- Член од
- 21 март 2012
- Мислења
- 3.277
- Поени од реакции
- 3.055
Да добар е за богатите и тие на власт само да се збогатат уште повеќе. Комплетна глупост и историски се има покажано како комплетен неуспех.Видете го само Јапан 20 години е во финансиска криза државниот долг им стигна до 200% задолженост додека економијата им стагнира.Кај и да е тиквата ќе пукне и тоа многу.Во Америка политиката на Кејнс ја продолжила големата депресија до 46 .После војната Америка го скратила буџетот за 2/3 исто така и даноците и тоа довело до економски бум кој конечно ги извадил од рецесијата.Болдот ти е од Џон Мејнард Кенес. И е многу добро размислување за држави во криза. Арно ама ела дефинирај криза во Македонија која има 20 години по 30% невработени. Ако речеме дека сега е навистина криза, а до 2009 некаде биле троа подобри времиња кои не ги сметаме за криза тогаш секое задолжување направено до 2009 година е скрајно неодговорно. Инаку задолжувањата за кои зборува Кенес се од рангот на 300% од Бдп. Вика дека воопшто не треба да се враќа долгот затоа што економијата толку многу би се зголемила од инвестициите што практично во проценти од бдп тој долг би станал незначителен.
Инаку по теоријаватоа практично би значело ако имаме 4,5 милијарди долг денеска би требало да биде долгот 45 милијарди. Проблемот за жал е што никој тие пари нам нема да ни ги даде. Тоа може да си го дозволи само помоќна држава. Другиот проблем е што кај нас најверојатно тие пари би се потрошиле за глупости, а не за инвестиции кои ќе ја живнат економијата и со кои после тоа би се намалил долгот.
Наравоучение од приказнава. Уште дооолго ќе е вака како што е.
Тоа што ни треба е на Хајек позицијата.Да се скрати буџетот за 60% да се симнат даноците на приход и ДДВ на 0% и да се укинат најголем дел од регулациите (да се тргне политиката од економијата ).Секако и да се отпушти 80% од државната администрација.
Така ќе се создаде поволна клима за инвестиции и раст и тоа не раст од кредити ( меури ) кој за 2-3 години ќе пукне и ќе ни ја однесе економијата во рецесија директно туку вистински одржлив раст.