Ракомет, Лондон 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Тоа е спортот, јбг после 80 мин со главата наведната ќе заврши некој ама секоја чест за Исланд, можеби Унгарциве не беа на ниво во групите ама каков натпревар изиграа чак и подобри беа. Среќата ги послужи и тоа...
 
Леле колку ми е мака што испуштив шанса да гледам како се решава ракометен меч на пенали.. Цело време навивам за нерешено и за пенали, ама ете на крај промашија Исланѓаните.. Секоја чест и за двата тима, приредија вистинско шоу, возбудливо и неизвесно до самиот крај, браво уште еднаш.. Очекувам интересен меч да биде и Шведска - Данска.. Хрватите мислам дека без проблем ќе поминат во 1/2 финале :)..
 
Данска на последново Европско не влегоа со 0 бода во следна фаза или пак можеби сум грешка?
Али утакмицава со Калински беше перфектна комбинација.
Не си грешка :) И благодарение на нас стигнаа до титула...
 
Море што сакам некој да ѓи плесне,и тоа онака у задни минут да го примат,еве на пример може шведска денеска:D.
 
Епа се оствари! Мислам дека Исланд ќе биде репрезентацијата што ќе изгуби во финалето од Хрватска. Поздрав до тогаш! ;)
Bye Bye Iceland...репрезентација која со 5 победи во група изгуби во четвртфинале, кажи сеа на која друга репрезентација те потсеќа :D
 
Не може да гледаш било каква утакмица каде што играат Шведска и Данска меѓу себе без да помислиш на Евровизија... тоа е речиси невозможно...:icon_mrgr:

Баш ми е криво што не ја гледав Исланд, не сум дома, па не можев да гледам, а од ова што ве читам била предобра!

Камо сите утакмици да се вакви.

А бе таквите утакмици се топ се неутрални гледачи, замисли како им било на Исланѓаните или Унгарците?:icon_mrgr: Цели пакети дијазепам лапале гарант...

Не паметам да сум гледала ракомет пенали, тоа би било јако... (само пу,пу, скраја да е Македонија некад така да игра на пенали ракомет, ќе си погинеме сите колективно)
 
Не може да гледаш било каква утакмица каде што играат Шведска и Данска меѓу себе без да помислиш на Евровизија... тоа е речиси невозможно...:icon_mrgr:

Баш ми е криво што не ја гледав Исланд, не сум дома, па не можев да гледам, а од ова што ве читам била предобра!



А бе таквите утакмици се топ се неутрални гледачи, замисли како им било на Исланѓаните или Унгарците?:icon_mrgr: Цели пакети дијазепам лапале гарант...

Не паметам да сум гледала ракомет пенали, тоа би било јако... (само пу,пу, скраја да е Македонија некад така да игра на пенали ракомет, ќе си погинеме сите колективно)
Македонија би била одлична на пенали Диви има да го преплаши противникот, нема гол да прими ;)
DSC_63363.jpg
 
И јас само да додадам дека не сум гледал ваква утакмица. 80 минути, скоро ко фудбал. Уште пенали да имаше супер ќе беше и така не сум гледал баш. Само се докажува дека ракометнив турнир (како и повеќето спортови) е најдоброто собрано на едно место.
Нз дали ќе ја даваат Шпанија - Франција на МТВ, ама секако ќе има на нет. А Шведска - Данска ќе ја суделе нашите судии, Начевски и тој другиов.
Кај женските би сакал финале Норвешка - Црна Гора (иако мислам дека турнирот малце ослабна со испаѓањето на Франција).
 
абе рече нешто златко, оставам на горан да ве предводи во натпреварот помеѓу франција - шпанија, али исто така и кошарка играат истите две репрезентации, па незнам за што мислеше, али горан кошарка коментира, така да мислам оти ќе ја нема ракометнава на тв...некој линк некој да не му се наоѓа,... исто така и од исланд - унгарија да не ке искочи некое линкче за даунлоад?...ова мора да сае има да се поседува дома... ваква утакмица, еднаш у 5 години се дешава :)
 
Страшна утакмица.:cuc: Исланѓаните може да жалат затоа што на 10 сек. до крај имаа гол предност и седмерец но ете...тоа е спортот.
 
Франција-шпанија,на собранискиот канал,добро е им текна да го користат.
 
14 минути Франција само 1 гол и тоа од пенал:pos:
 
Франција мизерија 20 минути само два гол од игра:eek:.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom