Уште една германска компанија од автомобилска индустрија ќе инвестира во земјава, открива за Канал 5 министерот за странски инвестиции Веле Самак. Одлуката од менаџментот е донесена, но компанијата се мисли меѓу Велес и Кавадарци, а ќе произведува делови за Мерцедес С класа.
- Има уште една германска фирма која се одлучи за Македонија, а избира меѓу Велес и Кавадарци. Се работи за голема инвестиција, со 4.000 нови работни места, тоа ќе биде најнова и најголема инвестиција, се планира да се вложи 30 милиони евра, во опрема и зграда. Ова се проекти кои се потврдени, а и има дополнителни осум нови кои се веќе одлучени и би почнале во текот на 2012, изјави Веле Самак, министер за странски инвестиции.