Во ред друже има и такви ама си има конкретна причина за тоа и нема зашто да ни смета
.
Странец секаде симболизира возбуда и романтика а во наши услови и пари и нормално е 20% од девојките да паднат на тие епитети, ништо чудно тука. Наше дете да и понуди возбуда, пари и романтика исто ќе ја фати може и побргу од странецот.
Друго што е битно е кои се тие 20%? Тоа секако не е врвот на македонскиот женски квалитет па да ти биде криво, тие девојки си имаат критериуми кои можеби и не сакаш да ги исполнуваш. Чисто се сомневам дека е тоа квалитетот кој златните наши деца кои ги спомна го бараат
.
Мувачица и ебачица не да не е тешко туку ако имаш барем просечен изглед и просечна интелигенција е лесно да се најде и тоа пристојна женска а не габор но тоа што е тешко е да најдеш женска за подолго без да правиш компромис во симнување критериуми ама тоа му е секому тешко (и на девојките) чисто од причина што квалитетот е редок. Чим имаш повисоки критериуми од просекот барањето и наоѓањето се тешка задача со неизвесен исход.
Инаку за кај нас направи една прошетка навечер и гледај ги паровите и ќе видиш дека од 10 пара во 8 женската ќе биде барем за неколку класи подобра од дечкото а само во два или три ќе биде обратно така да гледај ја и другата страна дека и жениве немаат некој преголем избор
.
Нашите луѓе се искомплескирани од мали и многу проблеми доаѓаат од комплексите и немањето пари а чим си искомплексиран целото однесување ти е превртено наопаку и правиш киксови и се однесуваш спротивно на сопствените интереси, цела држава ни е таква па не е чудно што и девојките ги фатила истата болест и делат корпи каде треба и не треба, таа (искомплексирана) судбина ја делиме (сакале или нејќеле) сите што сме родени и растеме на оваа почва
.
Абе немам проблем со девојки јас, ниту пак имам високи критериуми
Само ја опишав реалноста надоврзувајќи се на постот на Сусаро.
Ако прочита подоле реков дека нема никаков проблем да се најде девојче/дечко за несериозна врска или мување. За машко само да не биде срамежлив, во спортивно треба да е некој екстремно грд за да не најде женска. Плус сега е време во кое немора да го трпиш стравот на пуштање во реалноста, сврти муабет на некоја социјална мрежа, после искочи во град и завршена работа...
И пред да ја имам последнава сериозна врска, не сум имал некој поголем проблем, секогаш ќе се најдеше по нешто
Плус како помал бев и посрамежлив, ама пак преку другар ќе прашаш и готова работа xD
А и сум налетал на доста директни девојчиња, нешто што и јас ко машко не сум го правел. Една ми се обеси на упознавање ми вика ти ќе ми бидеш маж
, друга правеше се за да не избркаат од кино (таму се упознавме) за да искочиме на само, пред некое време девојче од 14 години толку очигледно ми се пушташе во автобус што на крај дури и извади мобилен да ме слика
, а и се дешава да затекнам некој поглед што не се мрда саат време од мене... Така да кој вика дека неможе да најде женска лже суши...
Е сега сите се пребирливи, некој сакал карактер, трет не му се допаѓала музиката што ја слушала итн...
Секој си цели на своја група на луѓе. Пример јас не сум тип што искача по кафани, по дискотеки, или спијам низ населба, или во парк или поретко во некој кафич. И на пример никогаш не ми фрлала око некоја накинџурена што седи во диско само за да биде видена. Е од таквите ми се сере и баш тие се тие за кои збориме, и истите тие викаат како неможело да се најде добро момче, ама затоа со странци се растураат па макар и трето око имале, само да не се од Македонија...
Може мал процент ставив, сепак процентот е многу поголем на вакви типки...
И пошто јас целам на друга група на женски и се движам во други кругови немам некој поголем проблем, ама па затоа оние кои одат на вакви места, фрлаат илјада денари за да ги почастат спонзорушиве и после гледаат како некој фолкер од Пријепоље ги мува, искрено ги жалам.
Не се сложувам ни дека од 10 пара, ви 8 женското било поубаво. Незнам кај искачаш ти...
Во последно време баш постојано гледам убави момци со дебели девојчиња. Се опаметуваат лека полека, си знаат дека нема аир да се трудиш кај некоја диско квин девојка
Заборавив во претходниот пост да пишам за братучедот на комшијата кој дојде од Австралија. Само ради женски го продолжи одморот од 2 на 6 месеци
Мора да признаам срам ми падна што сум Македонец...
Ми ги покажуваше пораките на ФБ, абе курва до курва човече...
Татко ми за глава се држеше кога ги читаше