За пет нови споменици од „Скопје 2014“ ќе се потрошат 300.000 евра
Нови 300.000 евра ќе се потрошат за пет нови споменици на албанските дејци, Неџат Аголи и Јосиф Багери и македонските револуционери Христо Татарчев, Павел Шатев и Кузман Јосифовски Питу.
Договорот е склучен со италијанската леарница Гуастини, на 16 јули, а рокот за изведба е од шест до 18 месеци.
Првите споемници на албански дејци, Неџат Аголи, Јосиф Багери, а кои се дел од проектот „Скопје 2014“, треба да бидат готови до почетокот на следната година и заедно чинат околу 96.000 евра. Споменикот на Аголи ќе се постави во близина на споменикот на Гоце Делчев на градскиот плоштад, а Багери ќе стои пред Стариот театар.
За леењето во бронза на тројцата македонските револуционери, ќе се потроши околу 213.000 евра.
Шатев и Таатрчев се планира да се постават во близина на Портата Македонија, а за Кузман Јосифовски – Питу е резервирано место во паркот „Жена борец“ до споменикот на Македонските бранители.
--------
Колку за информација каде ќе се трошат парите од поскапените струја, горива, парно.