Zeitgeist movement

Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
По моето скромно мислење, моделот кој го предложи Платон во Држава е најдобриот модел било кога понуден, се разбира кога би бил апдејтуван.Најсилниот аргумент за тоа ми е дека Платон не го признава наследното право, и секој навистина стартува еднаков со сите. Тоа би бил вистински капитализам, секој од нула на слободен пазар, па најдобриот нека успее. Вака ја имаме бедната лага наречена Американски сон, која тврди дека секој има подеднакви шанси да успее.
Укинување на наследството го предлагаат и Маркс и Енгелс во Коминустичкиот манифест. Тоа неможе никогаш да профункционира. Ако нема наследство никој не би се грижел како ги троши парите сите би се фрлиле на безцелна забава и лудување додека се живи. Згора на тоа никој не е еднаков секој си има некој вродени предности. Ако се укине наследството мора да се и укине и наследувањето на таленти што сега за сега е биолошки невозможно. Тотално перверзно е да се бара укинување на материјалното наследство а да се велича само генетското наследство тоа би бил еден вид социјален еугенизам.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Форсирањето на генетското наследство во однос на материјалното наследство е во склад со законите на еволуцијата. Наследното право овозможува неприроден успех, односно овозможува напредок на оние помалку способните, нешто што на долги патеки води кон деградација на човештвото.
 
Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
Форсирањето на генетското наследство во однос на материјалното наследство е во склад со законите на еволуцијата. Наследното право овозможува неприроден успех, односно овозможува напредок на оние помалку способните, нешто што на долги стази води кон деградација на човештвото.
Фактите зборуваат против тебе. И покрај тоа што наследството ја прави трката релативно нефер, пак квалитетот победува. Ако ја погледнеш листата на најбогати луѓе, ќе видиш дека скоро сите во топ 500 се милијардери кои потекнуваат од средна или дури работничка класа и се пробиле исклучиво поради сопствениот успех. Парис хилтони нема многу.
 
Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
Форсирањето на генетското наследство во однос на материјалното наследство е во склад со законите на еволуцијата. Наследното право овозможува неприроден успех, односно овозможува напредок на оние помалку способните, нешто што на долги патеки води кон деградација на човештвото.
Човекот е финален производ од еволуцијата и нема еволуција на човекот понатаму бидејќи нема селективен притисок...Не би навлагал во другите теории на еугенизмот и социјален дарвинизам.
--- надополнето: 6 август 2012 во 22:29 ---
Фактите зборуваат против тебе. И покрај тоа што наследството ја прави трката релативно нефер, пак квалитетот победува. Ако ја погледнеш листата на најбогати луѓе, ќе видиш дека скоро сите во топ 500 се милијардери кои потекнуваат од средна или дури работничка класа и се пробиле исклучиво поради сопствениот успех. Парис хилтони нема многу.
Во листата на топ 100 милијардери на Форбс 65% сами го почнале од 0 бизнисот. 25% имале веќе некој среден бизнис а само 10% го наследиле најголем дел од богатството.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.139
Поени од реакции
25.698
Ех да, сигурно е така. Зошто некој би произвел квалитетен предмет, кога со сигурност знае дека модните трендови и вака и онака ќе те натераат да купиш нов, ист таков, само малку поинаков?

Колку мобилни телефони си променил во последните 5 години?
--- надополнето: 6 август 2012 во 21:23 ---

Нека и не се измислени од капитализмот, капитализмот ги донел до перверзија.
--- надополнето: 6 август 2012 во 21:32 ---

По моето скромно мислење, моделот кој го предложи Платон во Држава е најдобриот модел било кога понуден, се разбира кога би бил апдејтуван.Најсилниот аргумент за тоа ми е дека Платон не го признава наследното право, и секој навистина стартува еднаков со сите. Тоа би бил вистински капитализам, секој од нула на слободен пазар, па најдобриот нека успее. Вака ја имаме бедната лага наречена Американски сон, која тврди дека секој има подеднакви шанси да успее. 100% сигурно, кога питомците на Харвард и Јел имаат некаде во трета година обезбедени добро платени работни места, а на официјалниот сајт на Харвард јавно се декларира непотизам при уписот.
--- надополнето: 6 август 2012 во 21:38 ---

Не е тоа толку едноставно. Јас се сметам доволно интелегентен да се смеам на таа глупава игра, но јас не сум остров сам за себе. Мојот живот се одвива во интеракција со околината. Еве едноставно, со пример. Имаш девојка која е фина и паметна, која ја сакаш, но која смета дека пратењето на модата е вредност. На некој суптилен начин ти си приморан да ја играш играта, затоа што не сакаш да ја изгубиш девојката.

Не можеш да живееш квалитетен живот во осаменост, а не сакаш да те лажат како последен идиот. На тој начин, лудилото директно влегува во твојот живот.
Платон не сум го читал, затоа ќе го ринам тој дел за подобри времиња.

За другиот дел, знам дека не е едноставно. Ама на крајот изборот е твој со тоа што ти си посвесен дека станува збор за колективно лудило. Ова одам по таа аналогија оти некој друг може да оди по принципот на логика на мнозинството-Дека ако за тебе нешто е лудило а за други 1000 не е можеби ти си тој со лудилото а другите се нормални нели? Ама ова го тргнувам на страна чисто го ставив како точка на размислување а не на дебатирање. Можеш ли ти да и кажеш на девојката сиктер? Можеш. Е ама не сакаш, оти сакаш да ја задржиш девојката. И пак идеме до тоа-Е нема и јаре и паре, односно принципот на понуда и побарувачка. За тебе примораност е да ја играш играта. За друг примораност е обратното. Ќе се сложам дека повеќето го одбираат колективното лудило. Ама тоа не значи дека немаат избор.Тоа само значи пак ќе кажам дека нема и јаре и паре. Или на англиски нема have your cake and eat it.

Ништо, треба да бидеме предупредени. Тоа се нарекува диктатура на демократијата . Можеш да кажеш што сакаш, капитализмот има одбрамбен систем кој ги амортизира ударите без насилство. Сепак ми се чини дека во последно време таа одбранбена моќ попушта, луѓето успеваат да видат каде е проблемот, па западните демократии посегнуваат по покласични методи на репресија.
Ако никој не се побуни на тие мерки или не се превземат доволно цврсти чекори тогаш тој систем на репресија треба да владее. Ако настапи контраудар, и не успее, репресирачите се снаодливите и тие треба да владеат. Се додека човекот функционоира по логиката на социјален дарвинизам тие закони и ќе важат за него. Јас тоа го гледам како отсечка на која треба да се позиционираш како општество.

A._________________________.B

Дали ќе одиш во крајните екстреми каде што се А и Б или некаде на средина имаш избор. За сега барем јас мислам, нема бегање од тој модел. Дали можам јас за една ноќ да станам од голтар до милионер како во САД ама и да ме утепаат на сред улица за 5 долари или да бидам релативно побезбеден на улица ама да плаќам даноци и до 40% и да не можам да натрупам така лесно брдо пари како во Шведска е само штелување на механизмот кон А кон Б или кон средина. Меѓутоа нема друг механизам, тој е, имаш 50 денари можеш да јадаш хамбургер или шопска салата или да бидеш гладен а да ги имаш парите. Варијациите се тие. Добро, знам дека не е вака просто како што го објаснувам но поентата ми е сржта да ј доловам а суштина е малтене таа, не сакам во деликатности да се изгубиме.

Репликата од крајот од филмот Кафка од 1991ва година кога Кафка му кажува на шефот-Ама јас мислев дека денес ќе биде поинаку, на што шефот му одговара-А зошто денес би било поинаку? Топла препорака од мене да го изгледаш филмот, ќе сфатиш зошто таа реплика ја употребив
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Фактите зборуваат против тебе. И покрај тоа што наследството ја прави трката релативно нефер, пак квалитетот победува. Ако ја погледнеш листата на најбогати луѓе, ќе видиш дека скоро сите во топ 500 се милијардери кои потекнуваат од средна или дури работничка класа и се пробиле исклучиво поради сопствениот успех. Парис хилтони нема многу.
Топ 500 е извонредно мал статистички примерок, но доволно голем за илузијата Американски сон да продолжи да живее. Ако ја немаше таа илузија, дека преминот од класа во класа е отворен за секого, одамна ќе пукнеше балонот. Ако земеме дека тие 500 се најспособните и најкреативните, што да правиме со сите оние кои не се способни како овие 500, но се далеку поспособни од многумина кои се родиле со сребрена лажичка во устата?
--- надополнето: 6 август 2012 во 22:36 ---
Човекот е финален производ од еволуцијата и нема еволуција на човекот понатаму бидејќи нема селективен притисок...
:confused:
 
Zebulon

Шабан страјкс агејн
Член од
20 јули 2012
Мислења
143
Поени од реакции
156
Топ 500 е извонредно мал статистички примерок, но доволно голем за илузијата Американски сон да продолжи да живее. Ако ја немаше таа илузија, дека преминот од класа во класа е отворен за секого, одамна ќе пукнеше балонот. Ако земеме дека тие 500 се најспособните и најкреативните, што да правиме со сите оние кои не се способни како овие 500, но се далеку поспособни од многумина кои се родиле со сребрена лажичка во устата?
Ич ништо нема потреба да им правиме. Тие кои ти ги спомнуваш со своите способности сигурно ќе се пласираат некаде во рамките на средна и висока средна класа и ќе го имаат скоро истиот живот како Бил Гејтс или Крлос Слим.
 
Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
Што се чудиш нема веќе еволуција на човекот барем не поприроден пат како што ја опишал Дарвин. Никогаш нема да еволуираме во друг вид или подвид. Причина е дека сме премногу добро адаптирани на средината и нема никаква природна селекција и компетиција меѓуединките за размножување и слепо и сакато и шугаво и рогато имаат деца а што е побизарно е оние кој се најспособни има најмалку деца...сите Дарвинови теории паѓаат во вода кај човекот како вид. Читај малку биологија и други науки не е се Платон и малтење на празна слама. Нешто едукација ти е доста ограничена :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Читај малку биологија и други науки не е се Платон и малтење на празна слама. Нешто едукација ти е доста ограничена :)
Остај, мора некој и неписмен да биде. Не може секој да има диплома од економија...

:)
 
Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
Топ 500 е извонредно мал статистички примерок, но доволно голем за илузијата Американски сон да продолжи да живее. Ако ја немаше таа илузија, дека преминот од класа во класа е отворен за секого, одамна ќе пукнеше балонот. Ако земеме дека тие 500 се најспособните и најкреативните, што да правиме со сите оние кои не се способни како овие 500, но се далеку поспособни од многумина кои се родиле со сребрена лажичка во устата?
Од класа во класа многу лесно се преминува например од 10% со најниски примања ако ги подредиш од најниско од највисоко оние 10% најдоле за 20-30 години окулу 90% не се веќе во таа група сите качени погоре. Лесно се паѓа и расте не е оваа монархија и феудализам.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Oва движење е прекрасно и време е да се промени
ова сатанско опшество во кое се што чине се отфрлува а
она што е расипано се промовира.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Oва движење е прекрасно и време е да се промени
ова сатанско опшество во кое се што чине се отфрлува а
она што е расипано се промовира.
:facepalm:

Јас си отидов од темава, во право е човеков, не се дружам повеќе со вас сатанистите...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Остај, мора некој и неписмен да биде. Не може секој да има диплома од економија...

:)
Дечкото од прв момент се обидува да разговара на темава верувам од економски аспект, а ти упорно го вреѓаш. Каков пречек од филозофите на форумов :)
Да не треба да се приложи листа со прочитани филозофски книги за да може да се учествува во дискусија на подфорумов?
Патем пред да продолжиш да го вреѓаш, прочитај го Стефус во мин две теми во економија, доволно ќе ти е да сфатиш колку и какво познавање има во врска со темава.

Инаку движењево е филм за широки народни маси.
 
Член од
3 август 2012
Мислења
62
Поени од реакции
2
:facepalm:

Јас си отидов од темава, во право е човеков, не се дружам повеќе со вас сатанистите...
Зачлени се во некоја хипи комуна (Зејгејтс Движење од 70-тите) и живеј си со другачиња кој ги делат твоите мислење и може заедно да плукате по остатокот од светот колку се глупи и не се „просветлени“. Патетичен елитизам и автодеструкитвен нарцисизам...ништо ново под сонцето и во 21 век.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Дечкото од прв момент се обидува да разговара на темава верувам од економски аспект, а ти упорно го вреѓаш. Каков пречек од филозофите на форумов :)
Да не треба да се приложи листа со прочитани филозофски книги за да може да се учествува во дискусија на подфорумов?
Патем пред да продолжиш да го вреѓаш, прочитај го Стефус во мин две теми во економија, доволно ќе ти е да сфатиш колку и какво познавање има во врска со темава.

Инаку движењево е филм за широки народни маси.
Е ајде сега...
Зачлени се во некоја хипи комуна (Зејгејтс Движење од 70-тите) и живеј си со другачиња кој ги делат твоите мислење и може заедно да плукате по остатокот од светот колку се глупи и не се „просветлени“. Патетичен елитизам и автодеструкитвен нарцисизам...ништо ново под сонцето и во 21 век.
Инаку, дечкото влета арогантно на темата, со некој селски обид за иронија, и сега само се обидувам да го едуцирам. За негово добро. После дискусијата со мене ќе биде подобра личност.

;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom