Еве, бидејќи ме искара Леандра, ќе дискутирам на нивоу.
Тоа дали приватната сопственост е основа на економскиот развој е прашање од не економска односно од психолошка природа. Тоа е генерално недокажлив постулат кој овозможува апологетите на капитализмот да се чувствуваат удобно во својата кожа, па упорно го мантраат.
За разликите помеѓу Венус проектот и Марксизмот пишував погоре, и фино е ако сакаш да учествуваш во дискусијата внимателно да прочиташ што напишале или кажале другите соговорници.
Венус проектот со Комунистичката утопија многу се разликуваат. Маркс тврдеше дека доаѓањето на комунизмот е општествен закон кој ја има извесноста и непогрешливоста на природните закони. Венусџиите само тврдат дека ние во овој момент сме добиле џек пот, односно сме на технолошки стадиум кој можеме да го искористиме за создавање на многу подобро општество.
Маркс заговараше поделба на класи, па револуционерна борба, чуда...
За поборниците на Венус проектот нема никава револуција, нема нужност, нема ништо, има само здрав разум. Едноставно тврдат дека нивниот модел на општество ќе ги направи луѓето посреќни, досека капитализмот каков што го знаеме води кон автодеструкција на човештвото.