Дали е добро да се отвори бизнис во Македонија?

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Подолго време размислувам на оваа тема дали е подобро да се отвори сопствен бизнис или пак да бидеш вработен. Од една страна е добро да отвориш сопствен бизнис каде што ќе бидеш само свој газда каде што нема никој да ти се дере врз глава и да ти вика да остануваш до покасно и при тоа да не ти ги плати тие саати кои ги имаш работено... а од другар страна пак ако имаш сопствен бизнис без разлика каков и да е испекција како и да е ќе ти дојде и ќе бара и најмала грешка за казна да ти пише и клуч да ти стават. Сеуште се мислам дали треба да собирам пари да се снаоѓам па за едно 3-4 години со истите да отворам сопствен бизнис или пак да си бркам работа како работник.

Што мислите според вас дали поубаво да се отвори бизнис тука во Македонија или пак надвор од неа? или пак да бидеш вработен во Македонија... :)

Ако има ваква тема у канта
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Зависи кој сектор и што. Потенцирај малце што сакаш...
 
На пр во превоз на патници со автобус на пр во тој сектор не мислам на редовен превоз него на училишен и сл. но од повеќето кои кажаа се исплати но ти треба доста пари кои ќе ти отидат за ручеци за под рука и плус тоа е прашање дали ќе ти успе од тоа што повеќето превозници и кои работат во тој бизнис ќе те угушат за не помалку од 5-6 месеци. :)

А друга работа мислев да отворам ресторан со сестрами ама за овој бизнис ми рекоа следново ако отвориш ресторан прво што лошо е за овој бизнис испекции ќе ти доаѓаат ненормално од прва до последна а и при тоа знај дека уште во првата година 100 % ќе имаш некоја казна закачена и така да ... Сеуште размислувам каде е најдобро да се отвори во кој сектор... и дали воопшто да отворам во иднина ( за година ипол )
 
THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Ако поставуваш вакви прашања, па уште спомнуваш инспекции?! пиши пропало од тебе претприемач не бидува.
Уствари ти немаш никава идеја, а ако ја имаш сигурно е крајно моронска.
 
Не знам, да имам пари јас ќе инвестирам во фармација нешто или прехрана. Нешто што се троши секој ден, се друго некако ми е тапа и несигурно.
 
BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Подолго време размислувам на оваа тема дали е подобро да се отвори сопствен бизнис или пак да бидеш вработен. Од една страна е добро да отвориш сопствен бизнис каде што ќе бидеш само свој газда каде што нема никој да ти се дере врз глава и да ти вика да остануваш до покасно и при тоа да не ти ги плати тие саати кои ги имаш работено... а од другар страна пак ако имаш сопствен бизнис без разлика каков и да е испекција како и да е ќе ти дојде и ќе бара и најмала грешка за казна да ти пише и клуч да ти стават. Сеуште се мислам дали треба да собирам пари да се снаоѓам па за едно 3-4 години со истите да отворам сопствен бизнис или пак да си бркам работа како работник.

Што мислите според вас дали поубаво да се отвори бизнис тука во Македонија или пак надвор од неа? или пак да бидеш самод да вработен во Македонија... :)

Ако има ваква тема у канта
Најубаво брат ти да си влезиш у државна работа. Ем плата ти течи ко Вардар ем нема кој да ти се дери над глава. Ја сите сум ги пробал, да ти споделам искуства:

