Фан Клуб: Јувентус

DelPiero10

10ka
Член од
25 февруари 2012
Мислења
583
Поени од реакции
251
Epa sea toa e barem Bonuci ne dobi kazna nema da treba da se kupuva CB pa ke se ima nesto poise pari za Llorente
 
Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Не ми е јасно, ај овие шо го казнија Конте, го казнија, не може ништо против таква мафија да се прави освен да се освои титула пак, па да видат кој е кој на терен, а не по судови!!! Него, не ми е јасно, дали би можел Конте да ги тренира, а друг да биде в.д. тренер и да се појавува на утакмици, како што се шпекулираше или???
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
А што ви е чудно незнам, кога неможеш по клубот удри по тренерот, чисто уште еден мотив повеќе за играчите, има да дишат прашина "конкурентите'' цела сезона, Јувентус освојува со 10-15 бода плус :)
 
kobnik

Гнетач
Член од
14 јуни 2007
Мислења
211
Поени од реакции
37
Кога ќе им стани јасно дека ништо не ни можат освен да ни бричат петело. Само го нараснаја гневот и мотивот за победи кај Конте и со тоа САМИ СЕБЕ СИ ПРЕСУДИЈА!! Егзекуцијата че се врши на терен, полека, недела за недела, со полни мрежи на сите оние шо во моментов дркаат на оваа хајка против Јуве...сигурен сум затоа што овој тим е составен од момци кои знаат како се стигнува до победи, со напорен тренинг и правилна филозофија и мотивација, клубот ПРЕД секој еден играч, за него се живее и за него се гине. Тоа е фудбалот.. односно така треба да биде. Конте е човекот кој ги научи на ова и оваа неправда која му е нанесена че биди екстра мотив за сите за уште поуспешна сезона од ланската. Поради должината на постов че ги избегнам пцофките кон најзаслужните за оваа неправда! поздрав брајча:icon_lol:
 
commandante

diablo blue
Член од
16 мај 2008
Мислења
393
Поени од реакции
72
Значи која улога на карван ја изигра Бонучи и Пепе. Демек не им ги судиме само тренерот и помошникот кои имаа голем удел во освојувањето на 30 скудето. Еве има и други играчи, и тоа не само од Јуве. Арно ама не им упали тоа со другите играчи (никаде не се крена толку прашина за тоа дека Пепе знаел за наместен натпревар :)) па целото внимание од играчите го насочија кон Бонучи. Дури и слики имаа како Лео местел натпревар :)
Сакам да кажам дека целиов процес беше створен да се суспендираат Конте и Алесио, другите така само de jure беа во процесот :)
 
Член од
13 декември 2010
Мислења
351
Поени од реакции
146
Во едно сум сигурен ЈУВЕ догодина ќе биде дупло појак.Нели КОНТЕ :cuc: имаше изјавено дека бил многу лут и со тоа ЈУВЕ ќе биде многу појак тим.Догодина кој и да дојде во Торино ќе добие по еден покер
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970

Сам се еба Конте кога склучи договор со судот на суспензија од 3 мсеци (што по авроматизам е признавање на грешката т.е местењето )
Бонучи не ја прифати таквата спогодба и се бореше и се избори за слобода !
Иначе со неиграњео на Бонучи и Пепе би биле во дупка 25 милиони евра +пари што треба да ги дадат за ново засилување .
Не е спорно тоа дека сите во Италија му смета јакиот Јувентус кој се врати на врвот .Во Италија Јувентус ја нема фудбалската федерација да го штите како на пример Фенербахче на кој му го затворија претседателот се потврдија местенките напротив изгради тим за Лигата на Шампионите ама таму МАФИЈА РАДИ ДОК НАРОД СПАВА !
--- надополнето: 10 август 2012 во 12:44 ---
Во едно сум сигурен ЈУВЕ догодина ќе биде дупло појак.Нели КОНТЕ :cuc: имаше изјавено дека бил многу лут и со тоа ЈУВЕ ќе биде многу појак тим.Догодина кој и да дојде во Торино ќе добие по еден покер
Јувентус ке ангажира нов тренер до крајот на трансфер периодот .
Не се соменвам дека тиа нов тренер ке ја одбрани титулата во домашното првенство и со тоа можеби ке си го зачува столчето а и плус Јувентус незнам колку би ризикувал со Конте кој е осомничен за криминал....тоа ке го руши угледот на Јувентус .
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013
Јувентус ке ангажира нов тренер до крајот на трансфер периодот .
Не се соменвам дека тиа нов тренер ке ја одбрани титулата во домашното првенство и со тоа можеби ке си го зачува столчето а и плус Јувентус незнам колку би ризикувал со Конте кој е осомничен за криминал....тоа ке го руши угледот на Јувентус .
Колку шо се збореше, што и да се десило... Конте ќе си останал тренер додека да помини суспензијата ќе бил Mасимо Карера.

И ако начекате на изјави од Конте и управата, пратете тука да прочитаме :)
 
Член од
13 декември 2010
Мислења
351
Поени од реакции
146
Не верувам дека Ањели тука така би му го свртел грбот на Конте,можно да дојде некој тренер само на една година,но тој ќе биде место Карера,значи убеден сум дека Конте ќе остане во тимот,без Конте ќе падне тимот псилохолшки така да би било добро да се земе тренер по препорака на Конте
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
По мене не треба да се поставува тренер кој би работел долгорочно. Може да се постави било кој а тимот од страна да го води Конте. Каков Прандели, мандели. Не ни треба друг тренер и огромна глупост ќе направат ако постават таков.
 
Тим без водач е како книга без букви !
Без да назначат тренер ништо не правиме со овјо новиот !
Јас многу го сакам и го почитувам Конте како и сите вие ама сепак мора некој да го замени !
 
SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
По мене не треба да се поставува тренер кој би работел долгорочно. Може да се постави било кој а тимот од страна да го води Конте. Каков Прандели, мандели. Не ни треба друг тренер и огромна глупост ќе направат ако постават таков.
и јас со ова се согласувам. Најдобро нека помошник ги води утакмиците а Конте нека ја спрема стратегијата,отколку да дојди било кој на година дена само колку да ја истурка сезоната.Според мене Конте е меѓу најдобрите светски тренери моментално и нема потреба да се менува тоа што тој го градел цела предходна сезона со некој поинакви концепти од други тренери
 
ADP

Член од
5 јули 2012
Мислења
3.495
Поени од реакции
2.305
Dobro e . Nemame da kupime zamena za Bonucci , supeeer :) Imame sea pari za dobar TOP PLAYER.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Тим без водач е како книга без букви !
Без да назначат тренер ништо не правиме со овјо новиот !
Јас многу го сакам и го почитувам Конте како и сите вие ама сепак мора некој да го замени !
Ако донесат друг тренер ќе има договор со него или да го води тимот до истекот на суспензијата на Конте (во овој случај тој ќе знае дека е една сезона на чело на Јуве и не верувам дека претерано ќе се залага за тимот туку ќе гледа да си ја истурка сезоната) и вториот случај е да му се сврти грбот на Конте и покрај тоа што го крена Јуве од мртвите и ако се покаже другиот тренер да му биде понудено продолжување на договорот.
Мене и двата случаи не ми се допаѓаат и затоа сум против поставување на тренер од рангот на Прандели. Мислам дека најдобро е Конте да продолжи да ги држи сите конци во тимот а на клупата да седи некоја марионета која тоа само ќе го спроведува.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Конте нема да може ни на трибини да биде, ќе му биде забранет пристап до играчите и на тренинзи? Ако може на трибини да биде лесна работа, телефони работат...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom