди од придонеси. “

Значи нека ги намалат пензиите во просек за 42% (минималните да не се намалуваат, максималните на половина).
Страшен податок. Комбинацијата на 32% невработеност, белата чума и наталитетот е страшен притисок врз релниот сектор. 42% обезбедуваме дупло за пензии. Значи плаќаме за себе и исто толку и за друг некој преку други давачки. Здравството верувам е со ист процент. Двојно оданочување, а за широки народни маси демек намалени придонеси.
Што вели математиката за 5 години? Процент над 50% со ова темпо на работите?
--- надополнето: 10 август 2012 во 13:12 ---
Леандра дали сакаш да идам до крај со муабетов дека навистина е долг ќе треба да напишам двојно поголем текст и со тоа темава ќе му ја уништам на човекот ?Али на кратко парите на сегашните пензионири треба да бидат барани кај тие што ги потрошиле.
Нема потреба. Имаш убава поента, те разбирам, али во пракса нефункционална. Невозможна.
--- надополнето: 10 август 2012 во 13:15 ---
Кога пред неколку години бев на работа во Црна Гора со еден постар мајстор од Србија кој во времето на Југославија го поминал пола свет на градежни парцели ми кажа еден убав муабет.
Кога во некоја држава се гради, цела индустрија живее и работи.
За да почне да се гради тоест за да заживее индустријата најчесто државата е таа која треба да ја почне цела работа, па макар и се задолжила.
Можеби и грешам сепак сум друга струка, ама некако ми има логика.
Вистина. Во време на рецесија државата треба да гради. Само големиот проблем кај нас е што гради? Мајсторот мислел на автопати, железници, патишта, системи на гранични премини, современ превоз, туристички места, планини, патеки...
Не споменици и кичераи. Тие пари не прават. Се знае што е продуктивно трошење, што е фрлање пари во ветар.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Кога пред неколку години бев на работа во Црна Гора со еден постар мајстор од Србија кој во времето на Југославија го поминал пола свет на градежни парцели ми кажа еден убав муабет.
Кога во некоја држава се гради, цела индустрија живее и работи.
За да почне да се гради тоест за да заживее индустријата најчесто државата е таа која треба да ја почне цела работа, па макар и се задолжила.
Можеби и грешам сепак сум друга струка, ама некако ми има логика.

Нема логика тоа се краткотрајни економски бумови.Поради такви бумови се случи економската криза 2007.

Во САД нивнат Федерална Банка печатеше и позајмуваше на банките по камати од 0.1% потоа банките беа обврзани со закон да позајмуваат на скоро секој по смешни камати за овие да купат куќи.И така во Америка се создаде цела империја градежни фирми кои се занимваат со градење куќи а домовите им стигнаа до смешни големини со по 6 соби и цени по 500 000 долари.

Али зошто кредитите банките ги даваа на секој како почнаа луѓето да губат работи така банките мораа да им ги превземаат домовите дека овие не можеа да ги плаќаат кредитите а на пазарот никој не сакал да купува.Така цента на домови падна значително и луѓе кои позајмиле 500 000 за дом сега имаат домови кои вредат по 300 000.Притоа Америка фрли 700 МИЛИЈАРДИ ( ова е огромна сума 300 години буџет на Македонија ) во пазарот со недвижнини и редица пропаднати фирми гиганти и сепак најголем дел пропаднаа а економијата пак им иде надоле.

Истото е и со Јапан.Во 70 и 80 се прогнозирало дека Јапан ќе стане прва светска економска сила за неколку декади и ќе ја престигне Америка.Јапанците купувале се и сешто па Америка. Рокфелер центарот го купиле за 1,2 милијади пред некоја година истиот вредеше 600 милиони и Јапанците го продадоа со загуба од 50% .

