Најубаво брат ти да си влезиш у државна работа. Ем плата ти течи ко Вардар ем нема кој да ти се дери над глава. Ја сите сум ги пробал, да ти споделам искуства:
1. Бев работник у туѓа фирма, се договривме за плата на 1рви (како шо е редот), ми даваше два месеци на 1рви и после почна на 8-9 и наинтересно е шо ме избрка на 1рви, шовикаш ти зошто?
Покрај тоа искуствата како вработен ми беа премногу интересно, коа ја пуштав климата, морав да демнам ко некој сокол да не влези да ја види уклучена. Згора на тоа, коа ги подмирував неговите фактури, не ми даваше да мавам рефреш на страната пошо сум трошел дупли мегабајти за отварање. Коа ќе задоцнев 5 миноти ми викаше: Кај си ти бе цел ден? Коа ќе дојдеше инспекција ми викаше: Сеа мисли му ја! Ма нема врска он шо ништо не пазеше во неговите документации. Битно јас да имам израмнета фискална. Неможам да го заборавам задоволството коа ќе ми ја дадеше 9 илјадарската плата и ќе ми кажеше: Сеа после 30 дена, батка. И највеќе шо ми беше интересно, у една тетратка со тесни-широки се потпишуам коа почнувам со работа коа завршувам. Јас се потпишував дека сум дошол у 14 а уствари удев у 8, се потпишуав како да сум заминал у 18 а јас си заминував у 20.
2. Отворив сопствен бизнис ама за брзо се затвори, немав толку импресии, причината за затворањето беше доста интересна и реална. Ме застанаа за интервју од Сител и ме прашаа дали сум задоволен од проектот Скопје 2014. Јас одговорив дека не ми се од корист такви работи, дека се глупости и дека со тие пари многу би унапредил со бизнисот. Тогаш ми затрепери срце и одеднаш еден глас од микрофонот ми излезе: И тој бизнис шо го имаш нема да ти се унапреди. Си одам јас така дома, тоа е некоја телепатија со камерманите и инспекторите, глеам успат ми акнале плобма. Се чудам и викам ова децата од маало ме зезаат. Коа идам да прашам зошо/шо/како и викаат: ееее ние од надвор увидовме дека не плаќаш данок и дека не фискализираш робата.
Заборавив да додадам дека на излогот имав сини траки и два три пара пластични рози.
И така е мојата животна приказна, сеа лежам, дремам по дома. Женами работи Швајцарија, кијзнај дали со плескање по гз или со работење или па со плетење зима пари ама праќа, по 100 франага месечно праќа. Да е жива и здрава, крупна таква цицлеста ја пратив и види шо арни пари ми носи.
Еии животов многу си го сакам, премногу, посебно па ко ќе пуштам Сител, ау ау.