О, Сузо, знаеш мене што ми смета најмногу? Сите не плукате нас Македонките дека сме биле вакви, такви... а заборавате дека за се` она што сте вие денес се заслужни вашите мајки Македонки.
Јас не сум промискуитетна девојка, напротив јас сум претерано конзервативна и кога љубам, љубам само еден човек, а тој секогаш е Македонец! Јас не сум била во врска со некој кој не е Македонец, не сум јас падната од Марс, бре... Мене мајка ми ме научи дека секоја птица треба да си биде во своето јато.
Воопшто не сум отворена за „мешани“ врски и воопшто не ги поддржувам!
Многу ми паѓа тешко што сите заборавате на вашите мајки и сестри и распалувате по Македонките со цел арсенал, секако во негативна конотација. Не знам дали тоа го правите поради немоќ или пак за да ги прекриете комплексите, но во никој случај не е убаво. Оваа држава опстанала заради македонските жени/мајки! Мажите кога се бореле или кога работеле в поле, жените Македонки биле тие што ги чувале и воспитувале децата, ама кој да ви каже. Вие, мажите Македонци, сте преполни со себе величењето и не/свесно, не/намерно ги деградирате Македонките. Не знам од каде таа потреба само да плукате по нас Македонките. Не е точно дека сме го заслужиле тоа! Ми смета генерализирањето. Не е точно дека сите Македонки се палат на Срби и дека штом видат некој Србин одма распалуваат на српски. Јас воопшто не ги почитувам Србите како народ, без исклучоци. Мене многу ми смета споредбата на Македонките со Србинките, не сакам да бидам споредувана со нив - ме навредува споредбата со нив! Ние имаме прекрасни жени Македонки, паметни, убави, вредни за најголема почит. Ме повредува ова маргинализирање и деградација на нас Македонките.
Јас ја почитувам мојата земја, македонскиот народ и македонскиот јазик, јас не зборувам на српски, доколку налетам на Срби, а ти?!
П.С. Во драга Кајгана чинам дека те прочитав дека Аца Лукас имал нов албум.
П.П.С. Сузи, вие штом видите Србинка заборавате каде сте, од каде сте и најлошото КОИ СТЕ!