Ваква серија загуби низ целиот сектор на недвижнини ја натера Јапанската влада да инвестира во инфраструктурни проетки и социјални програми.Денес Јапан има надворешен долг од 200% и економска стагнација веќе повеќе од декада.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Кога пред неколку години бев на работа во Црна Гора со еден постар мајстор од Србија кој во времето на Југославија го поминал пола свет на градежни парцели ми кажа еден убав муабет.
Кога во некоја држава се гради, цела индустрија живее и работи.
За да почне да се гради тоест за да заживее индустријата најчесто државата е таа која треба да ја почне цела работа, па макар и се задолжила.
Можеби и грешам сепак сум друга струка, ама некако ми има логика.

Муабетот држи вода ако и само ако државата тие пари не ги троши на други места или пополнува други дупки тоа во социјализмот имало и пари имало и индустрија и немало конкуренција затоа било убаво сите опасности биле елиминирани сега е друго крпи ваму крпи таму и на крај остана без гашти.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Нема потреба. Имаш убава поента, те разбирам, али во пракса нефункционална. Невозможна.
Сосема функционална е и баш сега ме натера да ти одговорам :)

Прво земањето пари од Пензискиот фонд треба да се претвори во кривично дело проневера и корупција.А корупцијата треба да се претвори во генерациски префрливо кривично дело и дело според кое може да се прави конфискација на имот .

Тоа би значело дека секој Македонски државен функционер од оформувањето на пензискиот фонд за време на Југославија до сега би бил крив за проневера и корупција.
Сите би била земени колкава им е бројката и би бил поделен долгот од дупката во Пензиски фонд по глава на човек.

Ако овие можат да го исплатат долгот што го должат преку свои средства или имот тогаш само они служат казна затвор.

Ако неможат тогаш се почнува по фамилијарни членови.Прво жената и се конфискуваат целиот имот и средства и она иде во затвор па децата па внуците па мајка му и татко му ако се живи уште ( али сите следни фамилијарни членови седат во затвор се додека не се исплати долгот и не служат казна затвор ,чим се исплати долгот они излегуваат од затвор ) и така се додека не се дојде до сумата кој ја должел тој човек.

Така нема да можат да ги кријат парите на сметки во странски банки зошто нема да имаат кој да ги троши цела фамилија во затвор ќе им биде.

Исто така се чешлаат сите финасиски книги на државата и секој политичар на истиот начин се гони за секое дело на проневера.

Потоа се укинуваат сите пензии на министрите,пратениците и сите повисоки ешалони на власта ако се осудени на проневера,.Потоа пензиите на сите да се средат според тоа кој колку уплатил не може некој да уплатил 2 милиони динари за време на Југославија се пензионирал на 50 и до сега земал можеби едно 6 милиони динари во противредност од времето на Југославија.

На таквите пензиите би им биле укинати.


Со собраните пари од конфискацијата и намалените корисници ( притоа минситрите и пратениците зимаат пензии кои се во рангот на над 1000 евра ) би требало да има доволно пари за да се закрпи дупката во пензискиот фонд и тогаш и пензиите би биле наследни.

Значи ако ти си заштедил 2 милиони денари а си земал само 1,2 милиони пред да умреш остатокот се дава на твојата фамилија.А ако фондот е комплетно полн ако сака некој би можел и целата пензија од еднаш да си ја подигне.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.518
Вистина. Во време на рецесија државата треба да гради. Само големиот проблем кај нас е што гради? Мајсторот мислел на автопати, железници, патишта, системи на гранични премини, современ превоз, туристички места, планини, патеки...
Не споменици и кичераи. Тие пари не прават. Се знае што е продуктивно трошење, што е фрлање пари во ветар.
Во основа би се сложил со градењето на инфраструктура и објекти од кои државата би имала корист во иднина. Но сепак не можам да го игнорирам фактот дека тука покрај градењето сепак имаше голем удел и дневнополитичките настани кај нас и нашето опкружување. Да не навлегуваме во детали но само ке споменам дека според мене сега беше моментот за такви зафати кои колку да изгледаат само трошење безвезе државни пари ( не за сите нормално, тука врбите и такви глупости не ги рачунам) беа нужно потребни. Колку за пример само ке го споменам грбот на републиката. Шансата тој да биде донесен или да имаме национален грб оддамна е замината, и затоа сметам дека некои работи кои се прават беа нужно зло сега пошто во иднина не ке можевме и да сакаме. Се надевам дека ме сваќате што сакам да кажам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сосема функционална е и баш сега ме натера да ти одговорам :)

Прво земањето пари од Пензискиот фонд треба да се претвори во кривично дело проневера и корупција.А корупцијата треба да се претвори во генерациски префрливо кривично дело и дело според кое може да се прави конфискација на имот .

