Ех да, сигурно е така. Зошто некој би произвел квалитетен предмет, кога со сигурност знае дека модните трендови и вака и онака ќе те натераат да купиш нов, ист таков, само малку поинаков?
Колку мобилни телефони си променил во последните 5 години?
--- надополнето: 6 август 2012 во 21:23 ---
Нека и не се измислени од капитализмот, капитализмот ги донел до перверзија.
--- надополнето: 6 август 2012 во 21:32 ---
По моето скромно мислење, моделот кој го предложи Платон во Држава е најдобриот модел било кога понуден, се разбира кога би бил апдејтуван.Најсилниот аргумент за тоа ми е дека Платон не го признава наследното право, и секој навистина стартува еднаков со сите. Тоа би бил вистински капитализам, секој од нула на слободен пазар, па најдобриот нека успее. Вака ја имаме бедната лага наречена Американски сон, која тврди дека секој има подеднакви шанси да успее. 100% сигурно, кога питомците на Харвард и Јел имаат некаде во трета година обезбедени добро платени работни места, а на официјалниот сајт на Харвард јавно се декларира непотизам при уписот.
--- надополнето: 6 август 2012 во 21:38 ---
Не е тоа толку едноставно. Јас се сметам доволно интелегентен да се смеам на таа глупава игра, но јас не сум остров сам за себе. Мојот живот се одвива во интеракција со околината. Еве едноставно, со пример. Имаш девојка која е фина и паметна, која ја сакаш, но која смета дека пратењето на модата е вредност. На некој суптилен начин ти си приморан да ја играш играта, затоа што не сакаш да ја изгубиш девојката.
Не можеш да живееш квалитетен живот во осаменост, а не сакаш да те лажат како последен идиот. На тој начин, лудилото директно влегува во твојот живот.