За тоа веќе пишав...
ОК, тоа што ја промовирал држававата во регионот ( како во регионов и да не не знаеа ), ама и си земаше парички добри..
Е за ова морам да изреагирам...
Е па ај да не зема пари... И тоа што он го правеше е работа, нон стоп по патишта, свој живот немаше, а не ни зборувам за тоа колку хуманитарни работи направи кои се дознаа после неговата смрт. Тој не легачеше по цели денови, туку работеше и со свој труд си ги заработуваше тие пари. Не му ги даваа за џабе...
Земал парички... Добро, што требаше да направи? Да се откажеше од сите пари што ги зема, да нема каде да спие и да нема што да јаде за да народот рече - еј овој си ја сака државава?
Во регионот не' знаат, друг е муабетот, он многу македонски народни песни промовираше надвор, македонска култура, секаде беше со македонското знаме и тоа го правеше не затоа што му беше наложено туку затоа што навистина си ја сакаше Македонија. Не добиваше он пари за промоција на Македонија, добиваше пари за неговиот талент!
Наместо прва асоцијација за Македонија да е проблемот со Грција, Тоше стана симбол за Македонија (зборувам од модерен аспект после осамостојување). Па подобро по талент и глас да не препознаваат, отколку да не знаат по политички проблеми.
И сега тука ќе се спомнува фактот што заработувал еј... па заработувал нормално дека ќе заработува кога работеше нон-стоп.
Земал пари еј... каков аргумент даде сега...
Ќе направи човек 193202392093 добри работи, ама не може пусто балканско да се помири што некој и плус си обезбедил живот.
Што викаа Елементал во песната “Природа и друштво“:
Mi nađemo zemljaka koji je u životu nešto uspio
al hvalimo ga tek kad mu se sanduk u zemlju spustio...
Дури и после смртта, ќе се најде некој да најде причина да го омаловажува. Е сега пошто не може за ништо друго да се најде, ќе се изнајде причина дека заработувал за живот... Свашта...