Тоа би значело дека секој Македонски државен функционер од оформувањето на пензискиот фонд за време на Југославија до сега би бил крив за проневера и корупција.
Сите би била земени колкава им е бројката и би бил поделен долгот од дупката во Пензиски фонд по глава на човек.

Ако овие можат да го исплатат долгот што го должат преку свои средства или имот тогаш само они служат казна затвор.

Ако неможат тогаш се почнува по фамилијарни членови.Прво жената и се конфискуваат целиот имот и средства и она иде во затвор па децата па внуците па мајка му и татко му ако се живи уште ( али сите следни фамилијарни членови седат во затвор се додека не се исплати долгот и не служат казна затвор ,чим се исплати долгот они излегуваат од затвор ) и така се додека не се дојде до сумата кој ја должел тој човек.

Така нема да можат да ги кријат парите на сметки во странски банки зошто нема да имаат кој да ги троши цела фамилија во затвор ќе им биде.

Исто така се чешлаат сите финасиски книги на државата и секој политичар на истиот начин се гони за секое дело на проневера.

Потоа се укинуваат сите пензии на министрите,пратениците и сите повисоки ешалони на власта ако се осудени на проневера,.Потоа пензиите на сите да се средат според тоа кој колку уплатил не може некој да уплатил 2 милиони динари за време на Југославија се пензионирал на 50 и до сега земал можеби едно 6 милиони динари во противредност од времето на Југославија.

На таквите пензиите би им биле укинати.


Со собраните пари од конфискацијата и намалените корисници ( притоа минситрите и пратениците зимаат пензии кои се во рангот на над 1000 евра ) би требало да има доволно пари за да се закрпи дупката во пензискиот фонд и тогаш и пензиите би биле наследни.

Значи ако ти си заштедил 2 милиони денари а си земал само 1,2 милиони пред да умреш остатокот се дава на твојата фамилија.А ако фондот е комплетно полн ако сака некој би можел и целата пензија од еднаш да си ја подигне.
Одлична замисла, неостварлива. Филм така речено :)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Одлична замисла, неостварлива. Филм така речено :)
Знаеш што е неотстварливо ? Временска машина,перпетум мобиле.Ова погоре напишаново се неколку промени во менталитет и закони и тоа е се.


Комплетно е отстарливо само е потребна желба за промени вистински и желба да се среди работата.Ако не се направат вакви или слични промени за некоја декада после завршување на факултет студентите ќе емигрираат во Африка заради подобар стандард.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во основа би се сложил со градењето на инфраструктура и објекти од кои државата би имала корист во иднина. Но сепак не можам да го игнорирам фактот дека тука покрај градењето сепак имаше голем удел и дневнополитичките настани кај нас и нашето опкружување. Да не навлегуваме во детали но само ке споменам дека според мене сега беше моментот за такви зафати кои колку да изгледаат само трошење безвезе државни пари ( не за сите нормално, тука врбите и такви глупости не ги рачунам) беа нужно потребни. Колку за пример само ке го споменам грбот на републиката. Шансата тој да биде донесен или да имаме национален грб оддамна е замината, и затоа сметам дека некои работи кои се прават беа нужно зло сега пошто во иднина не ке можевме и да сакаме. Се надевам дека ме сваќате што сакам да кажам.
Те сфаќам. Се треба со осет да се прави. Со осет. Овде немаме осет, имаме силување.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom