Абе сеа реално за освојување тоа не им е загарантирано ниту на Реал ниту на Барса без разлика какви тимови имаат, кој им е тренер и како играат, ланската сезона е класичен пример за тоа.
Мурињо кога беше во Интер, сезоната кога освоија тројна круна пред фазата од групи кажа дека Интер моментално има 10% шанса за освојување на трофејот во ЛШ бидејќи има уште 9 други екипи кои поседуваат квалитет да го освојат тој трофеј па во тој момент на сите им даде 10% шанса, а подоцна истиот процент се зголемуваше се до финалето кога бепе 50ка.
Така е и сега, ја не викам дека ПСЖ ќе освојат, или Сити, ама дека реално, можат комотно да бидат дел од тие екипи кандидати за тој трофеј, во ЛШ потребно е и многу среќа, некад и судењето знае да е пресудно, многу фактори се во игра, не само парчето хартија.
Нејсе, сметам дека нема потреба веќе од муабетот за ПСЖ и тоа дека таму немале простор за прогрес играчите, поготово ако влечеме паралели со Калчо лигата, па веќе ПСЖ се поквалитетни од било која екипа од Италија, а во иднина ако се почне со инвестирање и во останатите клубови лесно може и за други тимови од Франција тоа да важи, плус французите важат за земја од каде излагаат доста квалитетни фудбалери.