1. Бев работник у туѓа фирма, се договривме за плата на 1рви (како шо е редот), ми даваше два месеци на 1рви и после почна на 8-9 и наинтересно е шо ме избрка на 1рви, шовикаш ти зошто?
Покрај тоа искуствата како вработен ми беа премногу интересно, коа ја пуштав климата, морав да демнам ко некој сокол да не влези да ја види уклучена. Згора на тоа, коа ги подмирував неговите фактури, не ми даваше да мавам рефреш на страната пошо сум трошел дупли мегабајти за отварање. Коа ќе задоцнев 5 миноти ми викаше: Кај си ти бе цел ден? Коа ќе дојдеше инспекција ми викаше: Сеа мисли му ја! Ма нема врска он шо ништо не пазеше во неговите документации. Битно јас да имам израмнета фискална. Неможам да го заборавам задоволството коа ќе ми ја дадеше 9 илјадарската плата и ќе ми кажеше: Сеа после 30 дена, батка. И највеќе шо ми беше интересно, у една тетратка со тесни-широки се потпишуам коа почнувам со работа коа завршувам. Јас се потпишував дека сум дошол у 14 а уствари удев у 8, се потпишуав како да сум заминал у 18 а јас си заминував у 20.

2. Отворив сопствен бизнис ама за брзо се затвори, немав толку импресии, причината за затворањето беше доста интересна и реална. Ме застанаа за интервју од Сител и ме прашаа дали сум задоволен од проектот Скопје 2014. Јас одговорив дека не ми се од корист такви работи, дека се глупости и дека со тие пари многу би унапредил со бизнисот. Тогаш ми затрепери срце и одеднаш еден глас од микрофонот ми излезе: И тој бизнис шо го имаш нема да ти се унапреди. Си одам јас така дома, тоа е некоја телепатија со камерманите и инспекторите, глеам успат ми акнале плобма. Се чудам и викам ова децата од маало ме зезаат. Коа идам да прашам зошо/шо/како и викаат: ееее ние од надвор увидовме дека не плаќаш данок и дека не фискализираш робата.
Заборавив да додадам дека на излогот имав сини траки и два три пара пластични рози.

И така е мојата животна приказна, сеа лежам, дремам по дома. Женами работи Швајцарија, кијзнај дали со плескање по гз или со работење или па со плетење зима пари ама праќа, по 100 франага месечно праќа. Да е жива и здрава, крупна таква цицлеста ја пратив и види шо арни пари ми носи.

Еии животов многу си го сакам, премногу, посебно па ко ќе пуштам Сител, ау ау.
 
Настрана писателското фризирање на текстот.
Што фирма си имал, и што точно си им одговорил на овие од Сител?
 
Интересна приказна и јас размислувам за во државна фирма ама финтата е што е премногу тешко нормално треба да имаш луѓе кои ќе те пикнат а и тие бараат нешто под рука како и да е :)
 
BloodyJesus

патенирана чепкалка
Член од
15 февруари 2012
Мислења
1.206
Поени од реакции
1.240
Настрана писателското фризирање на текстот.
Што фирма си имал, и што точно си им одговорил на овие од Сител?
Ами нив само то за проектов а после коа им се јавив у штабов за инспекции шо се покрај тоа ми рекоа дека не сум платил она на 6 месеци шо е, за користење на просторот пред дуќанот. Јас им кажав дека имам платено и ми рекоја: Имаш платено имаш платено ама за розите и сината боја немаш платено, по потреба на инспекцијата се воведува закон исто како за колите, коа им ставаш црни фолии на прозорите, да пиши во сообраќајна. Епа сеа у бизнисов требало да има во решението.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Ако поставуваш вакви прашања, па уште спомнуваш инспекции?! пиши пропало од тебе претприемач не бидува.
Уствари ти немаш никава идеја, а ако ја имаш сигурно е крајно моронска.
Веќе сум вработен и знам како е кога ми доаѓаат испекции на секои 2-3 недели :)

И без наврадување :)
 
Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.951
Поени од реакции
9.581
Подолго време размислувам на оваа тема дали е подобро да се отвори сопствен бизнис или пак да бидеш вработен. Од една страна е добро да отвориш сопствен бизнис каде што ќе бидеш само свој газда каде што нема никој да ти се дере врз глава и да ти вика да остануваш до покасно и при тоа да не ти ги плати тие саати кои ги имаш работено... а од другар страна пак ако имаш сопствен бизнис без разлика каков и да е испекција како и да е ќе ти дојде и ќе бара и најмала грешка за казна да ти пише и клуч да ти стават. Сеуште се мислам дали треба да собирам пари да се снаоѓам па за едно 3-4 години со истите да отворам сопствен бизнис или пак да си бркам работа како работник.

Што мислите според вас дали поубаво да се отвори бизнис тука во Македонија или пак надвор од неа? или пак да бидеш вработен во Македонија... :)

Ако има ваква тема у канта
Бизнисот би го отворил овде ама производите би ги пласирал надвор (или зависи за шо бизнис ке се одлучиш)
И нормално подобро е да си имаш свој бизнис отколку да си вработен(приватно) си знајш дека засебе работаш.
Ама најдобро е да си во медот државно ниту инспекции ниту нервози + работа шо мојт да ја работат еден човек ја работаат 5-6 души саботи и недели не, празници не, годишни одмори имаш,плата навреме итн
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
На пр во превоз на патници со автобус на пр во тој сектор не мислам на редовен превоз него на училишен и сл. но од повеќето кои кажаа се исплати но ти треба доста пари кои ќе ти отидат за ручеци за под рука и плус тоа е прашање дали ќе ти успе од тоа што повеќето превозници и кои работат во тој бизнис ќе те угушат за не помалку од 5-6 месеци. :)

А друга работа мислев да отворам ресторан со сестрами ама за овој бизнис ми рекоа следново ако отвориш ресторан прво што лошо е за овој бизнис испекции ќе ти доаѓаат ненормално од прва до последна а и при тоа знај дека уште во првата година 100 % ќе имаш некоја казна закачена и така да ... Сеуште размислувам каде е најдобро да се отвори во кој сектор... и дали воопшто да отворам во иднина ( за година ипол )

НЕ јасно гласно!Зашто???
Работиш само осум месеци за кои горе доле ги покриваш основните трошкови.Што ќе правиш другите четири месеци????Рачунај на секоја втора недела по некој расипан дел од возилото па пари па прашање дали ќе го најдеш тој дел одма или после пет-шест дена.Цената на горивото е мнооогу евтина:rolleyes:со терк да за едно година дена да дојде до 95-98ден за литар бензин.Па сеа види ти дали ќе отвориш или не.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Јас би отворил базент во некои град каде што нема..знаете ли која заработка е ? Преку сезоните кога не се бања нека биде како кафич со фонтани монтани...еееееееееееееееееееееееее само години и пари ми требаат..
 
В

Вештерот

Гостин
Иако во една друга тема еден член напиша нешто слично еве ќе напишам зошто е лошо да се почне свој бизнис:
-Нелојална конкуренција. Некој некаде ќе има некоја врска и ќе ти земе дел од пазарот.
-Мал и неразвиен пазар. Со други зборови луѓето немаат многу пари за да трошат.
-Лоша инфраструктура. Многу е убаво кога имаш ресторан и ти снемува вода. Или пак имаш машини со кои треба да фатиш рокови и ти снемува струја. А за патната инфраструктура да не зборувам подобро.
-Премногу бирократски и непотребни постапки со кои непотребно губиш време и пари. Веројатно се измислени за некои службеници да се богатат.
-Тешко е да се најдат асолни работници. Има, не велам не, ама тешко е да најдеш. А ако некого обучиш ќе ти кидне во конкуренција.
-Рекет

За ресторан по логика би рекол дека е неисплатливо затоа што гледам на местата каде што има ресторани ќе дојде еден газда ќе го држи ресторанот некое време па ќе го затвори. И после тоа одново друг на истото место отвара ресторан и потоа по некое време ќе пропадни и ќе го затвори. Тоа не е случајно. Очигледно тој бизнис е неисплатлив.
За превози не знам како е.

На крај испаѓа дека е најпаметно човек да ги инвестира парите во селење од државава.
 
На крај изгледа и така и ќе биде... ако не се најде нешто добро ама по се изгледа тешко во оваа држава
 
Kajgana Shop

На врв Bottom